Контакт

Економија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Објавено пред

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон.

„Овој договор претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД. Тоа е потврда дека нашата држава оди напред – кон стабилност, безбедност, развој и европска иднина“, изјави Мицкоски.

Според премиерот, британските инвестиции ќе опфатат изградба на брза патничка и модерна карго железница од Табановце до Гевгелија, нови болници во Штип и Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, студентски дом со 900 легла и нов Медицински факултет.

Деталите за финансиските услови на договорот сè уште се финализираат, но Мицкоски увери дека се „најдобрите што може да се добијат на пазарот“. Како што додаде, наскоро ќе бидат јавно објавени и конкретните параметри на договорот, кој вклучува грејс период, долг рок на отплата и поволен каматен индекс базиран на Еурориборт.

Амбасадорот Лосон го оцени договорот како врв во билатералните односи меѓу двете земји.

„Ние сме веќе големи инвеститори и сега тоа го надградуваме преку договор кој се фокусира на трговија и инвестиции. Сакаме да создадеме економски раст од кој ќе имаат корист и британските и македонските граѓани“, рече Лосон.

Договорот, кој е резултат на повеќемесечни интензивни преговори, се очекува да отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, дигиталната трансформација, образованието и климатските политики. Освен економската и инфраструктурната компонента, тој предвидува и засилен политички дијалог и координација во рамките на НАТО и други меѓународни организации.

Најново

Македонија5 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија30 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија42 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија53 минути

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија1 час

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет1 час

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника1 час

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника2 часа

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион2 часа

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...