Контакт

Економија

Митреска: Македонската економија во корона-кризата подобра во однос на земјите од регионот

Објавено пред

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата нa тема „Монетарната политика во 2021 година“.

Учесниците на дискусијата, како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, разговарале за прашања поврзани со последиците од корона-кризата врз економскиот раст во изминатата година и економските изгледи за оваа година, а особено биле разгледани досегашните монетарни мерки и очекувањата за монетарната поставеност во следниот период.

Во своето излагање Митреска истакна дека и во услови на корона-криза македонската економија поминува релативно подобро во однос на дел од земјите во регионот.

„Со олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и повторното активирање на глобалните синџири на производство, падот на економијата во втората половина од годината значително забави. Со оглед на вклученоста во глобалните синџири на производство и со помалото учество на услугите во вкупните текови, економијата на кус рок полесно го издржа товарот на кризата“, посочи вицегувернерката.

Во однос на изгледите за оваа година на панел-дискусијата беа посочени очекувањата за закрепнување, задржување на поволните финансиски услови и натамошно зајакнување на довербата, што ќе има позитивни преносни ефекти и врз домашната економија.

„Слично како и другите централни банки, Народната банка во 2020 година обезбеди монетарен стимул и регулаторна флексибилност, со што ѝ даде важна поддршка на економијата преку олабавување на финансиските услови и обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем“, истакна Митреска во поглед на прашањето за монетарната политика.

Во однос на идната монетарна поставеност, вицегувернерката посочи дека монетарната политика и натаму ќе биде олабавена како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус, а во услови на комфорно ниво на девизните резерви. Таа истакна дека задржувањето на кредитниот циклус е одраз и на поволната ликвидносна и капитална позиција на банкарскиот систем.

Економија

Оризопроизводителите ќе може да набавуваат комбајни, средствата се од програмата за рурален развој

Објавено пред

Од денеска, па сѐ до 15 април, сите земјоделци што имаат минимум 1 хектар со ориз, ќе може да аплицираат за набавка на комбајни со сечкалка. Новата мерка наменета за оризопроизводителите во Кочани ја претставија директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, и директорот на Водостопанството, подружница „Брегалница“, Дени Митров.

Средствата за поддршка на оваа мерка се обезбедени од програмата за рурален развој, а право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства што се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, а се индивидуални земјоделци носители на земјоделско стопанство или, пак, се носители на земјоделско стопанство, а со земјоделство се занимаваат како дополнителна дејност. Директорот Бачовски ги информира присутните дека за оваа мерка може да аплицираат и сите трговци поединци и трговски друштва, како и земјоделски задруги впишани во регистарот на задруги.

„Аплицирањето се врши електронски преку веб-страницата е-baranje.ipardpa.gov.mk. Вкупната прифатлива сума од корисник е до 3,5 милиони денари, а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. Ставката на кофинансирање се зголемува на 55 % ако носител е млад земјоделец од 18 до 40-годишна возраст. 60 проценти поддршка ќе добијат сите што работат во места со ограничени можности, 65 % поддршка ги следува сите што на денот на аплицирање имаат од 18 до 40 години и обработуваат површина во ограничени можности, а 75 % кофинансирана сума ги следува сите што имаат површини во недостапни средини“, истакна Бачовски.

Според директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Дени Митров, оваа мерка е добредојдена за земјоделците и во голема мера ќе им ја олесни работата.

Преку овие инвестиции се влијае во намалувањето на производните трошоци и загубите, а се помага за зголемување на квалитетот и приближување на достигнувањето на стадардите во Европа. Агенцијата и Владата ќе продолжат да креираат мерки што ќе го осовременуваат домашното земјоделство и позитивно ќе влијаат на конкурентноста и квалитетот на домашно произведени земјоделски култури, информираат од Агенцијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Владата е фокусирана на развојот на социјалното претриемаштво

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, по покана на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Јавност“ и Германското здружение за меѓународна соработка, се обрати на Форумот на добри компании, одржан преку видеоконференциска врска, каде што зборуваше за предизвиците со кои се соочува општеството во период на кризата од пандемијата на Ковид-19, како и за преземените активности од страна на Владата за надминување на овие предизвици.

