Контакт

Економија

Народната банка организира регионална работилница за предизвиците за статистиката коишто ги наметна пандемијата

Објавено пред

Народната банка организира статистичка работилница посветена на предизвиците за статистиката коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19. Целта на работилницата којашто се одржа вчера, беше да ги обедини статистичарите од централните банки во регионот, односно од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Романија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, коишто ги разменија досегашните искуства и практики и понудија решенија за надминување на предизвиците што произлегоа од ковид-кризата. Иницијативата на Народната банка наиде на одличен одзив и на работилницата учествуваа статистичари од десет централни банки од регионот.

„За разлика од претходните кризни епизоди, коишто упатија на потреба од пополнување на т.н. „празнини на податоците“, односно изготвување податоци што недостасуваат за носење соодветни одлуки, оваа криза дополнително ги нагласи потребата и предизвиците во поглед на обезбедување континуитет, односно навременост и квалитет на целокупниот статистички процес“ – истакна меѓу другото вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање со коешто ја отвори работилницата.

Во обраќањето, посочувајќи дека секоја криза носи предизвици за статистиката и статистичарите, Митреска подетално се осврна и на предизвиците коишто досега се констатираа во текот на актуелната криза. Притоа, посочи и дека во овој специфичен период, нашата централна банка успеа да ги обезбеди сите статистички истражувања без доцнење, со задржување на стандардниот квалитет.

Како што беше истакнато на работилницата, целокупниот контекст на пандемијата на ковид-19 влијае врз прибирањето и дисеминацијата на статистичките податоци, во време кога статистиката е најпотребна. Преку презентациите и дискусијата на работилницата се овозможи размена на искуствата за специфичните проблеми со кои се имаат соочено статистичарите во досегашниот период од кризата и беа презентирани повеќе индивидуални решенија.

Статистичарите коишто учествуваа на работилницата заклучија дека централните банки од регионот, во однос на остварувањето на своите задачи како носители на статистики, спроведоа соодветни мерки за надминување на шокот предизвикан од првиот бран на пандемијата на ковид-19, со што „новата нормала“ засега има ограничено влијание врз целиот статистички систем.

Економија

„Ел-Џи“ размислува да се повлече од пазарот на паметни телефони

Објавено пред

„Ел-Џи електроникс“ може да го напушти производството на паметни телефони откако изгуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува корејскиот бизнис портал „Кореа Хералд“ (The Korea Herald).

Извршниот директор на компанијата, Квон Бонг-сеок, испрати порака до вработените во концернот што навестува дека може да следат големи промени во сегментот на паметните телефони.

„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработувањето ќе се одржи, така што нема потреба да се грижите“, рече тој.

„Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е Ел-Џи да донесе ладна проценка и најдобриот избор“, рече менаџерот на компанијата.

„Компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони“, се вели во соопштението.

Претходно, се појавија информации дека Ел-Џи (LG) можеби се подготвува да ги намали или расклопи своите мобилни единици. Според овие шпекулации, околу 60 проценти од вработените би биле преместени и прераспоредени во други деловни единици во рамките на компанијата или во други подружници на Ел-Џи.

Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметните телефони.

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Годинава ќе има над 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура

Објавено пред

Оваа година планирани се над 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Нè чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, изврши увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

„Ни претсоти долга градежна сезона, каде што инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со почетокот на градежната сезона почнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта во согласност со динамиката предвидена со завршените тендерски постапки“, изјави Бочварски.

Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.

Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Економија

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Објавено пред

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со работа во новите институции во кои се распределени.

Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.

„Ако по кој било основ кој и да било од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена, му се прекинува работниит ангажман“, вели Груби.

Тој ги наброја некои од институциите каде што овие лица ќе бидат прераспределени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.

Тој нагласи дека во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Срби, Роми, Бошњаци…

Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка во однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион3 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет3 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Македонија5 часа

Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на...

Свет5 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија7 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа8 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија9 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија10 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ11 час

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија11 час

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија11 час

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија11 час

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион12 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет13 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа13 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет14 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа1 ден

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие