Економија
Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Ако Ви е потребна финансиска поддршка за важен трошок, инвестиција или личен проект, сега е вистинскиот момент да искористите една од најповолните финансиски понуди на пазарот.
Mint Credit Ви ја нуди нашата нова промотивна понуда – најповолен потрошувачки кредит до 1.000.000 денари, со фиксна годишна каматна стапка, и флексибилна отплата.
Гордо ја претставуваме оваа нова промо понуда како најдобра можност досега за сите наши корисници кои сакаат брз, сигурен и транспарентен финансиски производ со одлични услови.
Што опфаќа новиот Mint промо кредит?
Со оваа промотивна понуда, во Mint Credit Ви нудиме избор меѓу следните кредитни пакети, дизајнирани според Вашите потреби и можности:
· Кредит од 60.000 денари
· Кредит од 100.000 денари
· Кредит од 300.000 денари
· Кредит до 1.000.000 денари
Износот на кредитот можете да го отплаќате од 12, до 84 месечни рати (до 7 години), според вашите финансиски потреби. Секоја од овие опции доаѓа со фиксна каматна стапка од само 7%, што Ви дава предвидливост и сигурност при секоја месечна отплата.
За кој е наменета оваа промо понуда?
Оваа Промо кредит понуда е идеална за:
· Вработени лица кои имаат потреба од брза ликвидност,
· Оние коишто сакаат да финансираат поголеми домашни трошоци, реновирање, или купување бела техника,
· Поединци со јасен план за инвестиција,
· Семејства кои имаат потреба од сигурна финансиска поддршка со транспарентни услови.
Зошто да ја изберете новата Mint Credit промо понуда?
Mint Credit е синоним за сигурност, доверба и професионален пристап во финансиските услуги. Со оваа нова промо понуда, Ви нудиме:
· Јасни и непроменливи услови,
· Флексибилни рокови на отплата – Изберете рок на од 12 до 84 месеци (до 7 години). · Едноставна и брза процедура – Апликацијата за нашиот Промо кредит можете да ја пополните онлајн или директно во една од нашите филијали најблиску до вас.
· Најповолна фиксна камата – Само 7% годишна фиксна каматна стапка.
· Брза исплата – Одобрување и исплата директно на Вашата сметка во најкраток можен рок.
Кои се условите за аплицирање?
Аплицирањето за нашиот нов Mint промо кредит е брзо, едноставно и достапно за секој полнолетен граѓанин на Р. С. Македонија што ги исполнува основните критериуми.
Условите за аплицирање вклучуваат:
· Да сте физичко лице и државјанин на Република Северна Македонија, со навршени 18 години
· Да сте вработени со редовни месечни примања
· Да имате важечка основна идентификациска документација (лична карта или пасош)
· Стабилна финансиска состојба.
Апликацијата е достапна целосно онлајн, а целиот процес е едноставен и брз.
Како да аплицирате?
Процесот на аплицирање е едноставен и дизајниран така што секој корисник може да аплицира од каде било и во било кое време.
Сè што треба да направите е:
1. Посетете ја Mint Credit
2. Oдберете го нашиот нов Промо кредит
3. Пополнете ја апликацијата со Вашите податоци, и износот на кредитот за кој аплицирате и рок на отплата.
4. Поднесете ја апликацијата и очекувајте повик од нашиот тим,
5. Од моментот на поднесување, добивате повратна информација.
Mint Credit – Брзи и достапни кредити, кога Ви се најпотребни
Доколку ви се потребни финансии, ова е вашата можност да го направите вистинскиот чекор под најдобрите услови досега. Со новата промо понуда од Mint Credit, имате пристап до најповолните кредити. Аплицирајте денес и добијте кредит од 60.000 до неверојатни 1.000.000 денари со само 7% фиксна годишна каматна стапка!
За повеќе информации контактирајте нѐ на 15 107 или посетете нѐ во една од нашите филијали најблиску до Вас.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, велат од партијата. Потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски во изјава за медиумите посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега на ред се банките да го следат чекорот на гувернерот и да ги намалат високите трошоци кон граѓаните.
„ЛДП минатата есен започна со реализација на кампањата ‘Твоја сметка, твои пари’ и преку претседателката на партијата, Моника Зајкова, поднесе предлог закон до Собранието за намалување и укинување на неоснованите банкарски трошоци. Побаравме намалување или целосно укинување на: плаќањето надоместоци за затворање на сметка, укинување на трошоците за повлекување на пари од банкомат на друга банка, онлајн плаќања и проверка на сметки, намалување на трошоците за подигнување на кредити и други предлог мерки за заштита на граѓаните во процесите во банкарското работење. Во најголемиот дел од земјите во Европската Унија, овие банкарски трошоци не постојат или се минимални, а кај нас се плаќаат огромни провизии. Тој предлог беше одбиен без аргументирана расправа“, вели потпретседателот на ЛДП, Груевски.
ЛДП уште еднаш преку својата пратеничка и претседателка, Моника Зајкова, ќе го поднесе Законот за намалување и укинување на овие трошоци, затоа што според Груевски, за ЛДП најважни граѓаните и нивната економска добросостојба.
„Не смееме да дозволиме апелот од Народната банка да остане само неуспешен обид за намалување на банкарските трошоци и само некој од далеку слушнат глас. Овој позитивен сигнал мораме да го искористиме за да ги намалиме банкарските трошоци“, додава Груевски.
На крај, потпретседателот Валентин Груевски ги повика сите пратеници и сите одговорни институции заеднички да ја завршат оваа иницијатива на ЛДП, законот да биде едногласно поддржан и сите да го почувствуваме бенефитот од оваа законска измена.
Економија
Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.
Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.
Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.
Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.
„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.
Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.
Економија
Министерството за финасии: Усвоен дополнетиот ребаланс на буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, образованието и социјалнaта заштита

Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука.
Станува збор за дополнителни 6 милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука, извести МФ.
Со дополнетиот предлогот усвоен од страна на Владата се обезбедени средства кај одделни буџетски корисници со цел редовно сервисирање на обврските, односно со прераспределби се изврши зголемување на средствата кај одредени буџетски корисници, со истовремено намалување на средствата од одредени буџетски корисници, со цел усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата до крајот на годината. Дополнителни измени се однесуваат и на дообезбедување на средства за плати, како и за сервисирање на обврски.
Измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година ги следат основните приоритети на фискалната политика кои се во насока на продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макроекономска стабилност и поттикнување на развојот, при што нема промена во проекцијата на нивото на буџетскиот дефицит.
Вкупните приходи со ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 % повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари.
Вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу 1%, односно за околу 3,5 милијарди денари, што се должи пред се на развојната компоненета.
Со предложениот Ребаланс се врши реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10%. Исто така, се обезбедени дополнителни средства за исплата на зголемени пензии и транзициски трошоци и како и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.
Капиталните расходи се планирани во висина од 47,4 милијарди денари и се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана.
Продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената Прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници беа обезбедени дополнителни 584 милиони денари.
Со ребаласнот не се ревидира стапката на раст и таа останува на 3,7%, како што беше проектирана и со Буџетот за 2025 година.
Инфлацијата е проектирана на 2,8% и се очекува нејзино стабилизирање, стапката на н невработеност е планирана на 11,1%.
Крајна цел на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година е непречено извршување на Буџетот и оддржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет, односно буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4% од БДП, се наведува во соопштението на МФ.
Дополнетиот Ребаланс на Буџетот ќе биде испратен на усвојување од страна на Собранието.