Контакт

Економија

НБРМ: Постои простор за олабавување на монетарната политика

Објавено пред

На 13 март 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Како што соопшти Народна банка, Комитетот ги разгледал најновите остварувања во домашната економија, при што е заклучено дека економските основи и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи. Воедно,  утврдено е понатамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти, видливо преку поволните движења на девизниот пазар и постепеното забрзување на депозитниот раст. Истовремено, последните оцени за растот на клучните трговски партнери посочуваат на подобро надворешно окружување од очекуваното досега и со тоа подобар амбиент и помали ризици за домашната економија. Во вакви околности, Комитетот оценува дека постои простор за олабавување на монетарната политика, при што на седницата беше одлучено каматната стапка на благајнички записи да се намали од 3,25% на 3,00%, а на аукцијата којашто ќе се одржи на 14 март понудата на благајнички записи да биде непроменета и да изнесува 25 милијарди денари.

„На седницата се одлучи да се намалат каматните стапки на расположливите депозити на 7 дена и преку ноќ, за 0,20 и 0,10 п.п., на ниво од 0,3% и 0,15%, соодветно. Имено, со оглед на релативно високото ниво на слободни парични средства на банките, што во голем дел е насочувано кон расположливите депозити кај Народната банка, преку намалување на каматните стапки на овие инструменти се очекува дека банките ќе ги насочат своите слободни ликвидни средства во приватниот сектор и со тоа ќе овозможат посилна кредитна поддршка на економијата во 2018 година. Споредбата на последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции минатата година главно не упатува на позначителни отстапувања во одделните сегменти“, се вели во соопштението.

Во однос на активноста во економијата, податоците за БДП за 2017 година покажуваат стагнација, главно поради падот на инвестициите, а овие остварувања не отстапуваат значително од проектираниот раст од 0,5%. Притоа, по падот во првата половина од годината, во согласност со очекувањата, во втората половина на годината економијата забележа раст. За првиот квартал од 2018 година достапни се мал број високофреквентни податоци, при што дел од нив, односно податоците за индустријата и трговијата, сигнализираат подобрување на состојбата. Анкетните истражувања укажуваат на натамошно зголемување на довербата на економските субјекти, но со одредено забавување на растот.

Во однос на инфлациските движења, расположливите податоци за февруари 2018 година покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво во првите два месеца од годината од 1,5%, при раст на сите компоненти, а со најголем придонес на базичната инфлација. Инфлацијата во овој период е малку пониска од проекциите, но за дел од увозните цени очекувањата се коригирани во нагорна насока. Во вакви околности, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2018 година од 2% се оценуваат како урамнотежени.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, ликвидносниот потенцијал на банките и натаму се зголемува, за што главно придонесе остварувањето на редовните буџетски расходи наменети за субвенционирање за земјоделското производство. Во околности на релативно слаба кредитна активност во текот на месецот и натамошен раст на ликвидноста, банките и натаму го насочуваат вишокот слободни парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, чијашто состојба на почетокот на март надмина 15 милијарди денари. Истовремено, на пазарите на пари имаше намалена побарувачка, а каматните стапки и натаму се на стабилно и непроменето ниво.

Податоците за девизните резерви во февруари покажуваат раст од почетокoт на годината, што во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата како резултат на издавањето на шестата еврообврзница на меѓународните финансиски пазари. Девизниот пазар е стабилен, без притисоци врз побарувачката на девизи. Поместувањата кај девизните резерви главно се во рамки на очекувањата, при што показателите на адекватноста на девизните резерви и натаму се движат во сигурната зона. Од показателите од надворешниот сектор, за почетокот на 2018 година достапни се податоците за трговската размена, коишто посочуваат на можност за малку поголем трговски дефицит од проектираниот.

