Контакт

Економија

Министри, пратеници, судии, директори ќе добиваат минимална плата два месеци

Објавено пред

Владата ja донесе Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат на избраните и именуваните лица во јавниот сектор, и тоа на пратениците во Собранието, претседателот, функционерите кои ги именува претседателот, претседателот на Собранието, функционерите и лицата кои ги избира или именува Собранието, претседателот на Владата и избраните и именуваните лица од Владата, градоначалниците и лицата кои остваруваат право на плата по престанувањето на функцијата, согласно Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, именувани лица од Владата кои остваруваат право на плата согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Со одредбите од оваа Уредба се опфатени и претседателите и членовите, односно лицата кои раководат со регулаторно тело, лицата кои раководат со институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, правни лица на кои им е доверено вршење на јавно овластување, јавни установи, јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата.

Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на назначените државни секретари, генерални секретари, секретарот на Градот Скопје и секретарите на општините, кои остваруваат право на плата согласно Законот за административни службеници.

Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на избраните судии кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на судиите и на избраните јавни обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители.

Согласно оваа Уредба на избраните, именуваните и назначените лица утврдени во Член 2, за месеците април и мај 2020 година им се исплатува плата во висина на минимална плата утврдена за месец декември 2019 година, во износ од 14.500 денари.

Заштедата по основ на оваа Уредба со која се опфатени 1.165 функционери и 895 директори на втора линија буџетски корисници и на институции кои се финансираат преку блок дотации изнесува околу 240 милиони денари за 2 месеци.

Целта на донесената Уредба за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор на минимална плата во износ од 14.500 денари е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид -19.

Економија

„Викенд без ДДВ“ е наш проект, тврдат од ЛДП

Објавено пред

Проектот „Викенд без ДДВ“ е предложен уште во 2012 година од ЛДП, тврдат од партијата преку соопштение.

„Во недостаток на креативност, јавноста беше сведок на изјавата на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој во гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“ долгогодишниот предлог на ЛДП се обиде да си го препише како нивен производ и да повика на протест во врска со едно од трите нивни клучни барања, меѓу кои е и иницијатива на предлог – закон за „Викенд без ДДВ“.

Јавноста не заборава дека предлогот за „Викенд без ДДВ“ беше доставен од страна на ЛДП пред 8 години кога владата беше предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ. Истиот предлог ЛДП повторно го презентираше и во септември 2016 година преку потпретседателот на партијата Зоран Шапуриќ. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше слух за предлогот на ЛДП и истиот целосно го отфрли. Со години ВМРО-ДПМНЕ имаа вистинска и единствена можност да го прифатат предлогот на ЛДП и да ја покажат на дело вистинската грижа за стандардот на граѓаните и растот на приходите во одредени продажни сектори со дополнителни приливи кои директно ќе се слеат во македонското стопанство. Неколку години подоцна, кога ЛДП како дел од Владата го спроведува на дело предлогот, крајно е невкусен вчерашниот чин на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски, кој пред македонската јавност се обиде да го претстави предлогот на ЛДП како грижлив изум на неговата партија.

„Викенд без ДДВ“ функционира како пракса многу години наназад во Соединетите Американски Држави и во некои земји во Европа. Викенд понудата без ДДВ нуди поволности за потрошувачите, кои добиваат можност да не го оптовараат семејниот буџет, а воедно полза имаат и трговците, кои имаат можност да ја зголемат својата добивка. Во наредните недели, благодарние на учеството на ЛДП во Владата и на добрите економски политики кои ги водат коалиционите партнери на власт, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од овој проект.

ЛДП како дел од успешната соработка во владината коалиција ќе продолжи да работи на проектите кои значат поддршка на претприемништвото, стимулирање на креативните сектори преку одржување на рамниот данок, децентрализација на власта и поголема и финансиска одговорност на општините и натамошен развој на приватниот сектор како основа за развојот на државата“, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најавениот нов пакет мерки е параван за крадење

Објавено пред

Најавата за нов пакет мерки на мафијата на Заев е параван за ново крадење, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение откако СДСМ најави нов пакет мерки за погодените граѓани со коронавирусот.

