Економија
На 25 февруари 2021 година лавот PEUGEOT станува погласен!

Најстариот постоечки автомобилски Бренд во Светот ја потврдува својата личност и својот карактер со новото лого, вртејќи нова страница во својата историја.
На 25 февруари 2021 година, PEUGEOT го претстави своето ново лого: грб со ликот на лав. PEUGEOT од 1850 година има десет последователни логоа, од кои сите се со амблемот на лав. Денес единаесеттата верзија, уште поедноставна, поквалитетна и поелегантна, штотуку креирана од PEUGEOT Design Lab, студиото за глобален дизајн на Брендот PEUGEOT.
Лансирано во 2010, моменталното лого мораше да се промени со цел да се круниса издигнувањето на брендот повисоко на пазарот.
Откако целосно ги обнови своите возила во последните 10 години, PEUGEOT го редизајнира своето лого за да биде во чекор со своите производи.
На почетокот на 2021 година, со лансирање на гамата што ќе ја предводи новиот PEUGEOT 308, со нова веб-страна и создавањето на STELLANTIS, ѕвездите се поклопуваат.
PEUGEOT е бренд кој е во чекор со времето. Тој е дури чекор понапред, ги следи иновациите, предвидува промени во начинот на работа и отвора пат за нови решенија за мобилност.
PEUGEOT го доживеа искуството на сите револуции: индустриска, технолошка, политичка, социјална, дигитална и сега еколошка – енергетската транзиција и мобилност со нула емисија на СО2 кои се во центарот на стратегијата за одржлива иднина. Сето ова ја формира PEUGEOT-овата DNK.
PEUGEOT како моќен и инстинктивен Бренд, совршено му прилега својот амблем: лавот. Ова го прави PEUGEOT безвременски Бренд, со постојана конекција помеѓу минатото и иднината.
Во текот на последните 10 години, целата производствена гама се издигна неверојатен чекор напред.
Ова е успехот што е постигнат: „Интернационално комерцијално возило на годината“ со PEUGEOT e-Expert во 2021 година и Partner во 2019 година и три признанија „Автомобил на годината“ (PEUGEOT 308 избран во 2014 година, PEUGEOT 3008 во 2017 година и PEUGEOT 208 во 2020 година). И пред сè, електрифицирана гама, како за патнички така и за лесни комерцијални возила.
Оваа високовреднувана промена на пазарната позиција, сега е усовршена работејќи на дизајнот на самиот Бренд. Новото лого е олицетворение на она што PEUGEOT значеше вчера, што значи PEUGEOT денес, и што PEUGEOT ќе значи утре.
Овој нов грб со ликот на лав отсекогаш бил дел од брендот. Гордо зрачи и ги истакнува вредностите на брендот PEUGEOT.
Ова лого е дизајнирано да трае.
А неговото значење е следно: безвременска, универзална и мултикултурна форма на идентитет. Од африканските племиња до големите куќи во Франција и Европа, грбот претставува симбол на неговиот носител, со цел подобро да се идентификува.
Тоа е препознатлив симбол на припадност, на признавање. Тоа е синоним за престиж, доверба, долговечност и потекло. Со него и својот нов визуелен идентитет, PEUGEOT ја спојува историјата и хипер-модерноста. Со овој грб, брендот PEUGEOT се стреми да освои нови земји, да го забрза својот меѓународен раст, извезувајќи француски стил и знаење, како и француска елеганција.
Брендот PEUGEOT врти нова страница во својата историја. Нова ера.
Сега има нова задача и одговорност кон своите клиенти: да го трансформира нивното време поминато со Брендот, во квалитетно поминато време.
Да се доживее новиот идентитет на PEUGEOT, значи да се доживеат две искуства во едно: Прво, тоа значи да се живее во моментот. Во свет кој постојано се движи сè побрзо и побрзо, „времето“ стана еден од најретките, најскапоцени благодети.
Во овој свет, PEUGEOT им овозможува на оние кои сакаат да го сторат тоа, вистински да уживаат во сегашниот момент и да го искористат сето она што го нуди, да се има целосно, висококвалитетно искуство.
Возилата, импортерите/дилерите, производите, веб-страните, комуникациите, надворешните реклами… Сите овие елементи се контактни точки со Брендот што се поставени и усогласени во рамките на еден, разбирлив и мултифункционален систем.
Што се однесува до веб-страната, полека прераснува во „он-лајн продажба“ директно поврзувајќи се со корисниците.
Едноставна, ефективна, интуитивна, извонредна, високо визуелна, динамична и деловно ориентирна, овозможува совршено флуидно искуство при продажба. Нејзините карактеристики Ви овозможуваат да сторите сè што вообичаено би направиле кога сте во продажниот салон, но овој пат oн-лајн: откривање, конфигурација, продажба, договори, финансирање, замена старо за ново итн.
Времето поминато он-лајн, со PEUGEOT, е корисно и ефективно.
Што се однесува до импортерите/дилерите, сега претставуваат место за уште почовечно, уште повизуелно и уште поедукативно искуство. Целта е да се доживее забрзување на енергетската транзиција во конкретни услови, за да се откријат нови опции за мобилност и нови технологии.
Времето поминато во продажен салон на PEUGEOT е висококвалитетно искуство каде може да ја предвидите иднината. Затоа, веб-страната и импортерите се надополнуваат едни со други и ја унапредуваат гамата за да го претворат Вашето време поминато со PEUGEOT во квалитетно поминато време.
PEUGEOT ја создаде својата прва кампања на брендот во изминативе 10 години: „THE LIONS OF OUR TIME“.
Преку оваа оптимистичка интернационална кампања, PEUGEOT ги поврзува и своите клиенти и потенцијалните клиенти. Брендот зазема нова универзална територија: време.
Ги слави денешните лавови, од сите возрасти, култури и потекла.
Оние „ЛАВОВИ ОД НАШЕТО ВРЕМЕ“, кои повеќе не се во потрага по моќ или пари, туку во потрага по „квалитетно време“.Преку кампањата на брендот „THE LIONS OF OUR TIME“, PEUGEOT има за цел да ги поттикне клиентите да го поседуваат своето највредно богатство: своето време.
Брендот има за цел да го претвори нивното време во квалитетно време, со збогатено искуство. Како иновативен, висококвалитетен генералистички бренд, PEUGEOT овозможува забавно искуство како при oн-лајн искуството така и во самите возила и кај своите импортери и дилери.
Бидејќи искусување на Брендот PEUGEOT не е ограничено на дилери/импортери или веб-страна, Брендот лансира нова колекција потребна во Вашето секојдневие која е едноставна, привлечна и квалитетна: облека, кожни производи, модни додатоци, електронски додатоци, канцелариски материјал, амбалажи, минијатури и макети… тоа е цел еден Универзум на PEUGEOT кој е во согласност со новиот индендитет на Брендот.
Овој нов идентитет го отвора патот кон екосистемот на Брендот кој не е ограничен само на неговиот визуелен идентитет. Во себе носи подлабока промена. Промена на ставот; нова состојба на умот; нов животен стил.
Целта на PEUGEOT е да им понуди на своите сегашни и идни клиенти еден Бренд што секогаш ги исполнува нивните барања.
Брендот PEUGEOT е безвременски.
Бренд кој се открива повторно, одново и одново.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Веро“ е добитник на наградата Best Buy за најдобар однос на цена и квалитет