Накратко, на девизниот пазар се забележуваат релативно поволни движења карактеризирани со умерено пониска нето-продажба на девизи на банките за нивните клиенти, во споредба со истиот период минатата година. Притоа, во февруари, клиентите имаа урамнотежена понуда и побарувачка за девизи, што овозможи стабилизирање на девизната ликвидност на банките и отсуство на интервенции на Народната банка на девизниот пазар. Релативно поволните движења на девизниот пазар во најголем дел беа резултат на подобрите остварувања во трансакциите со компаниите, коишто втор месец по ред имаа значителен раст на понудата, а зголемена понуда имаше и во трансакциите со менувачниците.

Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада од февруари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери во согласност со проектираните за првиот квартал од 2018 година. Сепак, периодот на оцена е премногу кус за да се дадат посигурни констатации. Податоците за билансот на плаќања за 2017 година ги потврдија констатациите за умерен дефицит во тековната сметка (1,3% од БДП), којшто е помал од проектираниот, а подобри од очекуваните беа и финансиските текови за 2017 година.

Во однос на монетарните движења, првичните податоци за февруари покажуваат закрепнување на депозитната база по нејзиниот пад во јануари. Растот на депозитите во овој месец, во голема мера, е последица на повисокото штедење на домаќинствата, но раст забележаа и корпоративните депозити. Остварувањата кај депозитите на банките во овој период упатуваат на можност за повисоко ниво од проектираното за првиот квартал од 2018 година.

Одредени позитивни поместувања на месечна основа во февруари се забележуваат и на кредитниот пазар, во услови на раст на кредитирањето на домаќинствата. Засега не се очекува поголемо отстапување на кредитните агрегати од проекцијата за првото тримесечје на 2018 година. Согласно со резултатите од Анкетата за кредитната активност, банките и за првиот квартал од годината очекуваат натамошно олеснување на вкупните кредитни услови и раст на побарувачката на кредити кај двата сектора.
На почетокот на февруари, при засилени очекувања за инфлациски притисоци во американската економија, дојде до позначителна надолна корекција на цените на акциите на пазарот на капитал. Сепак, до крајот на месецот во услови на зголемена склоност кон преземање ризик дојде до зголемување на цените на акциите, придонесувајќи за стабилизирање на ценовните движења на пазарот на капитал. Американскиот долар на месечна основа забележа апрецијација, што делумно се поврзува со сведочењето на новиот гувернер на ФЕД, Џером Пауел, којшто посочи дека американската економија има солидни остварувања коишто создаваат услови за посилна монетарна реакција преку зголемување на каматните стапки во наредниот период. Исто така, за пониската вредност на еврото на месечна основа придонесе и неизвесноста во однос на резултатот од парламентарните избори во Италија и политичките случувања во Германија. На почетокот на март, се забележува засилена променливост на глобалните девизни пазари под влијание на зголемените ризици за глобалната трговија во услови на воведување протекционистички мерки во САД.

Според Народна банка, на седницата е заклучено дека тековните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици укажуваат на тоа дека постои простор за олабавување на монетарната политика. Екстерната позиција, доколку се оценува според остварувањата кај тековната сметка на билансот на плаќања, е поволна и подобра од очекувањата и покажува задржување на здравите економски основи. Воедно, дел од показателите упатуваат на понатамошно подобрување на очекувањата и довербата на економските субјекти.

Економија

Прилепска пиварница со донација кон Центрите за аутизам во Скопје и во Штип

Објавено пред

Од

Прилепска Пиварница потпиша договор за донација на 500.000МКД финансиска помош за Дневниот центар за аутизам во Скопје и за Дневниот центар за аутизам во Штип, кои претставуваат единствени центри од ваков вид во државата. Средствата се издвојуваат од Фондот за донации на Прилепска Пиварница.

Донацијата ќе биде наменета за потребите на дневните центри за аутизам за набавка на најразлични реквизити потребни за нормален развој и живот на децата, како и за набавка на специјално возило наменето за Центарот во Штип.

