Контакт

Економија

Министерство за земјоделство: Ниските температури засега не предизвикаа штети врз земјоделските култури

Објавено пред

Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури. Моменталните ниски температури не се невообичаени за овој период и многу често ги имало и во годините наназад, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека овошките во овој период од зимата издржуваат до минус 28 степени, додека виновата лоза до минус 18 или минус 20 степени, а такви температури не се забележани досега во регионите каде што овие култури се најзастапени“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од таму додаваат дека доколку се случи понатамошен пад на температурите, евентуалните измрзнати ластари во наредниот период би се корегирале со самото кроење и посочуваат оти опасноста кај овошките е уште помала заради, како што се вели, поголемата издржливост.

„Во наредниот период се очекуваат ниски минимални температури во границите до минус 20 степени, што сепак не се невообичаени, а тука треба да се има и во предвид податокот дека во изминатите неколку дена имавме вакви или слични температури, што дополнително ги подготвија овошките и виновата лоза за пониски минимални температури. Во однос на житните култури, снежната покривка изврши целосна заштита врз нив и нема да предизвика штети, бидејќи нивната издржливост во вакви зимски услови е поголема. Временските услови се вообичаени, исто така и температурите, така што засега не треба да има загриженост за штети врз земјоделските култури“, истакнуваат од Министерството за земјоделство.

Посочуваат дека ќе ја следат состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури и доколку се случат евентуални штети навреме ќе реагираат со соодветни мерки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Манчевски го отвори „Робомак 2019“: Со вложување во младите ќе има со што да се претставиме пред светот

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се обрати на отворањето на Неделата на роботика – „Робомак 2019“.

Во рамките на Неделата на роботиката ќе се реализираат низа активности наменети за најмладите – учениците во основните училишта, за средношколците и за студентите од сите факултети во државата и од странство. Истата ќе заврши со финалниот натпревар на Робомак, кој ќе се одржи на 23 март во Домот на АРМ со почеток во 18 часот.

Како што истакна Манчевски, ваквиот вид  настани и натпревари се одлична можност и корисно искуство, како дополнителен мотив за уште повеќе млади луѓе да ја засакаат оваа наука и постојано да се вложуваат.

„Северна Македонија е мала земја, но младите луѓе се нашиот ресурс, нашата иднина. Само со вложување во вас, со давање можности да се надградувате себеси, со обезбедување услови да се развивате и стекнувате нови вештини, ние како држава можеме да бидеме конкурентни и да имаме со што да се претставиме пред светот“, рече министерот.

Настанот е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, по повод 10 години од организирање на познатата манифестација „Робомак“ и 60 години од постоење на ФЕИТ.

Со оваа активност  Факултетот има намера да ја подигне свеста за роботиката во земјава и да ги заинтересира најмладите да се вклучат во проучување на оваа област, да ги мотивира средношколците да се запишат на техничките факултети и да покаже дека освен теорија, на факултетите се работат и практични активности.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Нисан“ го произведува најпродаваниот електричен автомобил во светот

Објавено пред

Јапонската компанија „Нисан“ објави дека нејзиниот модел „leaf“ станал првиот електричен автомобил во историјата продаден во 400 илјади примероци.

Овој модел на пазарот се појави пред осум години, поточно во декември 2010 година, а денес е најдобро продаваниот електричен модел во светот, објави порталот Engadget, а пренесе „Танјуг“.

До декември 2015 година продажбата на овој модел ја надмина бројката од 200 илјади возила, што значи дека „Нисан“ продал дополнителни 200 илјади во наредните три години.

Јапонската компанија производството го врши на три континенти – во Јапонија, Велика Британија и САД, а моделот на „leaf# е достапен на повеќе од 50 пазари ширум светот.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018, постигната просечна откупна цена од 214 денари за килограм

Објавено пред

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, откупени се над 25,2 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм. Од страна на откупните компании кон тутунопроизводителите се исплатени над 5,3 милјарди денари или 98,24 отсто од откупениот тутун. Од ДИЗ посочуваат дека откупот на тутун заврши во рамки на законскиот рок, односно заклучно со 15 март 2019 година, и се одвиваше непречено.

Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство низ државата во тек е вадењето евидентни листови, како лиценци за годинашното тутунопроизводство. Од Платежната агенција веќе информираа дека штом завршат сите административни процедури околу контролите, ќе следи и исплатата на субвенциите за производителите на тутун.

Во реколтата 2018 се засеаја 14.802 хектари со тутун, а склучија 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун. Споредено со реколтата 2017, за производство на тутун 2018 се издадоа 57 евидентни листови повеќе од 2017 и се склучија над 4.700 повеќе договори. Зголемување има и на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017, која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови т.н „бели картони“. Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе почне да се применува од 2020 година.

Од Министерството велат дека новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб-страница на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис-заедницата од работењето на тутунското стопанство. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандард.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет2 часа

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет3 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија3 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ4 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201920 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет20 часа

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток1 ден

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие