Контакт

Економија

МИОА: Нема ништо спорно во јавната набавка за Дигиталниот самит

Објавено пред

Во однос на обвинувањата за постапката за јавна набавка за техничка реализација на Дигиталниот самит, Министерството за информатичко општество и администрација ја информира јавноста дека во спроведената постапка нема ништо спротивно на Законот за јавни набавки.

„Конечната одлука за форматот на Дигиталниот самитот кој претставува обврска од повеќегодишниот акциски план за регионална економска соработка на земјите од Западен Балкан, се донесе на 2 март на состанок на Управниот одбор за организација на Самитот, кој се одржа во Берлин, Германија.  Одлуките поврзани со форматот на самитот и потребниот буџет произлегоа од заклучоците на овој состанок. За ова МИОА ја информираше и Владата на Република Македонија, за што достави информација којашто беше усвоена на 58. седница на Владата“, соопшти Министерството.

Оттаму појаснуваат дека во вкупната сума предвидена за техничката реализација на Самитот вклучени се 50.000 евра од Советот за регионална соработка со седиште во Сараево (РЦЦ), 5.000 евра од Друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), а остатокот од 190.000 евра се дел од буџетот на МИОА за 2018 година.  Согласно со ова, велат, за спроведување на јавната набавка, потребно беше претходно да се потпише договор со РЦЦ (14.03.2018 ) и ГИЗ (30.03.2018). Дополнително, беше потребно да се склучи меморандум за соработка и договор со Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се организираат дел од настаните.

„Согласно со Законот за јавни набавки, овие постапки во најкратки рокови траат 34 дена. Поради тоа не може да се примени рокот за спроведување отворена постапка за јавна набавка, ниту, пак, за ограничена постапка. За жал, работевме во екстремно кратки рокови кои не зависеа од нас. Ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на еден од најголемите регионални настани за оваа година“, соопшти МИОА.

Министерството додаде дека заклучоците и дефинираните активности кои ќе произлезат од Дигиталниот самит се од особено значење за економскиот развој на Македонија и остварување на заедничката цел, а тоа е влез во ЕУ.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Платите за вработените во рудникот „Саса“ зголемени за пет отсто

Објавено пред

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк „Саса“ донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1 јануари оваа година.

Од компанијата велат дека со ова зголемување платите во рудникот „Саса“ ќе бидат и до 30 отсто повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот „Саса“ почна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.

„Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во ‘Саса’. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме“, изјави генералниот директор на рудникот „Саса“, Олег Телној.

Од компанијата истакнаа дека покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот „Саса“ во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс, наведуваат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на средба со четириесет бизнисмени од Стопанската комора на Тирана

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вчера имаше работна средба со 40 претставници на повеќе компании, кои се заинтересирани да инвестираат во различните области во кои работат и се дел од Стопанската и индустриска комора на Тирана, соопшти владината прес-служба.

„Сакам да ја искористам можноста да ве охрабрам да ја зголемите трговијата, меѓусебното инвестирање, вие овде во Северна Македонија, ние во Албанија, и да соработуваме. Сме многу блиски земји, блиски народи, имаме исти проблеми, исти надежи кон иднината, заедно чекориме кон ЕУ и како земји со исти евро-атлански стремежи, имаме голема можност за унапредување на меѓусебната економска и трговска соработка. Позитивните примери коишто ги имате во Албанија да ги пренесеме тука за да ги охрабриме нашите граѓани за придобивките од НАТО“, рече премиерот Заев.

Како приоритет на Владата во однос на регионалниот бизнис-развој, Заев го истакна унапредувањето на инфраструктурните врски помеѓу двете земји, преку железница и други сериозни инвестициски проекти во патната инфраструктура.

