Економија
НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените опшествено одговорни групации во државата

Во изминатиот период Никоб Обезбедување, Никоб Медикал и Никоб Лаб беа покровители и поддржувачи на неколку големи спортски, културно образовни настани и работилници низ целата држава.
Сите настани на кои НИКОБ Групацијата беше покровител, исклучиво промовираа јавни политики кои имаа за цел да продуцираат здрави навики и животни стилови, младинска, спортска култура, медицинска и здравствена едукација.
Горди сме што бевме спонзори и покровители на 43 Интернационален медицински конгрес во Охрид, реномираниот триатлон “Триоги Рејсинг”, Авто Плус Стрит Шоу саемот за автомобили, мотоцикли и електрични велосипеди во Скопје, Вози право, вози здраво во Скопје и прекрасниот струмички маратон Струмица на улица и како и многу други настани.
Никоб Групацијата спонзорира и поддржува и неколку спортски клубови во Македонија, како на пример одбојкарскиот шампион ОК Струмица, КК Ангели од Кисела Вода и ФК Кул.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Јапонија побара од жителите на Токио да трошат помалку струја

Јапонската влада денеска ги повика луѓето во Токио и околината да трошат помалку електрична енергија бидејќи ќе има проблеми со снабдувањето со струја поради топлотниот бран.
Од Министерството за економија, трговија и индустрија очекуваат дека денеска ќе има зголемено користење на електричната енергија, затоа побара од граѓаните да ги исклучат непотребните светилки по 15 часот на три часа, за да можат да продолжат да користат клима уреди.
Во соопштението од неделата, Министерството наведува дека вишокот капацитет за производство на електрична енергија во и околу Токио се очекува да падне на 3,7 отсто денеска. Оттаму додаваат дека за стабилно напојување е потребен капацитет од 3%.
Откако некои нуклеарни централи го прекинаа производството поради земјотресот во североисточниот регион, во Јапонија имаше ограничено снабдување со електрична енергија. Властите исто така затворија неколку застарени фабрики за фосилни горива за да ги намалат емисиите на јаглерод.
За време на викендот, јапонскиот град Исесаки, кој се наоѓа на 85 километри северозападно од Токио, ја забележа највисоката температура во јуни за целата земја. Јапонската државна телевизија NHK јави дека 46 лица се пренесени во болница во Токио во неделата попладне поради последиците од топлотниот бран.
Економија
МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за земјоделско земјиште до 21 јули

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги објави двата дополнителни јавни огласи со кои за земјоделците на располагање им се ставаат дополнителни 3.769 хектари земјоделско земјиште со површина над 3 хектари.
Првиот јавен оглас опфаќа 529 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, распределени во 10 региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип. Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години.
Право на учество на овој јавен оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде под закуп на еден учесник изнесува 3 хектари, доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари.
Вкупната површина на земјоделско земјиште која се дава под закуп со вториот јавен оглас е 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.
Предвидената намена на овој оглас е за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.
Право на учество на овој јавен оглас имаат сите домашни физички и правни лица и странски правни лица. Големината на површината која може да се даде под закуп на еден корисник од овој јавен оглас, се утврдува врз основа на минимално материјално-техничката опременсот и бројот на вработени според бизнис планот на понудувачот.
Рокот за поднесување на апликациите е 30 дена од објавувањето на јавниот оглас во Службен Весник, односно до 21 јули 2022 година. Постапката за распределба на земјоделското земјиште се врши по пат на електронско јавно наддавање.
„Не оставаме ниту една педа земјоделско земјиште необработено, особено во услови на криза. Активирани се сите капацитети за обезбедување на доволно храна за сите граѓани. Во овој период на криза распишавме 7 јавни огласи со кој на рапсолагање ставаме нови дополнителни 13.785 хектари земјоделско земјиште до и над 3 хектари распределено низ целата територија на државата, со намена за производство на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна“, истакнуваат од Министерството.
Заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства можат да аплицираат на овие два јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Повеќе информации за постапката и начинот на аплицирање може да се добијат на веб страната од министерството www.mzsv.gov.mk, преку подрачните единици на министерството или во секторот за земјишите при МЗШВ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20%.
Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја.
Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти.
Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ.
Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот.
За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права.
Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, избори“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