Контакт

Економија

Министерство за финансии: Нема нови долгови по основa на државни хартии од вредност

Објавено пред

Министерството за финансии соопшти дека нема направено нови долгови по основа на државни хартии од вредност како што беше посочено денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека државните хартии од вредност издадени со последните две аукции се стриктно за покривање стари долгови.

„На 07.06 по основа на стари долгови од издадени државни хартии од вредност доспеваа за враќање 499.990.000 денари. На 06.06 беше одржана аукција на државни хартии од вредност на која беа издадени хартии од вредност во ист износ колку што беше потребен за да се покријат старите долгови. Добро е да се спомене дека побарувачката на таа аукција беше четири пати поголема од запишаниот износ, или 2,1 милијарди денари“, соопшти Министерството.

Од таму велат дека утре, 21 јуни, доспеваат за враќање 343.540.000 денари стари долгови – по основа на веќе издадени државни хартии од вредност. На денешната аукција, пак, велат од Министерството, беше запишан речиси ист износ – 345 милиони денари, иако побарувачката беше над 507 милиони денари.

„Ќе посочиме дека Министерството за финансии нема направено нови долгови по основа на државни хартии од вредност како што беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, и покрај огромниот интерес за државните записи од страна на инвеститорите. Аукциите се јавни, а Министерството за финансии е транспарентно и отчетно и секој кој сака може да ги провери овие суми“, пишува во соопштението.

Свет

Уганда го зголеми бројот на вакцини против ебола

Објавено пред

Уганда почна вакцинација за превенирање ебола со која се таргетираат околу 2000 здравствени работници во пет дистрикти од Демократската Република Конго.

Министерството за здравство на Уганда проценува дека секоја недела околу 20 000 влегуваат и излегуваат од Уганда и Конго, кои се борат со најлошите случаи на епидемија на ебола.

„Ги прегледуваме сите кои влегуваат од Конго во Уганда, ги едуцираме за ебола и како се шири, ги деконтаминираме и им даваме совети како да останат безбедни“, вели Мутегеки Џон, тим-лидерот на Црвениот крст од Уганда.

Засега во Уганда нема потврдено случај на заразени лица со вирусот ебола. Сепак, властите презедоа мерки за зголемена контрола на вирусот од кој 198 лица починаа во Конго.

Прикажи повеќе...

Економија

Вишок нафта на глобалниот пазар се очекува во текот на следната година

Објавено пред

Глобалната понуда на нафта ќе ја надмине побарувачката во текот на 2019 година бидејќи постојаниот скок во производството го неутрализира зголемувањето на потрошувачката што е во опасност поради забавувањето на глобалната економија, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Во најновиот месечен извештај Агенцијата со седиште во Париз ги задржа проекциите за раст на глобалната побарувачка на нафта за 2018 и 2019 година на непроменето ниво во споредба со минатиот месец, односно на 1,3 милион барели дневно и 1,4 милион барели дневно, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Економија

ССК: Со менторство до побрз развој на човечките ресурси во компаниите

Објавено пред

Законско регулирање на менторството на работното место, потреба од изготвување стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска, како и потреба од дополнителна стандардизирана обука за менторите и менторираните, се детектираните клучни предизвици за успешна реализација и примена на менторството во нашата земја, кое е од голема важност за професионалниот развој на човечките ресурси во компаниите, беше истакнато на прес-конференција во Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК). За таа цел извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков, и претседателот на Македонската мрежа на менторите, Славица Николовска, потпишаа меморандум за соработка.

Зарков истакна дека главната улога на менторството е преку развивање менторска програма да се пренесат знаења, експертиза и искуство, а со нејзино реализирање да се овозможи професионален развој на менторираниот.

„Во развиените земји, особено во САД, менторството претставува дел од корпоративната култура. Во нашата земја менторството се спроведува во администрацијата и академијата, додека компаниите се соочуваат со предизвици за негова имплементација, пред сè, поради нерегулираниот однос кон менторот во одредена компанија. Во досегашните обиди за имплементација на менторството во стопанството, компаниите се соочуваат со недостиг од правна заштита и утврдување законска рамка на поимот ментор и неговата улога во компанијата. Компаниите сметаат дека терминот ментор треба да се регулира законски бидејќи при инспекциски надзор се доведуваат во ситуација за утврдување неправилности, токму поради нерегулираниот статус на менторот“, изјави Зарков и додаде дека ова е од исклучителна важност заради придонесот за развој на човечките ресурси во компаниите, особено во денешни услови на одлив на квалитетен човечки капитал.

Николовска истакна дека веќе седум години Македонска мрежа на менторите се залага за подобрување на економското опкружување преку поддршка на претприемачите и малите и средните претпријатија преку менторство, едукација и настани за вмрежување.

„Голем број сопственици на компании или менаџери на институции при реализација на својата менторска улога имаат можност менторираниот да го поканат во својата компанија, како би можел тој одблизу да ја види работата на менаџерот/сопственикот. Многу често ваквиот тип едукација доведува и до понуда за вработување. Но, во сегашниот закон за работни односи како форми на советување и учење се издвоени практиканството, стажирањето и волонтирањето. Овој тип неформална едукација во компанија не е препознаена и како таква би можела да креира проблем доколку менторираниот е затекнат во компанијата од страна на трудовата инспекција, при што и компанијата и менторираниот би подлежеле на парична казна“, истакна Николовска и додаде дека досега оваа менторска релација е уредена само со т.н. џентлменски договор потпишан од двете страни, во кој се истакнати само основите на менторската врска, но и вака уреденото менторство не го мотвира менторот/компанијата да го преземе ризикот.

На настанот јасно беше истакната потребата од креирање дијалог со бизнис-секторот заради систематизирање на менторскиот пристап и  изготвување стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија3 минути

Савески: Притвор мора да има и за Мијалков, власта да покаже дека тој не е оставен на слобода поради уставните измени

Притвор мора да има и за Мијалков, а одговорните да поднесат одговорност за бегството на Груевски, беше пораката што членот...

Македонија1 час

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија3 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија3 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија4 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија5 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија6 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија6 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија7 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија7 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија8 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет8 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија9 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија9 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија10 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија21 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија23 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија24 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија1 ден

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Досие