Контакт

Економија

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 7.4.2021 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 7.4.2021 година.

Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 7.4.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,513 денари за килограм и сега ќе изнесува 34,266 денари за килограм, известува Регулаторна комисија.

Од 13.4.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– за моторниот бензин „евросупер БС-95“ цената ќе биде 67,00 денари за литар, а цената на моторниот бензин „евросупер БС-98“ ќе изнесува 69,00 денари за литар.

– дизел-горивото „евродизел БС“ (Д-Е V) ќе се продава за цена од 58,00 денари за литар, а маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за цена од 57,50 денари за литар.

– цената на мазутот М-1 НС ќе биде 34,266 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 1,044 %, кај дизелот 0,121 %, кај екстра-лесното масло 0,031 % и кај мазутот намалувањето е 1,2 %, велат од РКЕ.

Економија

Заев и Бектеши од ТИРЗ Тетово: Новата инвестиција од 15 милиони евра е нов стимул за економијата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев по посета на технолошко индустриската развојна зона во Тетово изјави дека се реализира уште една значајна инвестиција за нашата земја.

„Денес се поставува камен темелникот на новата заедничка инвестиција на американската компанијата „Леар“ и „Нормак Инвестмент Гроуп“, тука во Технолошко Индустриската развојна зона во Тетово. Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон се гради на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1000 до 1500 работни места“, изјави Заев.

Тој додаде дека и во услови на пандемија, Владата силно се залага за одржување и зајакнување на економската активност и ги поздрави плановите на инвеститорот до ноември 2021 година да биде завршена и втората фаза од инвестицијата.

„Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето. За сметка на тоа овие инвестиции даваат голем придонес за локалниот регион во контекст на вработување, развој на човечкиот капитал, дополнително ја подобруваат извозната структура, креирајќи производи со повисока додадена вредност. Исто така, го подобруваат технолошкото ниво на економијата, а се подобрува и пристапот до меѓународните пазари на капитал“, потенцира Заев.

На поставувањето на камен-темелникот на новата инвестиција, присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за финансии Фатмир Бесими, и за надворешни работи Бујар Османи, а се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши кој ја поздрави новата инвестиција.

„Ваквите инвестиции и инвеститори кои што продолжуваат да ги шират инвестициите во земјата, уште еднаш ни докажуваат дека сме на вистинскиот пат како Влада во привлекувањето и поддршката на странските инвеститори. Тоа значи дека ќе се зголеми вработеноста во овој регион. Сакам да најавам дека засилено работиме на измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што во наредниот период дополнително ќе се зголеми поддршката, а ќе се олеснат условите за сите инвеститори во земјава и новина е што финансиската поддршка ќе биде фокусирана и на рамномерниот регионален развој,” изјави Бектеши.

Американската компанија „Леар“, е меѓу светските лидери за производство на седишта на возила со високи перформанси, водечки во оваа индустрија, истакнуваат надлежните.

Прикажи повеќе...

Економија

MyIute – нова мобилна апликација за брзо и лесно аплицирање за кредит

Објавено пред

Следејќи ги најновите светски трендови за дигитализација на личните финансии, Иутекредит Македонија ја лансираше мобилната апликација MyIute, која обезбедува врвно корисничко искуство и достапност до финансии 24/7.

Со ова го олеснуваме начинот на аплицирање за кредит бидејќи сега имаме целосно дигитално решение кое овозможува најбрзо да дојдете до потребните финансиски средства со само неколку кликови од вашиот телефон.

Отсега преку MyIute корисниците ќе можат брзо и лесно да аплицираат за кредит, да ги прикачат сите потребни документи онлајн и во истиот момент да ги добијат парите на својата сметка.

Сето тоа може да се направи онлајн и од каде било – без никакви процедури и потреба од физичко присуство, туку директно од мобилен телефон!

А покрај можноста да се дојде до потребните финансиски средства веднаш, MyIute на корисниците им овозможува во секое време да го следат статусот на нивниот кредит, да платат рата од удобноста на својот дом, да добиваат персонализирани понуди од Иутекредит и партнерите во партнерската мрежа и многу други одлични поволности и бенефити.

Апликацијата е достапна за сите и истата може да ја пронајдете на Google Play и App Store на овој линк.

Иутекредит Македонија е првата небанкарска институција во Македонија и регионот која лансираше мобилна апликација за целосна дигитализација на своите услуги.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

ИКТ комората на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено пред

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да придонесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, вели Саша Огненовски од ИКТ комората на Македонија, во однос на полемиките кои се водат во јавноста околу воведување дигитализација на учебниците во образовниот процес.

Тој додава дека овој став ИКТ комората го афирмирала и промовирала во изминатите десетина години со цел овие технологии да станат дел од институционалните политики со ставање особен акцент на нивната важност за унапредување на процесот на образование. Но, како што вели, досега немало значаен и квалитен напредок на ова поле.

„ Дигитализацијата придонесува за трансформација на економијата, владеењето и на општеството преку усвојување на постојните и на новите дигитални технологии. Дигитализирање на образованието, пак, значи засилување на процесите на учење со технологија. Се предвидува дека дигитализацијата во високото образование ќе овозможи квалитетен напредок, со овозможување на образование достапно за сите, но внимателно треба да се пристапува кога се во прашање основното и средно образование. Квалитет може да се постигне единствено доколку процесот се обликува да биде прифатлив за сите засегнати страни, бидејќи воведување на овие нови процеси во образованието ангажира и дополнителни средства за сите вклучени“, изјави Огненовски.

Од ИКТ комората истакнуваат дека дигитализација на образовниот процес треба да се реализира во поинаков процес, кој ќе биде инклузивен, со вклученост на сите засегнати страни со цел креирање најдобри можни решенија кои нема да се соочат со проблеми при имплементација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија53 минути

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 час

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија2 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија3 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија7 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет7 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион7 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија7 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион7 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет7 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија24 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Досие