Контакт

Економија

На полноќ завршува јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери

Објавено пред

Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата се прекинува вечер, на полноќ (22.9.2020 година, во 24 часот).

Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 4.060 пријави.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

 

 

Економија

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Објавено пред

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето како основ за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5G мрежата во земјава.

На овој начин се очекува да се расчистат многу дилеми кои постојат во јавноста околу новата генерација широкопојасни мобилни мрежи.

„Во светот се спроведени стотици научни истражувања на тема за влијанието на 5G технологијата врз здравјето на луѓето и напишани се илјадници научни статии, што го прави прашањето за штетноста на електромагнетното зрачење една од најистражуваните теми во науката на глобално ниво. Мислењето на релевантни меѓународни експерти и институции е дека доколку се почитуваат препорачаните гранични вредности, електромагнетните полиња што ги користи оваа технологија не претставуваат опасност по здравјето на луѓето. Односно, природата на зрачењето генерирано од базните станици и мрежните терминали 5G е идентично со онаа на мрежите од претходната генерација. Сепак и покрај постоење на вакви студии ние сакаме да обезбедиме сосптвена студија која не само што ќе влијае на понатамошните чекори кои ќе ги преземаме, туку веруваме дека ќе има значење при градење сеопфатен консензус за потребата од развој на новата технологија во Северна Македонија“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Петтата генерација мобилни системи вклучува употреба на радио бранови во одредени фреквенции, првично слични или малку повисоки од фреквенциите што се користат за постојните 4G мобилни мрежи. Овие радио бранови емитуваат нејонизирачко зрачење, што е помалку штетно од јонизирачкото.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална веб-страница наведува дека „до денес и по многу истражувања, никакви штетни ефекти врз здравјето не се каузално поврзани со изложеноста на безжични технологии“. Основа за ова е ставот и студиите на Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) која е независна, научна комисија, формирана од Меѓународната асоцијација за заштита од радијација, со цел заштита на луѓето и околината од радијација. СЗО ја признава оваа организација како референца за сите прашања поврзани со радиофреквенциите и здравјето на луѓето.

Европската Комисија има донесено акциски план за 5G според кој до 2020 година барем во еден поголем град во секоја земја членка на ЕУ треба да бидат воведени 5G комерцијални мрежи, а до 2025 година овие мрежи треба да бидат достапни до сите урбани подрачја и поголеми транспортни линии.

Моменталното ниво на имплементација на 5G мобилните мрежи во Европа е ограничено во неколку земји. Во Германија, Водафон и Дојче Телеком имаат делумно покривање само во неколку поголеми градови, како Берлин, Франкфурт, Хамбург, Минхен и други. Во Ирска, Италија, Романија и Велика Британија ситуацијата е слична.

Во нашата земја, слично како и во останатите европски земји се спроведуваат првични тестирања на мобилните 5G мрежи. Македонски Телеком и А1, кои поседуваат привремени одобренија за тестирање на 5G мрежи, веќе ги направија првите тестирања. Притоа, АЕК спроведе и мерења на нејонизирачко зрачење со цел да се види придонесот на новата 5G NR технологија од тест мрежата на Македонски Телеком.

Во меѓувреме, АЕК подготви и нов план за намена на радиофреквенциските опсези, за кој е во тек јавната расправа која ќе трае до средината на идниот месец. Радиофреквентниот спектар потребен за воведување 5G мобилни мрежи во Северна Македонија е слободен, а се планира, тогаш кога ќе биде одлучено, предвидените опсези за 5G мобилни мрежи да бидат издадени на јавен тендер каде што операторите ќе можат сами да учествуваат во определувањето на комерцијалната вредност на радиофреквенциските опсези, преку јавно наддавање.

За целата постапка неопходно е да се направат и измени на Законот за електронски комуникации во поглед на усогласување на делот кој се однесува на сајбер безбедноста со стандардите утврдени за земјите членки на НАТО.

