Контакт

Економија

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено пред

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Кој може да учествува?

Право за учество на конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество на конкурсот.

Што треба да содржи трудот со којшто се конкурира?

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:

‒ апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL);
‒ осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;
‒ опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;
‒ анализа;
‒ заклучни согледувања и
‒ библиографија.

Дали може да се конкурира и со труд којшто веќе бил објавен?

Авторите имаат право да конкурираат на конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2019 година. При поднесувањето труд што веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Како и каде се поднесуваат трудовите?

Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: [email protected] Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик.

Еден автор има право да поднесе само еден труд.

Кој го врши изборот на најдобар труд?

Изборот на најдобар труд го врши Одборот за оценување, којшто се состои од тројца членови, од кои најмалку еден е лице кое не е вработено во Народната банка.

Гувернерот на Народната банка ги назначува претседателот и членовите на Одборот за оценување, со решение коешто ќе се објави на интернет-страницата на Народната банка. Одборот за оценување го врши изборот на најдобар труд анонимно, без притоа да поседува информации за имињата на авторите и нивни биографии.

Според кои критериуми ќе се вреднуваат трудовите?

‒ Релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај;
‒ Соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;
‒ Јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;
‒ Соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија);
‒ Соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;
‒ Конзистентност и логичност на тезите во трудот;
‒ Заклучоци и препораки и нивна соодветност.

Кој е крајниот рок за доставување на трудовите?

Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2021 година.

Од што се состои Годишната награда?

Наградата е во парична форма, којашто за првонаградениот труд изнесува 100.000 денари, додека втората награда изнесува 50.000 денари.

Каде е објавен конкурсот?

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка на следнава врска:

http://nbrm.mk/ns-newsarticle-konkurs-za-dodeluvane-godisna-nagrada-na-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-za-2021-godina.nspx

Економија

Бочварски: Финансиска помош и повеќе транспортни дозволи за транспортерите

Објавено пред

На пакетот финанскиска помош за компаниите како дел од четвртиот сет економски мерки се осврна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој присуствуваше на 15. традиционален собир на транспортери во организација на Асоцијацијата „Макам транс“.

Министерот потенцира дека мерките се носат за да им се олесни работата на транспортните компании во време на ковид-кризата.

„Продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно и за октомври, ноември и декември. Поддршката ќе биде одредена според намалувањето на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Би сакал да информирам дека на предлог на Министерството за транспорт и врски, ќе се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година дополнително, без надомест. Ова сметаме дека е многу важно за да ги намалиме трошоците“, истакна министерот Бочварски.

Тој информира дека за 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски, обезбедени се 1.440 годишни дозволи за возила со Евро 6-стандард и 2.280 месечни дозволи за возила со Евро 5-стандард.

„И, уште една работа за која сакам да се осврнам, а тоа е што во соработка со вашата Асоцијација прифативме измена на уредбата која е во владина процедура и која го решева моментот на нераспределани годишни дозволи. И во наредниот период заеднички ќе продолжиме да работиме, веќе разговаравме да формираме работна група, во која учество ќе земат и заинтересираните асоцијации од областа на превозот на патници и превозот на стока и заеднички ќе пристапиме кон изменување на законската и подзаконската регулатива во овие области“, се обрати министерот Бочварски пред присутните транспортери.

Прикажи повеќе...

Економија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање вработени во Германија

Објавено пред

Германски правобранител го казни шведскиот моден синџир H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци од приватниот живот на вработените.

„Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени, кои работеле во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг“, се вели во соопштението на хамбуршката комисија за заштита на податоците и слобода на информациите.

Уште од 2014 година раководството на H&M во Нирнберг собирало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во системот, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамките на истрагата.

H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените, кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.

Компанијата во соопштението им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.

Прикажи повеќе...

Економија

Кузеска: Со четвртиот пакет-мерки обезбедуваме помали трошоци и нови поволни кредити за компаниите

Објавено пред

Четвртиот пакет-мерки, вреден 470 милиони евра, донесен од Владата предводена од СДСМ, е континуитет на досегашните мерки, но содржи и нови мерки, што значат спас на работните места, поддршка на компаниите, особено на најпогодените од кризата, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што посочи, една од низата мерки е и зголемувањето на грејс-периодот кај бескаматните кредити од „Ковид-1“.

Со оваа мерка преку Развојната банка на постојните корисници на кредитни линии ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс-период пред да почнат со исплата на ануитетите од земените кредити. Покрај одложувањето на бескаматните кредните, предвидено е и дополнително одложување на отплатата на кредитите за компаниите до крајот на годината.

Во новиот сет мерки преку Европската инвестициона банка, за поддршка на домашните компании, обезбедени се и нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, кои ќе бидат пласирани во јануари 2021 година, со исклучително ниска камата.

Кузеска појасни дека со новиот сет мерки продолжува и намалувањето на казнената камата за јавни давачки за половина, односно од 0,03 на 0,015 % и таа ќе важи до крајот на годината.

Продолжува и мерката одложување на плаќањето аконтација на данокот на добивка. Оваа мерка предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании што имаат пад на приходи поголем од 40 %.

„Во време на сериозна здравствена и економска криза државата застанува зад секој граѓанин и зад секој приватен субјект кој е погоден од кризата. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и натаму ќе продолжи со потребната поддршка за сите. Заедно ќе ги надминеме негативните последици врз економијата предизвикани од корона-кризата“, изјави Кузеска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија2 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Македонија3 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион3 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет3 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет4 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија5 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ6 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион6 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ8 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија9 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија10 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија23 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Досие