Контакт

Економија

Николовски: Создаваме поволни услови за работа на младите земјоделци, тие се нашето национално богатство

Објавено пред

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во следните два дена е во посета на Република Словенија, каде што ја претставува Македонија како земја партнер на еден од најголемите саеми за земјоделство и храна – АГРА 2018.

Оваа година фокусот на саемот се младите земјоделци и нивното вклучување во агробизнисот. Во рамките на саемот, денеска се одржа меѓународната министерска конференција на тема „Руралните подрачја и земјоделството како можност за младите луѓе“. На конференцијата во своето обраќање министерот Николовски ја потенцира важноста од вклучувањето на младите фармери во агробизнисот како идна сила во земјоделството.
Земјоделството бара сериозен труд и работа и затоа има негативна репутација, особено кај младите луѓе. Токму затоа Владата сериозно презема мерки во областа на земјоделството за да создаде можности за нови земјоделски бизниси и задржување на младите луѓе во руралните средини.

„На Република Македонија ѝ претстои сериозен период на развој, период во кој нашите политики се насочени кон забрзување на евроинтеграцискиот процес. За да може младите да просперираат покрај поддршката што им ја доделуваме, на патот кон интеграцијата во Европската Унија постојат вистински предизвици кои сме цврсто детерминирани да ги совладаме. Почнувајќи од минатата година, ние ја зголемивме финансиската поддршка 4 пати во споредба со претходниот износ и моментно имаме 4 милиони евра годишно, со што неодамна поддржавме 424 млади фармери за да го иницираме нивниот бизнис. Младите луѓе се нашето национално богатство со непроценлива вредност, особено кога станува збор за одржлив развој на руралните средини, а ако ги изгубиме, невозможно е да се очекува нивно враќање. Оваа конференција е од голема важност за размена на искуства и дискусија за предизвиците и новите можности за младите фармери“, истакна министерот Николовски.
Притоа Николовски ги презентира некои од мерките што ги презеде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за создавање услови за работа на младите земјоделци и нивно поттикнување за отворање сопствен агробизнис.

„Македонија ги поддржува младите фармери со дополнителни 10 отсто од основната директна исплата во периодот од првите пет години на производство. Обезбедуваме поддршка за почнување нови земјоделски бизниси на млади земјоделци со 100 отсто финансирање на трошоците, како и нов инструмент на поддршка на интегрален инвестициски проект, кој ги вклучува сите неопходни инвестициски мерки за преминување на земјоделските стопанства во повисока развојна категорија со поголеми производни капацитети. Висината на поддршката е 90 отсто за преминување од мали стопанства во втора целна категорија и 70 отсто за преминување од втора во прва целна категорија“, изјави министерот Николовски.
На Меѓународната конференција учество зедоа и млади земјоделци од разни земји, кои презентираа свои успешни бизниси и искуства во земјоделството. Македонија имаше свој претставник, младиот земјоделец кој има успешен бизнис со пчели, односно производство на повеќе видови мед.

Во рамките на министерската конференција ќе се одржи и дискусија помеѓу министрите и младите земјоделци на две теми – какви мерки се потребни да се преземат за создавање поволни услови за работа на младите фармери и какви се искуствата за дигитализација на земјоделството.

Воедно, на министерската конференција министрите ќе усвојат заедничка декларација во која некои од политиките се дигитализација на земјоделството, мерки што ќе го направат земјоделството поатрактивно, создавање услови за работа на младите земјоделци, спречување на миграцијата на младите земјоделци и друго.

Во текот на утрешниот ден ќе биде официјалното отворање на 56-тото издание на Меѓународниот саем за храна и земјоделство – АГРА 2018, на кој првпат земја партнер е Република Македонија, а каде што на посебен штанд ќе бидат претставени традиционалните македонски вредности при производството на храна и вино, вредностите на културното богатство, но и можностите за инвестиции.

Економија

(Видео) Анѓушев и Бектеши на Виенскиот економски форум: Регионалната економска област ќе ги заживее економиите на сите држави од Западен Балкан

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваа на јубилејниот 15-ти Виенски економски форум „Дијалог за иднината 2018 – Економијата се среќава со политиката“, кој денеска се одржува во Виена, Австрија.

