Контакт

Економија

„Нептун“ со супер празнична понуда – Големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи на happy цени!

Објавено пред

HAPPY WEEK акција во „Нептун“ со големи празнични попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи на happy цени! Од 24 до 31 декември до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитните картички, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. Нептун со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Оваа празнична сезона изненадете ги вашите најблиски и подарете им нов уред по супер ниски цени и уживајте заедно во најубавиот дел од годината! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на „Нептун“ ширум Македонија и изберете од големиoт избор на: телевизори, лаптоп, таблети, мобилни телефони, бела техника, мали апарати за домаќинство, прочистувачи на воздух и апарати за нега и убавина.

Со акцијата “Happy Week, покрај големите попусти и можноста за шопинг на рати без камата потрошувачите во „Нептун“ добиваат и:
– Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка

– За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од 30 000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.
Дознајте повеќе на https://www.neptun.mk/.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

СДСМ: Мицкоски за две години ја задолжи Македонија со 2,3 милијарди евра

Објавено пред

Од

ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца, велат од СДСМ.

„Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на организираната криминална група. Не даваме нови задолжувања. Нема да ни ги претворите децата и внуците во должнички робови. Доста е повеќе со ограбуањето на народот. Обвинителството не реагира на аферите со криминални тендери, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за Матсеф, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека ќе се борат со сите демократски средства да го запреме овој неконтролиран грабеж на граѓаните на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ воведува нови правила за Airbnb и Booking

Објавено пред

Од

Европската Унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во сектор кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации.

Ова е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори за правилата за платформи како Airbnb и Booking, и која се применува од денес, 20 мај, во сите земји-членки.

Регулативата воведува обврска за воспоставување единствени системи за дигитална регистрација за домаќините и обврска за платформите редовно да доставуваат податоци за активностите на домаќините до надлежните органи, вклучувајќи го бројот на ноќевања, гостите и регистрациските броеви на сместувачките единици.

Европската комисија ја предложи регулативата во 2022 година како дел од својата стратегија за мали и средни претпријатија и дигиталниот пазар, во време кога многу европски дестинации, особено големи градови како Париз и Барселона, предупредуваа за растечкиот притисок од краткорочните изнајмувања врз достапноста на домувањето и локалните заедници. Во образложението на регулативата се наведува дека еден од клучните проблеми е недостатокот на сигурни и стандардизирани информации за идентитетот на сопственикот на станот, локацијата на сместувањето и времетраењето на изнајмувањето, што го отежнува обликувањето на јавните политики и следењето на пазарот.

Според правилата, кои важат низ цела ЕУ од денес, земјите-членки кои сакаат да пристапат до податоците на платформата мора да воспостават единствена дигитална точка за пристап, додека платформите ќе мора да вршат проверки на регистарскиот број и да ги отстрануваат огласите што не ги исполнуваат пропишаните услови. Податоците ќе им се доставуваат на надлежните органи автоматски, главно на месечна основа.

Холандската пратеничка од редовите на зелените, Ким Ван Спарентак, за време на преговорите се залагаше за поголеми овластувања за националните власти во случаи на неточни или сомнителни податоци, вклучително и можноста за суспендирање на регистарските броеви, како и за побрза примена на регулативата од првично предложената. Европскиот парламент го усвои конечниот текст во февруари 2024 година со 493 гласови „за“, 14 „против“ и 33 „воздржани“.

Прикажи повеќе...

Економија

„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка

Објавено пред

Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.

Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.

Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.

Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз, известуваат од Народната банка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава17 минути

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија26 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт31 минута

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија40 минути

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт47 минути

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава50 минути

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...

Македонија52 минути

Герасимовски: Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот...

Забава58 минути

(Фото/Видео) Хајди Клум шокираше со изданието: Сите мислат дека е бремена

Хајди Клум се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги изненади сите присутни со својот аутфит. Многумина...