Контакт

Економија

Мицкоски: Заев увезува јаглен само за да вртат нечии камиони

Објавено пред

На денешната средба со граѓани во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со енергетиката и планот на Владата за носење на јаглен од Косово за кој рече дека е план од кој ќе се проба да се заработи и дека се знае чии камиони ќе го вршат транспортот.

„Истото како проблем е и во рамките на Европската Унија, но таму некако имаат стратегија, а кај нас стратегијата е граѓаните да дадат 20 милиони евра и на тој начин да се донесе јагленот од Косово и тој јаглен да се гори тука во Битола, ако добро ги разбрав, има тука луѓе од РЕК Битола кој ќе ме корегираат, тоа што мислам дека од прилика е така. Претпоставувам чии камиони ќе го транспортираат тој јаглен, а тоа се од прилика 400 до 500 на ден кои што треба да проаѓаат низ овој пат по кој што дојдовме овдека којшто е ветуван дека ќе се направи на секои избори, така беше на изборите 2016, 2017 година, но за жал не се направи. Значи 400 до 500 камиони треба да врват секој ден бидејќи нема како поинаку да се опслужи едноставно. Така што мислам дека тоа е план на којшто повторно ќе се заработи. План без план. План денес за денес, а утре ќе му ја мислиме што ќе правиме. Не се подготвени да направат ремонти на блоковите според информациите со кои располагам. Не се подготвени да направат откривка и да ископаат доволни количини на јаглен. Хармоникаши поставуваат таму за директори и ова е ситуацијата со којашто ние денеска се соочуваме овдека во Битола“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека битолчани и вработените во РЕК Битола не треба да се обесхрабруваат од овие постапки на Владата, бидејќи новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има конкретни планови за вложување во еколошките стандарди и продолжување на животниот век на РЕК Битола.

„Не треба да се обесхрабруваат ниту работниците во РЕК Битола, ниту пак битолчани. Новата влада има јасен план за тоа како да се справи со ова и оние планови кои што ги имаше Заев за затворање на РЕК Битола ќе бидат не само искинати, туку и нема да бидат со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ имплементирани. Имаме план за вложување и во еколошките стандарди и имаме план во вложување за продолжување на работниот век на РЕК Битола, така што луѓето тука треба да бидат спокојни. Ако власта го гледа РЕК Битола како алатка за богатење и крадење, ние го гледаме РЕК Битола како едно од основните алатки за функционирање и постоење не само на Битола, туку и на Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Економија

Русија го урна рекордот во количеството на резерви на злато

Објавено пред

Русија го урна рекордот во количеството на златни резерви кои надминаа 618,2 милијарди долари.

Ова е историски рекорд од основањето на Банката на Русија. Со ова, Русија се рангираше меѓу петте лидери во однос на меѓународните резерви на злато. Пред неа се Кина, Јапонија, Швајцарија и Индија, според податоците на Руската државна институција за ревизија.

Руските резерви на злато се зголемија за 235 милијарди американски долари од почетокот на 2015 година.

Русија неодамна значително го зголеми учеството на златото во своите резерви, од 7,8 проценти на почетокот на 2014 година на 23,3 проценти на крајот од минатата година.

Прикажи повеќе...

Економија

Илон Маск најбогат во светот, има пари колку Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Објавено пред

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, не само што во моментов е најбогатиот човек во светот, туку сега има пари колку што имаат заедно милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет.

Богатството на Маск сега изнесува 236 милијарди долари, според податоците на „Блумберг“.

Гејтс е на четврто место со 130 милијарди долари, а Бафет е на десетто место со 103 милијарди долари.

И Гејтс и Бафет претходно беа на врвот на листата најбогати луѓе во светот.

Маск во јануари првпат го престигна претседателот на Амазон, Џеф Безос, и стана најбогатиот човек.

Безос сега е на второто место со богатство од 197 милијарди долари.

Маск оваа година додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство благодарение на силните резултати на акциите на „Тесла“, како и неодамнешната продажба на акции во „Спејс Икс“.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Ковачевски: Енергетската трансформација почна од Осломеј, продолжуваме со инвестиции во сончеви и ветерни електрани

Објавено пред

Како компанија ние веќе ја почнавме енергетската трансформација – конкретно во РЕК „Осломеј“. Како што може да се види, во тек е изградбата на нашата сопствена 10-мегаватна фотонапонска електраната и уште една таква е во процедура за добивање документација, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој рече дека ова претставува голем чекор во процесот на енергетската трансформација.

„ФЕ ‘Осломеј’ од 10 MW е почеток и добар пример на енергетска транзиција, каде што производните капацитети на фосилни горива се заменуваат со енергетски капацитет што произведува електрична енергија од обновливи извори. Термоелектраната „Осломеј“ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК ‘Осломеј’ набргу ќе бидат функционални за 10-мегаватна фотоволтаична електрана и тој тренд на оваа локација ќе се шири“, рече Ковачевски.

Тој рече дека се преземаат активности за селектирање на потребните кадри од РЕК „Осломеј“ и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана.

„Продолжуваме со проектите за изградба на сончеви електрани во РЕК ‘Битола’, кои ќе заменат еден блок од термоелектраната, и гасна електрана во комбинатот, која ќе замени уште еден блок од РЕК ‘Битола’. Фотонапонски електрани ќе градиме и во Маврово, Тиквеш, Штип, Свети Николе за што имаме поддршка од Владата. Исто така, ги спроведуваме инвестициите во ветерните електрани, зголемување на капацитетот на ветерниот парк во Богданци и проектот за нов ветерен парк во Миравци. Вложуваме во хидропотенцијалот, ги обновуваме хидроелекраните, а како највисок приоритет ни останува реализацијата на капиталниот проект ‘Чебрен’, хидроелектраната што ќе донесе стабилност и сигурност на нашиот електроенергетски систем“, изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Максим Димитриевски во тесно водство пред кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој неодамна беше исклучен од СДСМ, е во тесно водство во...

Топ57 минути

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Свет2 часа

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија12 часа

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија13 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија13 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија13 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија15 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија15 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија15 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија17 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија18 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија18 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија19 часа

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија20 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет21 час

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија22 часа

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Досие