Контакт

Економија

Молскавичен скок на фунтата по победата на Џонсон

Објавено пред

Британската фунта скокна повеќе од 2 процента по веста дека Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освоила убедлива победа на парламентарните избори достигнувајќи 19-месечен максимум во однос на доларот и највисоко ниво во однос на еврото од референдумот за брегзитот во 2016 година.

Непосредно по веста за веројатната победа на конзервативците во четвртокот вечерта, валутата порасна 2,5 процента во однос на доларот, на 1,3516 американски долар, што е највисоко ниво од мај 2018 година, за подоцна да се стабилизира на 1,3472 американски долар, пренесува „Ројтерс“.

Според еврото, фунтата зајакна повеќе од 2 процента во однос на претходниот ден на 82,80 пени, ниво последен пат забележано во јули 2016 година веднаш по референдумот за брегзитот.

Економија

„Нептун“ со ново иновативно решение за онлајн шопинг – купувајте на рати отсега и онлајн!

Објавено пред

Дигитализацијата на услугите е една од примарните процеси во „Нептун Македонија“, компанијата која континуирано на иновативен начин им го олеснува на потрошувачите купувањето апарати за домаќинство. Нептун Македонија, во партнерство со Иуте кредит Македонија, лансираа ново иновативно решение за онлајн шопинг со кое потрошувачите ќе може на лесен, брз и безбеден начин да купуваат онлајн на рати преку веб-страницата www.neptun.mk. Освен оваа новост изминатиов период „Нептун Македонија“ промовираше неколку иновативни дигитални алатки: мобилна апликација за онлајн шопинг и дигитализација на хепи-лојалната програма и хепи-картичката.

Покрај опцијата потрошувачите да може да купуваат онлајн со кредитни или дебитни картички, отсега ќе имаат можност по изборот на саканите производи многу едноставно и брзо да аплицираат за купување  производ од „Нептун“ преку исплаќање со наменскиот кредит од Иуте кредит и истиот да го исплаќаат од 3 до 24 рати со суми од 3.000 до 120.000 денари. Целиот процес е дигитализиран и потрошувачите нема да имаат потреба да достават физички документи со што се олеснува целиот купопродажен процес.

Процесот на апликација и одобрување е лесен и брз, што овозможува одличен бенефит за секој потрошувач. Во само 3 чекори потрошувачите ќе можат да ги купат своите омилени производи во „Нептун“:
• Го избирате вашиот омилен производ на www.neptun.mk
• Избирате опција за плаќање на рати преку Иуте кредит
• Доколку апликацијата за кредит е одобрена, „Нептун“ ви ја доставува нарачката во предвидениот рок

Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг-опрема, смартфони и ИТ-уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

АД ЕСМ и РЕК „Битола“ донесоа акциски план за санирање на последиците од поплавите во рудниците

Објавено пред

Во РЕК „Битола“ денеска се одржа состанок на членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на комбинатот, на кој се донесе акциски план за надминување на последиците од поплавите во рудниците на РЕК „Битола“.

„Само со максимална ангажираност и посветеност на сите вработени во РЕК ‘Битола’, како и во другите подружници на АД ЕСМ, ќе го совладаме и овој предизвик“, рече претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Државните електрани, Васко Ковачевски.

Директорот на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, изрази надеж дека со сопствени ресурси, а по потреба и со поддршка на надлежни институции во земјата, комбинатот успешно ќе ги санира штетите од поплавите.

Подготвени се редица краткорочни и среднорочни мерки, што ќе бидат реализирани со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ за брзо и ефикасно санирање на штетите.

Според податоците на стручните служби во РЕК „Битола“, во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години.

„И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено во согласност со планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата“, соопштија од компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Извлечени добитниците на награди од 20.000 денари преку „MojДДВ#МојаНаграда“

Објавено пред

Извлечени се 15 добитници на месечните награди од 20.000 денари преку наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“ на јавно извлекување, кое се одржа вчера.

Имињата на добитниците се објавени и на веб-страницата на Државна лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во другите кола на „#МојаНаграда“ до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија ќе се одржи во декември, а таа ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

До краотј на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди од 1.000 денари. Доделувањето повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет9 часа

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет10 часа

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет11 час

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Македонија12 часа

155 нови случаи на Kовид-19 во земјава, починати се две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на...

Топ12 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија15 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет15 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет16 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија16 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија16 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија17 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет18 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет18 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет19 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет20 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет21 час

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет21 час

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион1 ден

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет1 ден

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Досие