Во фокусот на дискусијата на Виенскиот економски форум е важноста на регионалната соработка во процесот на ЕУ-интеграциите на земјите од Западен Балкан, преку процесите на дигитализација, поврзување и иницијативата за формирање регионална економска област како предуслов за интегрирање во единствениот европски пазар.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на премиерскиот панел на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции: Дигитализацијата – премостување на разликите и шанса за големи скокови“, потенцираше дека Виенскиот економски форум претставува добра шанса за дијалог на земјите од регионот, преку која треба да се интензивира и подобри меѓусебната економска соработка.

„Доколку сакаме да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани, потребно е да ја развиеме економијата. За таа цел потребно е најпрво да ги средиме работите во нашата држава, а паралелно да работиме на градење подобра соработка со нашите соседи, за повисоко ниво на регионална соработка. Внатрешно, во државите, во насока на креирање подобра бизнис-клима треба да работиме на креирање програми за поддршка на стопанството, за поттикнување нови инвестиции. Но тоа не е доволно, доколку најпрвин не се обезбеди политичка стабилност на земјата и не се обезбеди соодветно ниво на владеењето на правото“, нагласи вицепремиерот.

Вицепремиерот Анѓушев дополни дека Владата на Република Македонија веќе година и половина спроведува активности преку кои се зајакнува стабилноста и сигурноста на земјата и се разрешуваат децениски проблеми со соседите, а кои се во насока на интеграции на земјата во Европската Унија и НАТО. Тој подвлече дека во изминатиот период се потпишаа договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија и договорот со Република Грција, со кои се надминуваат разликите кои постоеја помеѓу Република Македонија и овие две соседни земји.

„До крајот на јануари 2019 година парламентот би требало да ги усвои предлозите за уставни измени, по што ќе се исполнат сите услови за да го продолжиме непречено нашиот пат кон евро-атлантските интеграции. Создадовме низа мерки преку кои се овозможува поддршка за странски, но и за домашни инвестиции. Исто така, преку средства од буџетот обезбедуваме поддршка за малите и средни претпријатија и за стартап-компаниите. Овој сет мерки веќе дава резултати, во изминатиот период потпишани се нови дваесетина договори со странски компании, а нивото на странски инвестиции во првата половина од годината е рекордно“, дополни Анѓушев.

Тој потенцираше дека повисокото ниво на регионална соработка, не само декларативна, туку реална, ќе придонесе за побрз економски развој, но и за одржливост не економиите на земјите во регионот.

„Можеме да креираме какви сакаме мерки за поддршка или да потрошиме десетици, стотици милиони за подобро поврзување меѓу нашите земји, за да го скусиме времето за патување, но сето тоа нема смисла доколку стоката на границите стои со часови. Треба заеднички сите недвосмислено да седнеме и да покажеме дека сакаме повисоко ниво на соработка и да се ослободиме од непотребните административни бариери, за подобра економија на секоја од земјите, но и подобар живот на нашите граѓани“, заклучи вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, се обрати на министерскиот панел на кој свои обраќање има министри од Владите на Албанија, Романија, Словенија и Бугарија.

„Очекуваме во парламентот да се усвојат уставните измени и да продолжат интеграциите на Република Македонија во ЕУ И НАТО. На економски план донесовме нов закон за поддршка на инвестициите, ги изедначивме условите за инвестирање на домашните и странските компании. Фокусирани сме на поддршка на малите и средни претпријатија. Одвоивме значајни средства да ја поттикнеме иновативноста и да ги отвориме шансите за работа и успех на младите луѓе во Македонија“, соопшти министерот Бектеши и ги презентираше проектите на кои Република Македонија работи на поврзување на земјата преку енергетска, патна и железничка инфраструктура со соседните земји.

