Контакт

Економија

Миноски: Македонската економија се покажа поотпорна на политичката криза

Објавено пред

 

Најсложената политичка криза од осамостојувањето на Македонија наваму имаше влијанеи, но економијата сепак испорача резултати, при што економскиот раст најверојатно ќе ги надмине владините проекции, а невработеноста е сведена на историски најниско ниво, рече во интервју за една телевизија министерот за финансии Кирил Миноски.

Странските инвеститори продолжија да доаѓаат и во 2016 година, дури има и раст на странските директни инвестиции во споредба со 2015 година.

„Имаме компании кои минатата година најавија и отворија погони, а други имаат отпочнато со градежни активности. Сите тие ќе продуцираат нови работни места, истакнува Миноски и додава дека годинава се очекува вработеноста да се зголеми за 3 проценти според најконзервативните проекции“, вели Миноски.

Тој оцени дека буџетот е во одлична кондиција, па минатата година е завршена со одлична наплата на даноците од 99 проценти, но и со понизок буџетски дефицит за околу 1 процентен поен од планираниот. И во 2017 година сервисирањето на обврските на буџетот, како исплататата на плати и пензии, но и други расходи, ќе се одвива редовно и непречено.

„Согласно податоците за 2016 година, и покрај низа сценарија и шпекулации дека дел од приходите се напумпани, се покажа дека не е така. Даночните приходи покажуваат степен на наплата од 99 проценти што е навистина одлична бројка“, додаде Миноски.

Сепак, како што потеницца, секоја политичка криза влијае негативно врз економијата.

„Негативните трендови кои ги имаме кај некои извештаи од различни релевантни кредитни бироа и кредит рејтинг агенции, како главен негативен фактор ја земаа политичката криза. Политичката криза влијае пред се на потрошувачката, меѓутоа влијае и на амбиентот за инвестиции и од тој аспект има негативен импакт врз економскиот развој. Затоа неколку пати напоменувам дека час поскоро е неопходно да се најде соодветна завршница на политичката криза и да се фокусира на она што претставува главен приоритет на оваа држава, а тоа е економскиот развој, креирање на работни места и креирање на повисок животен стандард на граѓаните“, вели МИноски во интервјуто./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Домашните фирми дел од програмата за поголема вклученост во глобалните синџири

Објавено пред

Дирекцијата за ТИРЗ и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е дел од групацијата на Светска Банка потпишаа договор за соработка и партнерство во чии рамки ќе се работи на програма за подготовка на домашните компании за поголема вклученост во глобалните вредносни синџири.

„Наша цел како држава и како ТИРЗ е на домашните компании да им обезбедиме можности да земат поголем дел од колачот во зоните каде годишно се создава извоз близу 4 милијарди евра, или 50% од вкупниот извоз во земјава. Заедно со нашите меѓународни партнери од ИФЦ работиме на практични механизми со кои ќе им помогнеме да го подигнат нивото на технолошка подготвеност, да имаат зголемена продуктивност и да добијат меѓународно признаени сертификати со што ќе влезат во синџирите за набавка, особено кај компаниите во зоните. Ова значи долгорочно и стратешко вложување во повисоки плати за сите наши сограѓани, нови вработувања и дејности, како и засилен рамномерен економски развој,“ изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Тој најави дека во рамки на овој договор ќе развива и мерка со која покрај советодавна, домашните компании ќе добијат и финансиска поддршка за технолошки напредок.

„Сакаме успешниот модел кој го развивме во ФИТР, за поддршка за технолошки развој, да го унапредиме и во ТИРЗ. Заедно со реномираниот меѓународен партнер, ИФЦ креираме програма со која домашните компании ќе станат конкурентни и на глобално ниво. Овој модел потоа би го пресликале и на регионално ниво, бидејќи верувам дека компаниите од земјите во регионот се соочуваат со слични предизвици како нашите кога им пристапуваат на странските инвеститори за соработка,“ рече Деспотовски.

„Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) има за цел да и помогне на Северна Македонија да привлече нови приватни инвестиции кои ќе придонесат кон опоравување од кризата предизвикана од Ковид-19“, рече Ари Нам, регионален менаџер на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа. „Денес потпишавме договор со Дирекцијата за технолошко развојни зони за да им помогнеме на локалните производствени фирми да се поврзат и да влезат во регионални синџири на вредности како снабдувачи, кое ќе придонесе кон создавање нови работни места и зголемување на конкурентноста на земјата“.

Преку овој нов модел на соработка, ТИРЗ се вклучува во советодавната програма на ИФЦ преку која во Северна Македонија, Србија и Косово треба да се овозможи финансирање од 45 милиони американски долари за производствените фирми. Во рамките на овој проект ИФЦ креираше и дигитална платформакоја од јуни ја започна пилот фазата со 100 компании од регионот. Целта е да се зголеми поврзаноста помеѓу фирмите од Западниот Балкан и регионалните и глобалните синџири на вредност како и да се подобрат производствените капацитети на компаниите што ќе придонесе економското закрепнување на регионот од пандемијата Ковид-19.

Проектот во чии рамки се остварува соработката на Дирекцијата за ТИРЗ со ИФЦ е финансиски поддржан со билатерални фондови од Владата на Швајцарија и е предвидено да трае до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев: Со регионално поврзување и ЕУ интеграции до поголеми инвестиции, стандард и економски раст

Објавено пред

Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добро-соседски односи, неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во своето обраќање на отворањето на Првиот Економски Форум во Скопје.

„ Пораката која на националните и регионалните медиуми се пренесуваше од Делфи Самитот во Атина кој се одржа пред еден месец, ја упатувам и тука од Скопје: „Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во Европската Унија“. Денес, ќе додадам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднината, а минатото е поука дека поделби и раздори меѓу народите на Балканот не водат никаде.

Тој ги повика инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија, нагласувајќи дека Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори.

„ Дури и во време на пандемија, компаниите во зоните одржуваат стабилен број на вработени, над 14.000 вработени со тренд на зголемување. Во моментов повеќе од 30 компании, сегашни и потенцијални инвеститори, официјално ги изразија своите намери за инвестиции и во тек се преговори, со вкупен обем на инвестиции од над 425 милиони евра и нов план за нови 8.500 работни места. Во следните недели се очекува затворање на најголемиот договор за странски директни инвестиции досега во Северна Македонија, со инвестиција поголема од 100 милиони евра“ рече Заев.

Тој посочи дека следи – прво, унапредување на регионалната трговска размена на стоки и услуги, како и движењето на луѓе, капитал и знаење, што претпоставува отстранување на сите постоечки бариери. Второ, неопходно е надградување и на процесот на дигитализација во државата, преку обезбедување на дигитални вештини, дигитална инфраструктура и дигитална безбедност. И потоа следи подобрување и на конкурентната способност на македонската економија, преку структурни промени низ „паметна специјализација“, подобрени вештини преку подобро образование, истражување и иновации и вклучување во постојните, како и креирање на нови индустриски вредносни вериги.

„ Дополнително, многу важен дел од идната визија за економскиот развој на Северна Македонија е и „зелената агенда“ и трансформација. Зелената агенда е јасен сигнал и чекор напред за поблиска интеграција во политиките на ЕУ во врска со климата и животната средина“ додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Економија

Намалувањето на ДДВ за струја усвоено од Владата

Објавено пред

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, објави на социјалните мрежи министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година“, наведе Бесими.

Според министерот, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа51 минута

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија2 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија2 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет4 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет4 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија17 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија18 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија19 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија21 час

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Досие