Контакт

Економија

НБРМ склучи нов договор за соработка со Европската инвестициска банка

Објавено пред

На бројните состаноци со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) коишто делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски ги имаше во рамки на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и ММФ во Вашингтон, меѓу другото беше нотирана оценката дека монетарната политика во земјава е соодветна.

Беше потенцирано и оствареното монетарно релаксирање, во услови на стабилни движења на девизниот пазар и отсуство на инфлациски притисоци, што претставува испорачување на клучна поддршка од Народната банка за вкупната активност во економијата. „Тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Просечната годишна стапка на инфлација во првите три месеци од годинава е под нивото проектирано од Народната банка. Воедно, најновите оцени упатуваат на послаби притисоци од увозните цени годинава.“ − одделно беше нагласено на состаноците.

Делегацијата веќе имаше состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршните директори на ММФ, Ентони де Ланој и Ричард Дорнбош, како и со шефицата на мисијата на ММФ за нашава земја, Џесмин Рахман. Во фокусот на состаноците, меѓу другото, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката на Народната банка потенцираше дека расположливите високофреквентни податоци од почетокот на годинава упатуваат на натамошни поволни поместувања во економијата, што соодветствува со очекувањата за постепено забрзување на економскиот раст во наредниот период. Во однос на монетарните движења се осврна на растот на депозитите којшто го надминува проектираниот, како и на нивото на кредитниот раст во текот на минатата и првиот квартал на оваа година. На состаноците се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија.

Одделно внимание беше посветено и на техничката помош којашто ММФ ѝ ја дава на Народната банка. Притоа, на состаноците беше искажано големо задоволство од досегашната соработка и од резултатите коишто ги постигна нашата централна банка со поддршка од ММФ. „Постојано следејќи ги најновите европски и меѓународни стандарди и најдобрите практики, ние сме цврсто решени и натаму да унапредуваме повеќе сегменти на нашето работење и тоа е детерминирано и во нашиот Стратегиски план. Во таа насока, за нас ќе биде клучно да добиеме поддршка од ММФ, со цел што побрзо и поефикасно да оствариме дел од реформите коишто ги имаме зацртано.“ – порачува гувернерката Ангеловска-Бежоска, којашто на високите претставници на ММФ им ги елаборираше проектите за кои иницираше идна соработка.

На состанокот со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Андре Мекдовел и со генералниот директор на ЕИБ за кредитни операции, Жан-Кристоф Лало, меѓу другото беше склучен меморандум за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитна активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ).

„Со приклучувањето на нашата централна банка во овој значаен проект на ЕИБ, ние добиваме можност уште еднаш да ја потврдиме нашата посветеност на активното учество во меѓународните иницијативи значајни за потемелното следење на тековите во економијата. На овој начин, како централна банка овозможуваме директна вклученост на повеќе банки од нашиот банкарски систем во Анкетата за кредитна активност на ЕИБ. Со тоа, во рамки на ова анкетно истражување ќе се добие целосна слика за состојбите на нашиот кредитен пазар и за движењата на кредитната побарувачка, а истовремено подобро ќе се согледаат и факторите коишто влијаат врз кредитната побарувачка, како и промените во кредитните услови. Особено важно е што сето ова е во контекст на согледувањата за натамошните економски движења во регионот. Значајно е и што преку овој проект, на полугодишно ниво, ние ќе имаме можност состојбите со кредитната активност кај нас да ги согледаме и компаративно, во рамки на ЦИЈЕ.“ – истакнува гувернерката на Народната банка по потпишувањето на меморандумот.

Ангеловска-Бежоска учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од ЦИЈЕ.

Делегацијата на земјава, во рамки на Средбите во Вашингтон оствари состаноци и со заменик претседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалнната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер.
Годинешното издание на Пролетните средби на групацијата на СБ и ММФ завршува денес.

Економија

Кина воведе такси на производи од ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија

Објавено пред

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека вовело такси за одредени производи од ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија.

Според информациите, одлука била донесена по едногодишното кинеско истражување за дампинг.

Ресорното министерство соопшти дена антидампинг даноците на не’рѓосувачкиот челик се меѓу 18 и 103 отсто.

ЕУ претходно воведе антидампинг царински такси на челик од Кина, со цел да го заштити сопствениот пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Горивата поевтинуваат

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 – 71,5 денари за литар.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за половина дена. Новата цена на дизелот е 61,5 денар за литар, а на маслото 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

„Волво“ повлекува повеќе од милион возила ширум светот

Објавено пред

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ повлекува повеќе од милион возила ширум светот, поради опасност од топење на делови на моторот.

Компанијата соопшти дека во најлош случај, проблемот би можел да предизвика опожарување на моторот. Досега не е забележан ниту еден таков случај.

Проблемот се однесува на моделите со четирицилиндрични дизелски мотори произведени од 2014 до оваа година. Се работи за моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ1 час

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија1 час

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа2 часа

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија2 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија3 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион3 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија18 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија19 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија19 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија20 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија21 час

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија24 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија2 дена

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Досие