„Работиме на подготовката на барање инвестиции и можности за железнички да се поврзуваме, буквално од пристаништето во Драч кон нашиот граничен премин преку железничка пруга од Кичево, којашто сакаме да ја градиме, да доаѓа до Скопје, кон Софија и кон Црното Море во Бугарија и Истанбул, со што комплетно би го отвориле коридорот 8. Работиме на сериозни проекти коишто се инвестиции во патната инфраструктура и ќе помогнат многу во збогатување на инфраструктурната поврзаност со патишта меѓу двете држави. Имаме надеж дека некаде кон крајот на март или почетокот на април ќе го отвориме и првиот One Stop Shop помеѓу Албанија и Република Северна Македонија, каде што ќе го преполовиме времето на чекање на камионите, на стоките, па и на патниците. Тоа ќе значи дека во една канцеларија со една иста царина ќе можат да се завршат сите документации  што се важни за самиот проток на стоки, што се случува помеѓу нашите две земји“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака, во своето обраќање се заблагодари на премиерот Заев за можноста да ги споделат позитивните примери од Албанија и за досегашната работа на Владата, која со договорот од Преспа обезбеди стабилност во државата, но и за спроведување на Законот за јазиците, со што се зголемува потенцијалот за соработка меѓу двете држави и ја истакна потребата за заедничко делување во зголемување на производството, утврдување на комплементарните сектори, како планинскиот туризам во Северна Македонија и морскиот туризам во Албанија, елиминирање на сите бариери и создавање клима на соработка и меѓусебна доверба.

„Се соочуваме со стареење на народот, имаме феномен на отселување на младите лица од нашите земји и тоа оди на штета на нашата земја, на економијата и на човечкиот капитал. Економијата е генератор на развојот на државата, затоа треба да го зголемиме нашето производство, да ги видиме кои се комплементарните сектори и да изготвиме стратешки план за претприемништво и стабилна економија за сите земји од Балканскиот Регион, преку уште една развојна платформа за трите земји, Албанија, Косово и Северна Македонија. Постојат многу работи кои нè поврзуваат за да имаме комплементарна економија со која ќе ги отстраниме дефицитите и многубројните пречки во Балканскиот Регион и надвор од него“, рече претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака.

Од средбата со тема „Заеднички регионален бизнис-развој меѓу Северна Македонија и Албанија“, освен зголемувањето на регионалната бизнис-соработка помеѓу двете држави, заедничкиот настап на странски пазари и меѓусебната поддршка на стопанството, произлегоа и многу конкретни иницијативи, како развојот на езерскиот туризам во Охрид преку слободниот проток по Охридското Езеро; во областа на енергетскиот сектор и обновливите извори на енергија, намалување на премијата за електрична енергија преку отворање на фотоволтаични центри и можност за инвестирање во Република Северна Македонија до 200 мегавати фотоволтаична соларна енергија. Во областа на комуникациите, вклучување договори со Европската енергетска заедница за намалување на роамингот од 30% со обврска до 2021 година да стигне до 0 роаминг помеѓу земјите во Западен Балкан, како и создавање инфраструктура за трет мобилен оператор со дополнителен квалитет на услугите за граѓаните.

На средбата учествуваа и претставници на Стопанските комори, амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, дипломати, советници од Владата и економско-политичкиот консултант, Фатос Мустафа.

Прикажи повеќе...

Економија

TOYO TIRES со одлична понуда на пневматици од лагер во февруари

Објавено пред

Доколку ви се потреби пневматици создадени од висок квалитет, со ново соединение на нагазната површина што е изработено исклучиво од силикон, подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, Proxes CF2 е вистински избор за возачи кои бараат високи перформанси и безбедна гума за средни и високомоќни возила.

Моделот Nano Energy 3 е одличен избор за возачи на компактни возила и возила од средната класа кои бараат ефикасност при потрошувачка на гориво и заштеда на гумите. Истовремено е гума чие производство е пријателски наклонето кон околината и перформанси кои одржуваат високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри.

Од понудата на зимски гуми, Snowprox S953 и S954 нудат доверливо сопирање и држење за подлогата на влажни и покриени со снег патишта, секогаш овозможувајќи ви безбедно и комфорно чувство на возење.

Еуроимпекс во својата Outlet sale понуда вклучува и летни и зимски гуми со бесплатна монтажа и балансирање од следниве димензии:

Ве повикуваме на брза реакција, бидејќи количините се ограничени.

Toyo Tires пневматиците се достапни во двете импортерски локации на компанијата „Еуроимпекс“:
Локација 1: Бул Трета македонска бригада број 72, 1000 Скопје
Локација 2: Ул Скупи 3а, 1000 Скопје

За повеќе информации https://www.toyo.mk/

(Платена ПР објава)

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток12 минути

Игор Југ: За да ги спасат своите задници и банкарски сметки наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити кои беа директни и индиректни творци на 27 април, се дрзнаа да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија16 минути

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија19 минути

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија2 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија3 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија3 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија4 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија4 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток5 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток5 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ5 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет6 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија6 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет7 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет7 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет9 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет10 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ19 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија20 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија21 час

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Досие