„Откако СДСМ го зголеми долгот за 1 милијарда евра и наместо тие пари да одат за поддршка на бизнисот направи брутален поткуп и талибански избори сега срамно најавува нов пакет на мерки. Впрочем неспособната влада на Заев излажа за мерките и од претходниот пакет каде вети и не исполни викенд без ДДВ, вети и не исполни 150 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија, вети и не исполни бескаматни кредити со 30 проценти грант, вети и не исполни државна гаранција за кредити итн.

Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат. Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат. Новите мерки кои ги најавува Заев откако не ги реализираше ниту претходните се ништо друго освен параван за крадење додека јавноста ќе ја лажат дека помагаат.

Едноставно прашање, ја задолжија државата за една милијарда евра, но кому помогнаа? Нека набројат една сфера каде има задоволство и позитивни резултати од преземените мерки“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Објавено пред

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку соопштение.

„Владата предводена од СДСМ, по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, реагираше веднаш со три сета, навремени и сеопфатни антикризни мерки, кои на стопанството и на граѓаните им обезбедуваат поддршка при справување со кризата.

При креирањето на трите пакети мерки, за чија реализација се резервирани околу 550 милиони евра или 5,5% од БДП, владата се водеше по начелото на социјална правда и солидарност, а така ќе продолжи и четвртиот сет на мерки за уште поголема поддршка на граѓаните и компаниите.

Како дел од третиот пакет мерки 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вкупна вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција од повикот за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од КОВИД-19.

Со оваа мерка се обезбедува финансисика подршка за технолошки развој на претпријатијата и приватните здравствени установи за надминување на последиците од КОВИД–19 , со цел претпријатијата, да воведат нови методи и технологии во своето работење, како и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, за да можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, генерирање на приходи преку нови канали на продажба, воведување на нови производи или услуги.

Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници.

Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, која беше наменета за сите дејности. Преку оваа кредитна линија, вкупно се одобрени 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат 11.325 лица.

Компаниите од овие сектори, но и сите други кои бележеа загуби ја искористија поддршката за исплата на минималната плата од 14.500 денари по вработен, при што просечно во трите најкритични месеци, април/мај/јуни беа поддржани околу 20.000 компании со околу 120.000 вработени.

Како дел од третиот сет на мерки беа и платежните картички за невработени лица, лица со ниски приходи и учениците и студентите, како и ваучерите за туризам, кои директно влијаеа на зголемување на приватната потрошувачка и помош и заживување на најпогодените сектори – угостителството и туризмот.

Вкупно беа подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра. Дополнително, 117.000 граѓани добија ваучери за туризам во вкупна вредност од околу 12 милиони евра со цел да се поддржи домашниот туризам.

Мерките од третиот пакет сеуште се спроведуваат и нивната цел е да се зачуваат работните места на граѓаните, да обезбедат дополнителен развој, да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на раст и проширување на нивните капацитети.

Граѓаните и стопанството се и остануваат во фокусот на поддршката на Владата предводена од СДСМ“, наведе владејачката партија во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Утре ќе се знае дали ќе има дневен престој во училиштата, не е исклучена можноста за затворање на градинките

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Регион1 час

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Топ2 часа

Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Жена на возраст од 59-години починала на лице место откако врз неа паднало едно од дрвата кои ги сечел нејзиниот...

Македонија3 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија4 часа

Во моментов активни се 2.076 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активно заразени со коронавирус во земјата, во моментов изнесува 2.076 лица. Деновиве зголемен е бројот на заразени од...

Македонија4 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија4 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура5 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија5 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет16 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет16 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура18 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет18 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ18 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион20 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија21 час

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион21 час

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт21 час

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија22 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ22 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Досие