Економија
Мисајловски: Не поскапуваат само бензините, туку и основните трошоци за живот

Не поскапуваат само бензините во Македонија, туку поскапуваат основните трошоци за живот. Додека власта сака да покаже дека сè е розово, реалноста е дека граѓаните имаат сè помалку пари да ги набават основните продукти чии цени растат од ден на ден, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.
„Не се само бензините што поскапуваат во Македонија, поскапуваат основните продукти, поскапува маслото за јадење, поскапуваат сите намирници за нормален живот. Дали треба да има одговорност во оваа влада, апсолутно дека треба да има одговорност. Тие фиктивно ја покачуваат просечната плата, а цените во кој било маркет постојано растат“, вели Мисајловски.
Тој потенцира дека ниту 100 прес-конференции на СДСМ нема да го покријат фактот дека граѓаните живеат полошо и додаде дека поради тоа време е целата влада да си даде оставка.
„Дали имаме подобар живот е прашањето за жал, дали граѓаните се посреќни, дали имаат повеќе средства? Не. Тоа е само една фикција, со 100 преса СДСМ и власта ќе прикажат дека има живот во Македонија, но, за жал, не е така. Тие се апсолутно неспособни на секое поле и треба да има оставки. Не само на поединци туку на цела влада“, нагласи Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Заев: Со засилено темпо ги зголемуваме инвестициите во обновливи извори

Фотонапонската електроцентрала во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостигот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките, изјави премиерот Зоран Заев на промоција на официјалниот почеток на оваа фотонапонската централа. Истовремено Заев најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.
„Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година“, рече Заев.
Тој стакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важни енергетските проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите, односно граѓаните и индустријата.
„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Северна Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи коишто се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја“, истакна Бектеши.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што постои отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, испраќа вистинска порака за тоа како треба да се грижиме за планетата земја.
Економија
(Видео) Костадинов: Економските мерки даваат резултат

Економските мерки и политики што ги спроведува владата обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст, смета портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
Тој потсети дека во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од корона-кризата со што како што наведе продолжува грижата и помошта за работниците и стопанството.
Со овој пакет мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани, смета Костадинов.
Тој дообјасни дека се предвидени 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители.
Со ова како што рече на сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени.
„Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година. Според истите критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1.200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес-центри, фотографи и фотографски студија. Конкурентноста на македонската економија повторно е на високо ниво. Последна потврда за тоа е новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово“, истакна Костадинов.
Неговата оценка е дека по надминувањето на првичните шокови од пандемијата, деловната клима во државата денес е поволна за нови инвестиции.
Економија
Халкбанк АД Скопје го одбележува Денот на планетата земја како дел од Priceless Planet кампањата

Денот на планетата земја секоја година нè потсетува дека можеме и треба да направиме повеќе за животната средина.
Следејќи ги своите заложби за добросостојба на луѓето и поздрава животна средина годинава Халкбанк АД Скопје го одбележува денот како дел од коалицијата Priceless Planet, предводена од Мастеркард, преку која се организираат глобални активности во насока на подигнување на свеста за поздрава планета и зацртаната цел за засадување на 100 милиони дрва во следните пет години.
Халкбанк преку својата кампања по повод Денот на планетата земја, ги покани своите клиенти, партнери и соработници да се приклучат кон целите на коалицијата и да го дадат својот придонес.
Во кампањата за заштита на животната средина се вклучија и влијателни личности од Македонија. Тие преку јога предизвикот, правејќи ја „yoga tree“ позата симболично ја поздравија заложбата на членките на „Priceless Planet“ и ги предизвикаа своите следбеници да се приклучат. Секој од нас може да придонесе кон подобрување на животната средина, преку подобрување на своите навики. На ист начин како што се грижиме за нашето тело и дух, треба да се грижиме и за планетата земја. Грижата доаѓа во форма на селектирање на домашниот отпад, користење еко средства за превоз, греење на еколошки начин и слично.
Халкбанк и коалицијата Priceless Planet се партнери на планетата земја и сите кои се грижат за неа. Уживајте во фотографиите од #YogaTree предизвикот и вклучете се кон иницијативата за поздрава планета.
(ПР текст)
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?