Контакт

Економија

ММФ бара од Грција да ги заврши реформите

Објавено пред

Грција треба да продолжи со спроведување на недовршените економски реформи за да ги намали ризиците за заздравување, соопштија претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во првиот извештај откако земјата излезе од третата програма за помош.

ММФ сега очекува грчката економија годинава да порасне со стапка од 2,4 отсто, а во 2020 со стапка од 2,2 отсто, со цел во следните години да дојде до забавување, пренесе „Ројтерс“.

На економскиот раст годинава ќе му помогне и поголемата потрошувачка по недамнешното зголемување на минималната плата од 11 отсто, што е прво зголемување од почетокот на кризата.

„Грција треба да ги преиспита неодамнешните промени во принципите на колективното преговарање и да продолжи со имплементацијата на недовршените реформи“, порачаа од ММФ.

Како што се оценува во извештајот, Грција треба да ги намали каматните стапки, да ги зголеми инвестициите и да се подготви за потенцијални буџетски ризици, меѓу кои е и зголемувањето на буџетското трошење во случај судските одлуки да ја урнат мерката за намалување на платите и пензиите во јавниот сектор.

Економија

Џејми Оливер го обвини брегзитот за пропаста на неговите ресторани

Објавено пред

Британскиот готвач Џејми Оливер смета дека брегзитот е една од причините поради кои пропадна неговиот синџир ресторани.

Тој рече дека луѓето престанале да одат во ресторани во 2016 година поради економската неизвесност предизвикана од брегзитот.

По пропаста на синџирот ресторани „Џејми Оливер ресторант груп“, 1.000 Британци ги загубија своите работни места.

Од 25 ресторани што Оливер ги има низ Велика Британија, 22 се затворени во последните месеци, а преостанатите три работат блиску до аеродромот „Гетвик“ во Лондон, но и нивната судбина е неизвесна, пренесува ЦДМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Просечната плата во јуни 25.205 денари

Објавено пред

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во јуни 2019 година во однос на јуни 2018 година изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11,7 отсто), транспорт и складирање (10,3 отсто) и градежништво (5,4  отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (11,3  отсто), рударство и вадење камен (6,1 отсто) и градежништво (2,8  отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во јуни 2019 изнесува 25.205 денари.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев-Аврамова: Се зголемува економската соработка и бизнис-релациите со Бугарија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и владина делегација, денеска во Владата прими делегација на Република Бугарија предводена од министерката за регионален развој и урбанизам, Петја Аврамова.

На средбата премиерот Заев истакна дека две години по потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, постигнат е значаен напредок во соработката меѓу двете земји во повеќе сектори и е зајакнат политичкиот дијалог.

„Владата на Северна Македонија е посветена на интензивирање квалитетна и модерна патна мрежа, инвестираме во водоводните системи како значајни проекти за заштита на животната средина и обезбедување поквалитетен живот на граѓаните. Вложувањата се поттик за економски развој и соработка со соседите во сериозни инвестиции во областа на земјоделството, рударската индустрија и други сектори“, рече премиерот Заев. Истовремено, тој се заблагодари за големата поддршка што Република Бугарија ја дава на нашиот пат за зачленување во НАТО и Европската Унија.

На средбата беше истакната посветеноста на двете страни за реализација на проектите што се од особено значење за меѓусебната поврзаност, со фокус на Коридорот 8, како и подобрување на прекуграничната соработка на двете земји со поддршка на фондовите од Европската Унија.

Беше истакнато дека двете страни, Северна Македонија и Бугарија, го интензивираат спроведувањето на договорот за пријателство и соработка и истакнаа дека за тоа сведочат повеќе меморандуми за соработка, кои досега се потпишани.

Во рамките на денешната посета на бугарската делегација, во Владата на Северна Македонија беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Бугарија, кој се однесува на подобрување на политиката за прекугранична соработка и локална самоуправа и за зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за локална самоуправа за спроведување на европските политики и проекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија4 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија4 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија5 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија6 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет6 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет6 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет6 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет7 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија7 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион19 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет19 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион20 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа20 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ22 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ24 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија1 ден

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија1 ден

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија1 ден

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ1 ден

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Досие