Во тек на одржувањето на Виенскиот економски форум, вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши дадоа кратки изјави за медиумите. Вицепремиерот Анѓушев даде краток осврт од средбата со канцеларот Курц, комесарите на Европската комисија, Хан и Габриел и лидерите на Западен Балкан, оценувајќи ја како важна за градење добрососедски политики, за надминување на билатералните проблеми и економско поврзување на земјите од регионот како важен предуслов за обезбедување  подобар животен стандард за граѓаните.

„Агендата за формирање  регионална економска област ќе придонесе за заживување на економиите на сите држави од регионот. Добивме поддршка дека Република Македонија е на добар пат да ги оствари своите амбиции да биде дел од евро-атлантското семејство на народи“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Министерот Бектеши во својата изјава ја потенцираше важноста на регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и во таа насока рече дека Владата на Република Македонија преку владините политики и мерки настојува да се соработува и да работи на поврзување со соседните земји на најдобар можен начин.

„Ја потенцирав важноста на повеќегодишниот акциски план којшто произлегува од Берлинскиот процес. Ние веќе преземавме неколку мерки коишто се во согласност со ЦЕФТА со протоколите 5,6 и 7. Република Македонија во тој поглед е подготвена. Со Србија почнавме да воспоставуваме заеднички гранични премини и да ја зголемуваме трговијата помеѓу нашите две држави, а од почетокот на наредната година тоа ќе го направиме и со Албанија“, нагласи министерот Бектеши.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Локвенец: Владата рекордно ќе ја намали невработеноста, а со предлог-буџетот предвидува поголеми плати во сите сектори

Објавено пред

Предлог-буџетот за 2019 предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, поголема социјална еднаквост и подобра живејачка за сите, рече денеска на прес-конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата.

Како што кажа тој, платите ќе растат во сите сектори за да се зголеми мотивацијата, да се заштити професионалното достоинство и да се зголеми ефективноста во работата.

„Докторите специјалисти добиваат зголемување на платите од 10 отсто почнувајќи веќе од јануари 2019 година. Тоа ќе важи и за другиот медицински персонал кој добива повисоки плати од 5 отсто. Со ваквите мерки постигнуваме плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите со тенденција до крајот на годината таа да биде 100 илјади денари онака како што ветивме пред граѓаните“, посочи Локенец во своето обраќање.

Тој истакна дека зголемување на платите од 5 отсто ќе следува и во другите сектори.

„Повисоки плати добиваат вработените во образованието, детските градинки, социјалните центри, судството, полицијата, армијата и за културните работници. Со ваквото зголемување ќе се зголеми расположливиот доход на домаќинствата, а просечната нето-плата во овој период ќе продолжи да расте, според очекувањата 4,5 отсто на номинална основа. Исто така, во 2019 година ќе продолжи трендот на раст на платите во приватниот сектор, што ќе биде поддржано со владините мерки“, објасни пратеникот на СДСМ и коалицијата.

Додаде дека пакетот-активни мерки за вработување ќе изнесува 1,1 милијарда денари, со што, како што рече, се очекува намалување на невработеноста на рекордно ниско ниво од 20 отсто.

Локвенец посочи дека буџетот следната недела ќе биде и пред пратениците и повика на конструктивна дебата за дополнителни подобрувања во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Уапсен директорот на „Нисан“

Објавено пред

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан мотор“ објави дека внатрешната истрага покажала дека Карлос Госн, директорот на компанијата, покажал помал приход од вистинскиот и презел други незаконски дејства.

Како што објавија јапонските медиуми, Госн конечно беше уапсен.

Госн, кој е претседател на партнерството меѓу „Нисан“, „Рено“ и „Мицубиши моторс“, беше уапсен под сомневање за кршење на финансискиот закон, објавија јапонските медиуми.

Поради ова, цената на акциите на партнерот на „Нисан“ и главeн акционер, „Рено“, во кој Госн е претседател на управата и извршен директор, силно падна утринава. На берзата „Еуронекст“, само во текот на утрото акциите ослабеа повеќе од 12 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет2 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија4 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија5 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија7 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион8 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток8 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија8 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија9 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија10 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија10 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија10 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион11 час

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија12 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија13 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија14 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија14 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија1 ден

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт1 ден

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Досие