Економија
Млеко, месо, леб, пекарски производи, тестенини: Бектеши го објави списокот со гарантираните цени, кои треба да се применат од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши го објави списокот на прехранбени производи, кои во согласност со одлука на Владата треба да поевтинат 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало.
Овие производи, како што рече Бектеши, во маркетите ќе бидат обележани со гарантирана цена до крајот на ноември 2023 година.
Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат по објавувањето во „Службен весник“.
Леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо, тестенини и слично, се дел од производите што ги најави Бектеши.
Бектеши ги повика и производителите и трговците да се координираат бидејќи пазарните инспектори, како што рече, ќе издаваат казнени налози со забрана за вршење дејност, односно продавниците ќе бидат затворани.
„Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот ‘гарантирана цена’, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од август 2023“, рече Бектеши.
Појасни дека продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалаци за намалување на цените и на овие производи.
За оние што сакаат да манипулираат, како што рече, најавени се строги контроли и казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји.
Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.
„Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордеееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други поризводи од надвор“, изјави тој.
Економија
ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако свесно не лажат СДС и Бектеши, тогаш воопшто поим немаат дека во регионот веќе има далеку поголеми фотоволтаични централи, како 204 МВ електрана во Грција и 123 МВ електрана во Бугарија. Нејасно е зошто СДС и Бектеши се обидувааѕ да манипулираат со работи кои се лесно проверливи. Со СДС и Бектеши, Македонија плаќа најскапа струја до сега, а тоа е зошто владата не влезе во реализација на ниту еден значаен капитален проект кој ќе обезбеди поефтина базна енергија, и ќе влијае на пад на цените. СДС и Бектеши се национална катастрофа за енергетиката. Потребни се промени“, пишува партијата.
Економија
Битиќи – Дуџак: Она што нема да го направиме денес, ќе не чини многу поскапо утре

По повод овогодинешното Генерално Собрание на Обединетите Нации кое се одржа минатата недела во Њујорк, заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната претставничка на Обединетите Нации во нашата земја, Росана Дуџак напишаа заедничка колумна.
„За да можеме да зборуваме за одржливост на економскиот развој, мораме да го хармонизираме со природата, да го остваруваме во мир и безбедност, но и да ги споделуваме неговите придобивки со сите, односно никого да не оставиме зад себе (Leave no one behind), ова е една од суштинските пораки кои произлегуваат од Политичката декларација на Самитот за одржлив развој, а која беше усвоена од 193 земји-членки на Обединетите наци. Во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17-те целите за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030“, вели Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
„Иако сакаме да ги препознаеме и да ги пофалиме добрите резултати, сите ние мора да прифатиме дека тоа не е ни доволно одблиску. „Business-as-usual“ ќе ги држи ЦОР подалеку од дофат дури и до 2050 година, со особено влошени еколошки аспекти. Од друга страна, порешителните и поамбициозни сценарија за „притискање на SDG“ можат да извлечат 124 милиони дополнителни луѓе од сиромаштија и да генерираат придобивки од другите ЦОР, преку подобрување на социјалната заштита, зајакнување на владеењето, промовирање зелена економија, справување со дигиталните нарушувања и подобрување образованието и науката. Оттука, за да им се помогне на креаторите на политиките, Извештајот за глобален одржлив развој за 2023 година дава примери за клучните трансформативни промени потребни во шест различни влезни точки, како што е управувањето; економија и финансии; наука и технологија, индивидуална и колективна акција и градење капацитети за стратешки насоки и предвидување; иновации и генерирање на нови алтернативи“, изјави Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.