Контакт

Економија

Нептун е во Ист гејт мол

Објавено пред

Нептун е во Ист гејт мол.

Новиот продажен салон на „Нептун“ со површина од 1.500 метри квадратни е потврда на брендот Нептун кој во изминатите 23 години прерасна во апсолутен лидер во малопродажбата на иновативни технологии и бела техника на македонскиот пазар.

Овој продажен салон е совршен спој на долгогодишно искуство и врвните светски практики од оваа област. Присутни се најсовремени технологии кои за првпат се сретнуваат на нашиот пазар, речиси сите водечки меѓународни брендови со најновите генерации производи, така што посетата на овој продажен салон навистина нуди едно поразлично купувачко искуство за сите потрошувачи кое треба да се доживее.

На располагање е стручен тим од 35 вработени со што ќе се олесни изборот на потрошувачите со своите совети и препораки. Работното време на продажниот салон е секој ден од 10 до 22 часот, со локација на кат -1.

26тиот продажен салон на брендот „Нептун“ е совршен спој на долгогодишно искуство и врвните светски практики од оваа област. Покрај широкото портфолио на присутни брендови во продажниот салон, „Нептун“ нуди и голем број дополнителни услуги кои на клиентите им овозможуваат бројни поволности, како што се happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции за купените производи, комфор и премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy Card.

Се гледаме во Нептун Ист гејт мол!

(ПР текст)

Економија

Бизнис-конфедерација на Македонија создаде Центар за бизнис-поддршка, правни совети и едукација на компаниите

Објавено пред

Бизнис-конфедерација на Македонија (БКМ) започна со дигитализација на своето работење преку основање на Центарот за бизнис-поддршка на компаниите, којшто придонесува кон зголемување на достапноста на услугите на конфедерацијата. Платформата Центар за бизнис-поддршка, достапна преку веб-страницата на БКМ, нуди советување и едукација од областа на трудовата легислатива, менаџмент со човечките ресурси и менаџмент на бизнисот, и овие услуги се сега достапни 24 часа во текот на секој ден.

„Создавањето на Центарот за бизнис-поддршка е, всушност, зголемување на поддршката и помошта што БКМ им ја нуди на микро, малите, средните и големите бизниси и овозможува поголема достапност на нашите услуги. Сега повеќе од 8.000 компании, наши активни членки, имаат постојан пристап до потребните документи, едукативни модули, како и информации од светските организации на работодавачи, во поглед на трендовите на деловното работење во Европа и пошироко. Дигитализацијата на голем дел од нашите услуги и ваквиот пристап на отворање кон членките е нешто што го направивме како одговор на актуелните услови, но и воопшто од современите текови, кога бизнисите имаат потреба од брза реакција, помош и брзо решавање на различни прашања”, истакна Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерација на Македонија.

Центарот за бизнис поддршка претставува своевидна база каде на едно место се достапни сите правни совети и едукација потребна за компаниите. Содржи закони, прирачници и урнеци неопходни за функционирањето на една компанија, како и пристап до информации од светските организации на работодавачи и на трудот во поглед на трендовите на деловното работење во Европа и пошироко. Достапни се и три едукативни модули „Иднината на работните мета“, „Дигитални бизниси“ и „Пристап до финансии“. Актуелните информации потребни за компаниите што произлегуваат од протоколите во врска со Ковид-19 се класифицирани во посебен дел.

Платформа е наменета за компании, активни членки на БКМ, како и за одделни професионалци кои имаат потреба од информации. Пристапот до платформата е возможен преку веб-страницата на БКМ, преку кој било пребарувач, од каде корисниците се пренасочуваат до Центарот за бизнис-поддршка.