„Со цел да помогнеме и да ја искажеме искрената грижа и поддршка за децата со аутизам, тие да ги добијат потребните услови за нормален раст и развој, ние, од Прилепска Пиварница, одлучивме средствата од Фондот за донации да ги насочиме токму за нив. Силно веруваме дека ваквите иницијативи нема да останат изолирани случаји во земјата, туку ќе претставуваат позитивен пример за следење и од другите компании, да придонесеме за инклузија на сите жители во општеството. Оваа донација ја надополнува кампањата на нашиот бренд Златен Даб, насловена како „Без предрасуди, без етикети“, која повикува на меѓусебна толеранција, прифаќање на различностите и ослободување од предрасудите“ – изјавија од Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница ја продолжува стратегијата за општествена одговорност и преку реализација на многубројни проекти во иднинаќе им даде поддршка на различни ранливи категории. На тој начин ќе придонесе кон позитивни општествени промени и кон градење заедница отворена и толерантна кон различните, за подобра иднина на сите нас.

Прикажи повеќе...

Економија

„Еуроникел“ ќе го запознае градоначалникот на Кавадарци со планот за реорганизација на „Фени“

Објавено пред

Од

ГСОЛ, заедно со своето претставништво „Еуроникел“, договара средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и советниците на Општина Кавадарци, на која ќе ги запознаат со планот за реорганизација на „Фени“, што сè досега било направено за спас на фабриката и кои се идните планови.

ГСОЛ и „Еуроникел“ сметаат дека е од суштинска важност претставниците на локалната самоуправа да бидат запознаени со предностите на планот за реорганизација, со што ќе се избегнат можни дезинформации кои би биле на штета на компанијата и на вработените и нивните работни места.

„На средбата ‘Еуроникел’ ќе ги презентира сите чекори што досега беа направени од ‘Еуроникел’ за спас на ‘Фени’, планот за реорганизација и идното инвестирање во комбинатот и како тоа ќе се одрази врз развојот на целиот регион и ќе се појасни дека сè друго од овој план е на штета на ‘Фени’ и може негативно да се одрази врз иднината на компанијата“, најавија од „Еуроникел“.

ГСОЛ извести дека преку своето претставништво „Еуроникел“ досега ги исплатиле сите доверители на „Фени“ чии побарувања беа влезени во стечајната маса. Нагласуваат дека отишле и чекор понатаму со тоа што ги исплатиле транспортерите од Кавадарци, кои не беа влезени во стечајната маса, за што се потрошиле 3,1 милиони евра и со нови договори веднаш повторно ги ангажирале.

„ГСОЛ своите намери за ‘Фени’ ги потврди и со излегување на огласот за преработка на никелова руда, каде што беше единствената компанија што даде гаранција преку сопствени ресурси за руда, инвестиција од 3 милиони евра и дополнителна банкарска гаранција од 5 милиони евра. Овој чекор беше клучен во спасот на ‘Фени’ и егзистенцијата на вработените. Гаранција за иднината на ‘Фени’ е и обезбедување рудни ресурси за понатамошна работа на ‘Фени“, а ГСОЛ располага со ресурси на висока квалитетна руда, што обезбедува работа за фабриката на долг период. Во досегашното работење со ‘Фени’, ГСОЛ, ‘Еуроникел’ преку договорот за преработка успеа да го одржи во живот ‘Фени’ во текот на целата стечајна постапка, но уште повеќе ја обезбеди егзистенцијата на вработените со редовна плата од 500 евра, како и со договори со транспортерите, со што го врати оптимизмот во ‘Фени’ и стекна доверба меѓу вработените“, велат од ГСОЛ.

Од ГСОЛ велат дека ја обезбедиле егзистенцијата на вработените во „Фени“ со редовна плата од 500 евра

Од компанијата велат дека за разлика од нив, ниедна друга компанија, освен декларативно покажување интерес за „Фени“, не вложила ни еден денар во исплаќање на побарувањата кон доверителите, во платите на вработените или во каква било инвестиција во фабриката. Секој друг чекор и враќање на процесот назад сметаат дека ќе предизвикаат ‘Фени’ повторно да биде затворен, печките да не работат, а работниците да останат без сигурен месечен надомест.