Во рамки на независното истражување Best Buy Award за 2021/2022 година што го спроведува швајцарската организација ICERTIAS, „Веро“ е добитник на наградата за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот според мислењaта, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава.
Водејќи се од личното искуство, мнозинството потрошувачи го избраа „Веро“ за најдобар маркет во категоријата „Најдобар однос на цена и квалитет“ и го посочија како прв избор на маркет во кој добиваат највисок квалитет за вложените пари.
За менаџментот на „Веро“, значајното признание Best Buy е потврда дека потрошувачите ги препознаваат заложбите на „Веро“ секогаш да обезбеди голем избор на најквалитетни производи и најдобри цени.
„Сите награди и признанија се значајни, но оние што доаѓаат лично од потрошувачите за нас имаат огромно значење. Нема подобра препорака од препораката која доаѓа од самите потрошувачи. Искрено се гордееме што сме добиtници на вакво престижно признание и што потрошувачите го препознаа нашиот напор и истрајност да им понудиме производи со најдобар однос на цената и квалитетот. Заедно со нашите домашни и странски добавувачи континуирано работиме на зголемување на понудата на домашни и странски производи што ќе бидат прилагодени на потребите и очекувањата на нашите потрошувачи. Оваа награда ќе биде мотив повеќе да продолжиме да ги ослушнуваме нивните потреби и да им излеземе во пресрет на нивните желби, што ни претставува особено задоволство“, вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.
Истражувањето во земјава е спроведено во текот на јануари 2021 година на репрезентатативен примерок од 1.200 испитаници постари од 18 години кои се чести потрошувачи на различни синџири маркети.
Секој испитаник во анкетата требаше самиот да го впише името на супермаркетот во кој добива најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, при што според резултатите од анкетата, „Веро“ го доби престижното признание Best Buy, препознатливо и признаено во интернационални рамки.
(ПР текст)
Економија
Заев: Со засилено темпо ги зголемуваме инвестициите во обновливи извори

Фотонапонската електроцентрала во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостигот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките, изјави премиерот Зоран Заев на промоција на официјалниот почеток на оваа фотонапонската централа. Истовремено Заев најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.
„Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година“, рече Заев.
Тој стакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важни енергетските проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите, односно граѓаните и индустријата.
„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Северна Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи коишто се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја“, истакна Бектеши.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што постои отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, испраќа вистинска порака за тоа како треба да се грижиме за планетата земја.
Економија
(Видео) Костадинов: Економските мерки даваат резултат

Економските мерки и политики што ги спроведува владата обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст, смета портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
Тој потсети дека во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од корона-кризата со што како што наведе продолжува грижата и помошта за работниците и стопанството.
Со овој пакет мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани, смета Костадинов.
Тој дообјасни дека се предвидени 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители.
Со ова како што рече на сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени.
„Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година. Според истите критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1.200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес-центри, фотографи и фотографски студија. Конкурентноста на македонската економија повторно е на високо ниво. Последна потврда за тоа е новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово“, истакна Костадинов.
Неговата оценка е дека по надминувањето на првичните шокови од пандемијата, деловната клима во државата денес е поволна за нови инвестиции.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?