Економија
Мицкоски: Со меморандумот компанијата 4iG изразува интерес, но тендер мора да има, заврши времето на договори во четири очи
„Тендер мора да има, но тој меморандум е необврзувачки, со кој компанијата 4iG изразува интерес, пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, инаку таман работа, сигурно не може тоа да биде дадено во четири очи, нормално и други доколку има компании што се заинтересирани и доколку сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски истакна дека сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото.
„Заврши времето на договори во четири очи како што беа тие во кичевски РЕК ‘Осломеј’, битолски РЕК ‘Битола’, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри во центарот на Скопје, кога се играше фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата, сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото, тоа е суштината на работата“, изјави тој.
Премиерот Мицкоски објасни дека тендерот ќе биде распишан во периодот што следува и додаде:
„Сега моментно компаниите што се заинтересирани, можеби ќе има и други што ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот што следува, нашиот интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните – поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Некои од горивата од ноќеска поевтинуваат
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 2.9.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,683%, кај дизелот за 1,869%, кај екстра лесното масло за 2,561% и кај мазутот има намалување за 3,570%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,6747%.
Од 7.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,780 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат
Економија
Благ пад на светските цени на храната во споредба со јули
Светските цени на храната благо паднаа во август во споредба со јули, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Светскиот индекс на цените на храната за август изнесува 120,7 поени, што е нешто помалку од 121 во јули, соопшти ФАО. Ова резултира со пад на индексот на цените на месото, шеќерот и житото, а во исто време е забележан и раст на растителните масла и млечните производи. Вредноста на индексот на цените на месото во август изнесува 119,5 поени, што е 0,7 отсто помалку од јули, а пад е забележан и кај живината, свинското и овчото месо.
Како што е наведено, индексот на цените на шеќерот падна 4,7 отсто, на 113,9 поени во август, пред сѐ, поради подобрувањето на производствените изгледи за сезоната 2024/2025 на Тајланд и во Индија по врнежите што се значајни за културите на шеќерна трска. Вредноста на индексот на цените на житото беше на ниво од 110,1 поен, 0,5 отсто помалку од јули, откако неколку месеци по ред цените на пченицата паѓаат поради слабата побарувачка и силната конкуренција меѓу извозниците, пренесува „Танјуг“.
Растителните масла поскапеа и индексот на цените на овие производи месечно се зголеми 0,8 отсто, на 136 поени, особено поради повисоките цени на палминото масло, кои растат веќе три месеци по ред. Најмногу поскапува просечната цена на млечните производи, 2,2 отсто месечно, на 130,6 поени. Во август е забележан значителен пораст на цените на путерот, како и на обезмасленото млеко, сирењето и другите производи.
Економија
Поврзување на Македонија и Србија преку интерконекторот за гас – тема на средбата на потпретседателите Николоски и Стоилковиќ со министерката Бедовиќ Хандановиќ
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во Белград остварија средба со министерката за рударство и енергетика Дубравка Бедовиќ Хандановиќ.
„Имавме изворедна посета на Република Србија овие два дена, се сретнавме со целокупниот државен врв, политичките односи се одлични, треба да бидат следени и надградени и од добри економски односи, од односи кои ќе значат подобри и поплатени работни места и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Србија.
Денеска целиот фокус на разговорите го посветивме на економијата од сите аспекти на економијата. Во делот на енергетиката разговаравме за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција“, кажа по средбата, потпретседателот Николоски во своето обраќање пред медиумите.
„На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа и ќе се заврши еден проект кој што генерации политичари пред нас го спомнувале за изградба на гасовод низ Македонија со кој што Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Истокот и воена агресија во Украина ќе значи уште повеќе за македонската економија затоа што прво ќе може снабдувањето со гас во Македонија да се диверзифицира и да имаме три или четири извори на гас за Македонија а не само еден и второ многу поважно е низ Македонија да оди транзит гас кој што ќе оди до големите европски држави со што македонското стопанство со само тоа што ќе наплаќа транзит на гас ќе остварува големи приходи, а стратешки Македонија ќе ја постави на мапата да не биде избегнувана и од една страна каде што некои други влади сакаа Македонија да ја направат слепо црево во делот на инфраструктурата и во делот на поврзувањето, ние сакаме да ја направиме центар во поврзувањето.
Така што клучен гасовод кој што оди до Централна Европа, изградба на брза пруга со 200 km на час која што исто така оди до Централна Европа, завршување на Коридор 8 во делот на автопатско поврзување со Бугарија и Албанија и во перспектива и железничко, како и изградба на мултимодуларен комплекс кај Трубарево каде што треба да изградиме пристаниште на суво како што се нарекува, каде што треба да се претовара целата роба која што ќе доаѓа од солунското, драчкото и атинското пристанште, мислам дека македонската економија во следните 10-15 години ќе ја стави во центарот на Балканот, што е наша основна задача, да ја покренеме Македонија, луѓе да доаѓаат во Македонија а не да си одат, да има повеќе работни места и да има добро платени работни места.
Можам да ја оценам посетава како навистина успешна, сега очекуваме посета на премиерот Вучевиќ во Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, а до крајот на годината да имаме заедничка седница на двете влади, а од следната година да имаме по две седници на влади заеднички како уште повеќе би ја подобрувале економската и политичка соработка“, изјави министерот Николоски.
На новинарско прашање за изградба на брзата пруга, министерот Николоски одговори:
„Тоа е еден од првите приоритети на кој што јас трошам многу време и енергија. Нашата цел е да во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга, не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, ќе е одлична работа за Македонија. Некаде таму помеѓу 2030 и 2032 година да имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија“, истакна Николоски.