На претставниците на локалната самоуправа ќе им бидат презентирани предностите и бенефициите од успешното рестартирање на „Фени“ и како кавадаречката компанија со својата успешна работи ќе придонесе за развој на целиот регион.

Прикажи повеќе...

Економија

Започна имплементацијата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите

Објавено пред

Од

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција во Владата ги презентираа усвоените правилници за добивање и исплата на финансиска поддршка, со што практично е овозможена имплементација на мерките што произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Анѓушев истакна дека правилниците за добивање и исплата на финансиска поддршка се усвоени и стапија во сила на 7 јуни оваа година и со тоа е овозможена имплементација на мерките од првиот и вториот столб од планот за економски раст.

„Ги повикувам сите компаниии од Република Македонија, кои имаат реализирано нови инвестиции и кои имаат вработено нови луѓе во текот на 2017 година, до крајот на јуни да аплицираат за финансиска поддршка од страна на Владата. Постапката за аплицирање е едноставна и освен барањето, кое е достапно на веб-страниците на владините институции, потребно е да се достават и други документи што компаниите ги имаат во секој момент. Средствата во буџетот се обезбедени и очекуваме со овие мерки да ги стимулираме компаниите уште похрабро да инвестираат и да вработуваат. Сметаме дека овој закон и мерките се најтранспарентниот начин за доделување државна поддршка на компаниите и за економски раст и развој на Република Македонија“, потенцира Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека реализацијата на мерките од третиот столб е веќе започната, првиот јавен повик е завршен, а пристигнати се над 200 апликации од компании на овој повик.

Министерот за економија, Бектеши, нагласи дека процесот за реформа на системот за државна поддршка на компаниите е заокружен на транспарентен начин преку јавни дебати и дискусии и во соработка со стопанските комори и компаниите.

„До крајот на оваа година ќе овозможиме финансиска поддршка за сите компании што направиле инвестиции во 2017 година имајќи ги превид мерките од трите столба на планот за економски раст. Сите компании што се лоцирани во ТИРЗ барањата за финансиска поддршка треба да ги достават до Дикрекцијата за ТИРЗ, а компаниите што работат надвор од слободните зони своите барања ги доставуваат до Агнецијата за странски инвестиции и промоција на извозот“, нагласи Бектеши.

Министерот појасни дека, освен стандардизиран формулар/барање, компаниите до надлежните институции треба да достават и писмо со намери, деловен план за инвестициски проект, тековна состојба за деловниот субјект, издадена од Централниот регистар, потврда од Централен регистар дека над деловниот субјект не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, потврда од Царинската управа дека деловниот субјект нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, уверение од Управата за јавни приходи дека нема настанати и ненамирени даночни обврски, годишни сметки со финансиски извештаи и консолидирани годишни сметки и консолидирани финансиски извештаи за последните четири години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност, како и потврда од надлежен орган на странска држава за пријавено живеалиште или привремен престој за државјани на Република Македонија, кое се однесува за инвеститори од дијаспората.

На прес-конференцијата беше презентиран и калкулаторот за финансиска поддршка на инвестиции и за конкурентост, електронска алатка што може да им послужи на компаниите однапред и апроксимативно да пресметаат колкав износ на државна подддршка може да очекуваат во однос на направените инвестиции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата...

Македонија6 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија7 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија11 час

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија13 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија14 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија14 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија15 часа

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија16 часа

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија16 часа

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика16 часа

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија16 часа

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Македонија17 часа

Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил по објавувањето на фотографиите од Преспа...

Свет18 часа

Mинибус влета во посетителите на концерт во Холандија

Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот...

Свет18 часа

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја...

Македонија1 ден

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија1 ден

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Досие