„Ние секако можеме многу брзо да распишеmе тендер за доделување фреквенции за развој на 5G, но тоа нема да вреди ако нема кој да се пријави и да се наддава за овој фреквентен опсег. Едноставно, потребно е операторите да бидат мотивирани да инвестираат во 5G мобилни мрежи, a услов за тоа е да има значително поголема побарувачка за побрз пристап до интернет од страна на корисниците на мобилните електронски комуникациски услуги. Во моментов кај нас не постои доволна искористеност на постојните мрежи (3G и 4G) за да е неопходно итно инвестирање во нови технологии за побрз пристап до интернет, a слично е и во многу европски земји“, истакнува Димитријоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Пет милиони евра од ЕУ и скоро еден милион евра национално кофинансирање за проекти во општините

Објавено пред

Дејвид Гир, амбасадорoт на Европската Унија, Горан Милевски, министерот за локална самоуправа и Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје официјално го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“. Средствата од пет милиони евра ги обезбедува Европска Унија, а дополнителните средства за кофинансирање на проектите се обезбедени од буџетот на државата и ќе се реализираат преку Министерство за локална самоуправа.

Повикот има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ, солидарност, соработка и зелен пристап.

„Денеска и формално ги повикувам градоначалниците, граѓанските организации и бизнис заедницата, заеднички, да направиме промени во општините, преку проектот „ЕУ за општините“. Министерството за локална самоуправа од Буџетот на државата обезбедува 600.000 евра за кофинансирање на одобрените проекти. На овој начин им олеснуваме на општините да аплицираат и ги правиме подостапни за користење фондовите на Европската Унија. Повикот е објавен и ќе биде отворен до 30 декември. Условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините. Со иновативни решенија да ги подобрат постојните или пак да креираат нови локални услуги. Соработката со граѓанскиот и со бизнис секторот е важна за да се идентификуваат вистинските потреби и соодветно да се одговори на потребите на граѓаните. Европската Унија обезбеди и дополнителни 1 милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање. Нашето членство во Европската Унија е највисок приоритет кој што ќе го реализираме преку подобрување на условите за живеење за граѓаните во сите области. Многу од очекуваните промени треба да се случат и во општините, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според Милевски главните области на кои што треба да се фокусираат проектите се: иновативни решенија за нови услуги или за подобрување на постојните; подобра социјална грижа и социјални услуги; подобрување на капацитетите на кризниот менаџмент; економско опоравување после кризата со пандемијата, работни места и вештини; како и приоритети поврзани со климатските промени и одржливото користење на националните ресурси. Имплементацијата на проектот ќе трае 3 години.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Комитетот за земјоделство се фокусира на системски мерки за продуктивно и одржливо земјоделско производство

Објавено пред

Денеска се одржа конститутивна седница на Комитетот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарна политика, со кој претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Премиерот Заев посочи дека ова владино тело е во целосна функција за креирање системски решенија за примена на позитивни европски практики, кои ќе придонесат за предвидлив и поволен деловен амбиент за одржливо и продуктивно земјоделство.

На седницата на Комитетот се отворија повеќе теми од секторот земјоделство за кои беа презентирани идни мерки и активности. Во фокус на дискусијата беше начинот и постапките за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, што е од исклучителна важност за земјоделците. Купувањето на земјиштето значи можност за нови инвестиции и производство, што ќе влијае на развојот на земјоделството и вкупната економија.

На оваа седница една од точките беше и воспоставување на концептот за развој на земјоделски осигурителен пул, кој согласно со европските практики ќе придонесе за зголемување на процентот на земјоделското осигурување, што е од големо значење во услови кога има штети.

Дополнително, се дискутира за редизајнирање на интегрираниот административен контролен систем (ИАКС) во функција на спроведување ефикасни политики за имплементирање и мониторинг на мерките за директни плаќања и рурален развој.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство беше презентирана информација за превенција од евентуални опасности од африканската свинска чума и болеста син јазик, која влијае врз намалување на добиточниот фонд.

На седницата на Комитетот учествуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за животна средина и просторно планирање, за финансии, за труд и социјална политика, заменик-министерот и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управа, ЈП „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со пасиштата и на АД „Водостопанство“.

Беше заклучено дека во континуитет ќе се следат светските трендови во земјоделството и во согласност си тоа ќе се креираат соодветни мерки за унапредување на домашното земјоделство.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 минути

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија19 минути

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет33 минути

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија2 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија3 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет3 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија3 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа13 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија14 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија14 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија16 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет17 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија20 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија21 час

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија21 час

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија22 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија22 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија22 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија24 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Досие