Битиќи истакна дека ковид-кризата имаше особено влијание на ранливите групи граѓани.

„Верувам дека светската економија ќе има сериозно поместување кон социјалната економија, каде што центарот на вниманието ќе им припаѓа на општествено одговорните компании, оние што работат за добро на општеството, а кои преку генерирање профит создаваат можности од голема важност за ранливите групи на општеството. Социјалното претприемаштво е нешто на што сите треба да се фокусираме. Владата на Северна Македонија го препозна големиот потенцијал на социјалното претприемаштво и ние сме подготвени да го приспособиме нашиот систем за нови идеи и нови начини на создавање бизнис со цел да изградиме инклузивно општество“, нагласи тој.

„Ние сме посветени на постигнување на 17-те цели како дел од Агендата 2030 година, универзална рамка за зајакнување на колективните активности кон остварување на заедничките цели и предизвици. Работиме со голем фокус на намалување на сиромаштијата, создавање правда и силни институции заедно со пристојна работа и економски раст и зајакнување на индустријата, иновациите и инфраструктурата“, додаде Битиќи.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите на протест до исполнување на барањата за спас на секторот

Објавено пред

Од Туристичко-угостителската комора на Македонија со реакција дека финансиската помош што се обезбедува за поддршка на реалниот сектор нема континуитет, а по цела година, не постојат ни протоколи за работа за сите дејности што би можеле да се почитуваат. Секторот угостителство се соочува со многубројни предизвици, условите за работа не овозможуваат ни приходи за покривање на основните трошоци. Во такви околности со загрозена егзистенција на цел сектор, кој нема ниту основна помош, иако беше ветувана, нема повеќе простор за чекање, сите граници се поминати, истакнаа од Туристичко-угостителската комора на Македонија.

„Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето што работат во овој сектор. Цела година сме предмет на јавно линчување иако помошта што ја добивме беше минимална и обременета со многу критериуми. Угостителскиот сектор од 14.3.2020 година сѐ до денес работи под многубројни рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосни рестрикции, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност за многу субјекти во секторот и загуба на многу работни места. Затоа, денес, Туристичко-угостителската комора ги презентира барањата за мерки за поддршка на угостителскиот сектор и најавува радикализирање на дејствувањето, кое ќе трае сѐ додека овие мерки целосно не се реализираат“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора.

Од таму бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Владата и кои со месеци немаат никаква помош не само за зачувување на работните места туку немаат никаква помош ни за основните трошоци за егзистенција и се под закана за губење на домовите и објектите од банки и извршители.

„Потенцираме дека под помош не сметаме понуди од Владата за користење кредити од Развојната банка, тоа е само дополнително задолжување од еден кредит да имаме два. Бараме еднократна финансиска помош за секој од регистрираните над 100 категоризирани објекти, кои повеќе од една година се затворени во целост, а со цел покривање на досегашните трошоци и долгувања акумулирани поради забраната за работа“, истакна Ангеловски.

Барањата вклучуваат и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.

„Бараме утврдување мораториум или репрограмирање со грејс-период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка сѐ додека не ни дозволи Владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор. Ако може Владата нам со уредба да ни забрани да работиме, може со уредба да утврди банките додека не работиме да не ни ја цицаат крвта и да не задолжуваат заканувајќи ни се дека ќе останеме на улица без дом и егзистенција“, изјави Ангеловски.

Тој потенцира дека состојбата во моментот во секторот е крајно алармантна и правните субјекти се соочени со колапс.

„Се бара помош за сите угостителски објекти, секој е еднакво важен и не смее некој да остане без неопходна помош во овие најтешки периоди за угостителството, затоа од понеделник, 20 април, излегуваме заедно како сектор на протести и ќе останеме пред институциите сѐ до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, изјави Ангеловски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија10 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија11 час

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа12 часа

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија15 часа

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион16 часа

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион16 часа

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа17 часа

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет17 часа

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија18 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија1 ден

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион1 ден

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија1 ден

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија1 ден

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија1 ден

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија2 дена

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија2 дена

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион2 дена

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Досие