Контакт

Економија

Набавена опрема за оптимизација на производството во РЕК „Битола“

Објавено пред

АД ЕСМ набави нова опрема за оптимизација на процесот на производство во РЕК „Битола“. Системот за хомогенизација на јаглените е производство на чешката компанија „Енелекс“, реномирана фирма, која е присутна со вакви и слични инсталации во многу рудници во светот. Набавката на опремата почна во 2023 година и се користи во РЕК „Битола“ веќе неколку месеци.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов, рече дека се работи за значајна инвестиција на компанијата во насока на максимално искористување на ресурсите.

„Системот се состои од 14 автоматски единици, поставени и на багери за ископ и на транспортни траки на јаглен. Овие единици во реално време земаат примероци од јаглените што се ископуваат и транспортираат од рудниците ПЈС ‘Суводол’ и Брод –  ‘Гнеотино’. Во исто време, како што се земаат примероците, се анализира квалитетот на јагленот и податоците се праќаат во софтвер, кој го следат стручни лица и одлучуваат колку количини од кој јаглен ќе се измешаат за да се постигне највисока калорична вредност на јагленот, а со тоа и ќе се произведе максимално количество електрична енергија“, истакна Стефанов.

Увид во работењето на системот денес изврши и министерот за индустрија и трговија на Република Чешка, Јозеф Сикела.

„Среќен сум што сум денес тука, во РЕК ‘Битола’, во увид на опремата набавена од нашата чешка фирма ‘Енелекс’. Морам да истакнам дека нашите две земји имаа добри односи не само во трговијата и економијата туку и во безбедноста и во геополтичките прашања. Потврда за тоа се посетите на разни државни функционери на Скопје и Прага изминатиов период. Се надевам дека ќе ја интензивираме соработката и ќе отвориме ново и уште подинамично поглавје во односите помеѓу двете земји“, рече чешкиот министер Сикела.

Министерот за економија во македонската Влада, Крешник Бектеши, порача дека работните состаноци на чешкиот колега се во насока на зголемување на динамиката на македонско-чешката трговска размена.

„Големо е задоволството да го имам на гости денес во РЕК ‘Битола’ чешкиот колега и заедно да посведочиме на заокружувањето на една голема чешка инвестиција во земјата, која треба да го зголеми квалитетот на работењето на комбинатот. Воедно, тоа ќе биде во интерес на зголемување на производството на електрична енергија во нашата држава“, рече министерот Бешктеши.

Министрите Крешник Бектеши и Јозеф Сикела во РЕК „Битола“ одржаа и билатерална средба, на која присуствуваа владини претставници од двете земји.

Најново

Регион5 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија5 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава6 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија6 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион6 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ6 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион7 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион8 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...