Контакт

Економија

Министерство за економија: Ќе обезбедиме одржливо рударство, преку најсовремени техники

Објавено пред

Во пресрет на 28 Август, Денот на рударите, Министерството за економија го честита празникот на сите рудари.

„Рударството претставува базата за развој на индустријата во една држава, а рударите претставуваат наш бесценет човечки ресурс и должни сме да им обезбедиме што подобри услови за работа. Во таа насока, заложба на оваа Влада е да озбезбеди одржливо рударство, преку користење на најдобрите и најсовремени техники во оваа индустриска гранка, а влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето да се сведе на минимум“, се посочува во соопштението.

Во него се истакнува дека овој стопански сектор и придружните сектори кои го опслужуваат бројат над 10.000 вработени, а во вкупното индустриско производство секторот рударство и вадењето на камен учествува со 8,3%.

„Натамошниот развој во овој сектор е единствено можен со континуирани вложувања во модернизација со што ќе се обезбеди заштита на животната средина и ќе го поттикне локалниот економски развој“, посочуваат од Министерството за економија и додаваат дека Владата со несмалено темпо ќе ги продолжи планираните активности во секторот рударство.

Годинава традиционалната прослава по повод Денот на рударите, која ја организира Министерството за економија, нема да се одржи поради епидемијата предизвикана од коронавирусот, но на сите рудари министерството им посакува добро здравје, мир и благосостојба.

Економија

Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за изминатата година

Објавено пред

Град Скопје ги известува граѓани дека во согласност со Законот за даноците на имот, започнува постапката за присилна наплата на неплатените обврски за годишен данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на градот. Ррокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е веќе поминат и изготвени се решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници“, се наведува во соопштението на градските власти.

Доколку обврзниците на постапат по ваквите решенија, ќе биде изготвено решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Трипуновски: Цената за килограм грозје од 4 денари е понижување за лозарите

Објавено пред

Владата не направи ништо за лозарите, цената за килограм грозје од 4 денари е понижување за лозарите, обвини Цветан Трипунoвски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, ситуацијата со откупот на грозјето е алармантна.

„Сезоната на откуп на грозје веќе е во завршна фаза, а повеќе од половина од грозјето сè уште не е откупено. Откуп нема, а на неколку места на коишто се откупува откупната цена е по мизерни 2 – 4 денари. Дали ова е решението кое Заев им го понуди на лозарите пред две недели? Ова е кантарната белешка од која се гледа дека сега грозјето се откупува и по 4 денари за килограм. Тоа се пари со коишто не може да се платат ниту работници, а не нешто да се заработи. Ова е класично потценување на трудот и маката на лозарите“, рече Трипуновски.

Тој вели дека лозарите од Тиквешијата се соочуваат со најлошата откупна година во последните декади и дека цената која им се нуди за килограм грозје не е доволна ниту да ги покрие основните производствени трошоци.

Прикажи повеќе...

Економија

Повеќе од 40 фирми од светот и кај нас заинтересирани за јавно-приватно партнерсто за фотонапонска електрана во Осломеј

Објавено пред

Во врска со проектот ЈПП ФЕ „Осломеј“ беше организирана онлајн презентација пред заинтересирани компании од целиот свет за локацијата за две фотоволтаични електрани во „Осломеј“ кои треба да се градат како јавно-приватно партнерство, во кое АД ЕСМ е јавниот партнер во име на државата.

Онлајн состанокот се водеше од дирекцијата на АД ЕСМ, со претставници на ЕСМ, Владата и на консултантот AF-Consult.

Повеќе од 40 компании од земјата, регионот и од светот учествуваа на состанокот кој се одржа како замена на планираната посета на самата локација која потенцијалните инвеститори немаа можност да ја остварат на терен поради рестрикциите од ковид-пандемијата.На истите им беа обезбедени снимки од локациите направени со дрон, презентација од стручни лица, како и можност за поставување прашања во врска со тендерската процедура.

Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди до 28 октомври, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Изградбата на електраните се очекува да почне во 2021 година.

Двете фотоволтаични електрани ќе бидат со инсталирана моќност од 80-100МW, ќе бидат лоцирани врз стариот исцрпен рудник за јаглен во термоелектраната „Осломеј“, Кичево, и според договорот, приватниот партнер ќе треба да преземе 100 вработени од термоелектраната „Осломеј“.

„За ЈПП ФЕ ‘Осломеј’ заинтересирани се голем број реномирани компании, од кои дел веќе учествувале во вакви проекти во регионот и од тие причини очекуваме успешен избор на економски оператор за овој значаен проект во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија. Сакаме да потенцираме дека АД ЕСМ ги вложува сите напори да ја продолжи реализацијата на инвестициските проекти и покрај потешкотиите на кои се наидува во услови на ограничувања наметнати од ковид-кризата, и при тоа ги користи сите алатки и алтернативни мерки кои стојат на располагање и кои овозможуваат безбедност на сите вклучени во процесот“, велат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа2 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет2 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија2 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија3 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија16 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија17 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија17 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет18 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија22 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Досие