Платформата е создадена со поддршка на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити

Објавено пред

Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сè поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на Годишната конференција на Обединетите нации: „Како да се обезбеди финансирање на одржливиот развој“, на панел-дискусијата „Што можат да направат банките и компаниите за одржливиот развој?“

„Има процени дека економската штета од климатските промени изнесува околу 25% од глобалниот БДП. ММФ проценува дека природните непогоди поврзани со климатските промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени, во просек, а кај помалку развиените економии дури и до 0,7 процентни поени. Се проценува дека негативниот ефект во претстојниот период ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, нагласувајќи ја потребата за засилување на активностите на носителите на политиките, но и на меѓународната заедница“, наведе гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Централните банки ставаат сè поголем акцент, при изборот на своите монетарни инструменти и управувањето со девизните резерви, токму на откривањето на ризиците од климатските промени. Се зголемува транспарентноста на ова поле, се работи на мапирање на екосистемот, развивање системи на статистички податоци и сл.

„Проактивна улога на ова поле има и Народната банка. Во 2021 година беше спроведена анкета помеѓу деловните банки за досегашната примена на концептот ‘зелени финансии’. Според резултатите од анкетата, околу 70% од банките одобруваат кредити за проекти коишто имаат позитивно влијание врз животната средина, додека околу 43% од банките имаат воспоставено и формален систем на идентификување зелени проекти. Учеството на зелените кредити изнесува околу 150 милиони евра, или само 2,5% во вкупните кредити. Сепак, заинтересираноста расте, минатата година имаше раст од 23%, а заклучно со септември натамошен раст од околу 6%“, посочи гувернерката.

„Општо земено, наодите од анкетата, коишто не се разликуваат многу од анкетите во рамките на ЕУ, покажуваат дека тековно учеството на зелените финансии е релативно помало, но дека банките им даваат сè поголема предност на зелените кредити, коишто се значаен потенцијал за финансирање проекти за животна средина и воопшто, за одржлив раст “, истакна Ангеловска-Бежоска.

Во однос на идните активности на Народната банка во врска со зелените финансии, гувернерката нагласи дека банката ќе се насочи кон прибирање подетални податоци, анализа на ризиците од климатските промени за банкарскиот систем и изготвување насоки за банките за зелените финансии, како и дека се планира стрес-тестирање на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Битиќи – Спаиќ: Поддршка за компаниите за време на кризата, привлекување нови инвестиции и поттикнување повисоки плати

Објавено пред

Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спаиќ, со кој разговараа за повеќе теми поврзани со управувањето со јавните финансии во функција на поддршка на граѓаните и стопанството.

На состанокот се разменија искуства во спроведувањето мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за време на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот кога буџетите на државите се ставија во функција на поддршка на здравствениот систем и одржување на ликвидноста на стопанството и задржувањето на работните места за граѓаните, но и за развојни проекти, со кои ќе се забрза процесот на закрепнување во постковид-периодот.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Спаиќ разговараа и за политиките и мерките за привлекување и поддршка на нови инвестиции на компаниите, при што се согласија дека регионот на Западен Балкан има голема шанса во постковид-периодот да биде препознаен како атрактивен регион за нови инвестиции на компании од регионот, но и големи меѓународни корпорации, како поради близината до земјите од ЕУ така и поради тековните процеси со кои се подигнува конкурентноста на земјите во регионот и на целиот Западен Балкан.

Покачувањето на минималната плата влијае на подигнување на животниот стандард на граѓаните и на зголемување на сите плати во стопанството, се согласија соговорниците, при што вицепремиерот Битиќи нагласи дека во изминатите четири години Владата на Република Северна Македонија во инклузивен дијалог со синдикатите и стопанските комори успеа да ја зголеми минималната плата речиси 56 %, a инклузивноста и транспарентноста е процес што се применува при носење на сите стратегии, политики, програми и мерки, во насока на нивна ефикасност и ефективност.

Министерот Спаиќ го информира вицепремиерот Битиќи за програмата „Европа сега“ и со сите бенефити што ќе ги добијат граѓаните со реализација на оваа програма.

На состанокот се констатираа одличните односи помеѓу двете земји и беше искажана недвосмислена определба за понатамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

(Видео) Пристигнаа останките од трагично загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа двата авиони со останките од трагично загинатите патници во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето...

Забава2 часа

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет2 часа

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет3 часа

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет13 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа16 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион16 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет17 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија20 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа23 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија24 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија1 ден

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа1 ден

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Досие