Контакт

Економија

Николовски: Со влезот во ЕУ на македонските земјоделци им се отвора пазар од 500 милиони граѓани

Објавено пред

Во целодневна работна посета на општина Прилеп денеска престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при што оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски.

Како што информираат од Општина Прилеп, на средбата се разговарало за стандардот на земјоделците и за иницијативата на Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски за одделување средства од општинскиот буџет, со кои ќе бидат обештетени земјоделците кои претрпеа штета од невремето што во јули го зафати Прилепскиот Регион.

Градоначалникот Јованоски потенцирал дека заедно со министерот ќе остварат средби со населението од регионот погоден од невремето, а ќе ги посетат и населените места Канатларци, Мало и Големо Коњари.

„Ќе ги посетиме и Галичани и Кадини Село, каде на 23 јули се случи природна непогода при што од градот беа оштетени земјоделските култури, каде со земјоделците ќе разговараме за штетите што ги претрпеа. Како што знаете, Советот на Општина Прилеп формираше комисија која ги разгледа поднесените 1 315 пријави за оштетени култури и која записниците ги испрати до Министерството за земјоделство. За првпат од постоењето на локалната самоуправа, Општина Прилеп ќе издвои буџетски средства за обештетување на дел од штетите направени од невремето. Иако тие средства нема да ги обештат целосно, сепак во голема мера ќе придонесат за задоволување на основните потреби за подготовка на следната реколта“, изјавил Јованоски.

Министерот Николовски рекол дека тутунопроизводството е една од стратешките гранки во земјоделството, која  добива силна поддршка од Владата и која обезбедува девизен прилив од околу 100 милиони евра.

„Оваа година го воведовме концептот на субвенционирање во три нивоа, за прва класа 80 денари за килограм, за втора 70 и за трета класа 60 денари за еден килограм тутун. На тој начин, за 5 милиони евра е зголемена висината на субвенциите што ги добија тутунопроизводителите. 28 милиони евра, навремено, кога се потребни, дојдоа кај 26 000 семејства кои се занимаваат со оваа значајна земјоделска гранка. Со новиот Закон за тутун се создаваат административни олеснувања, односно се отстрануваат одредени бариери што ги имаа земјоделците при склучувањето на договори. Се укинуваат евидентните листови и се создава административен софтвер, во кој ќе се внесуваат сите податоци од страна на откупните компании. ЕУ одделува 40 отсто од својот буџет токму за секторот земјоделие и ова е еден од најзначајните сектори каде што стигнува целокупната поддршка за државите членки на ЕУ. Затоа 30 септември е многу важен за тутунопроизводителите, за земјоделците, за сите граѓани, за да го направиме овој крупен исчекор преку кој ќе дојдеме до повисоки откупни цени, до сигурен пласман, до зголемен извоз, до зголемени вработувања во целиот сектор, со влезот на Македонија на пазарот од 500 милиони граѓани, колку што изнесува пазарот на целата ЕУ. 30 септември е историската можност која граѓаните треба да ја искористат и да гласаат за европска Македонија“, истакнал Николовски.

Покрај посетата на населените места, министерот ја посетил и Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп.

Свет

Уганда го зголеми бројот на вакцини против ебола

Објавено пред

Уганда почна вакцинација за превенирање ебола со која се таргетираат околу 2000 здравствени работници во пет дистрикти од Демократската Република Конго.

Министерството за здравство на Уганда проценува дека секоја недела околу 20 000 влегуваат и излегуваат од Уганда и Конго, кои се борат со најлошите случаи на епидемија на ебола.

„Ги прегледуваме сите кои влегуваат од Конго во Уганда, ги едуцираме за ебола и како се шири, ги деконтаминираме и им даваме совети како да останат безбедни“, вели Мутегеки Џон, тим-лидерот на Црвениот крст од Уганда.

Засега во Уганда нема потврдено случај на заразени лица со вирусот ебола. Сепак, властите презедоа мерки за зголемена контрола на вирусот од кој 198 лица починаа во Конго.

Прикажи повеќе...

Економија

Вишок нафта на глобалниот пазар се очекува во текот на следната година

Објавено пред

Глобалната понуда на нафта ќе ја надмине побарувачката во текот на 2019 година бидејќи постојаниот скок во производството го неутрализира зголемувањето на потрошувачката што е во опасност поради забавувањето на глобалната економија, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Во најновиот месечен извештај Агенцијата со седиште во Париз ги задржа проекциите за раст на глобалната побарувачка на нафта за 2018 и 2019 година на непроменето ниво во споредба со минатиот месец, односно на 1,3 милион барели дневно и 1,4 милион барели дневно, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Економија

ССК: Со менторство до побрз развој на човечките ресурси во компаниите

Објавено пред

Законско регулирање на менторството на работното место, потреба од изготвување стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска, како и потреба од дополнителна стандардизирана обука за менторите и менторираните, се детектираните клучни предизвици за успешна реализација и примена на менторството во нашата земја, кое е од голема важност за професионалниот развој на човечките ресурси во компаниите, беше истакнато на прес-конференција во Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК). За таа цел извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков, и претседателот на Македонската мрежа на менторите, Славица Николовска, потпишаа меморандум за соработка.

Зарков истакна дека главната улога на менторството е преку развивање менторска програма да се пренесат знаења, експертиза и искуство, а со нејзино реализирање да се овозможи професионален развој на менторираниот.

„Во развиените земји, особено во САД, менторството претставува дел од корпоративната култура. Во нашата земја менторството се спроведува во администрацијата и академијата, додека компаниите се соочуваат со предизвици за негова имплементација, пред сè, поради нерегулираниот однос кон менторот во одредена компанија. Во досегашните обиди за имплементација на менторството во стопанството, компаниите се соочуваат со недостиг од правна заштита и утврдување законска рамка на поимот ментор и неговата улога во компанијата. Компаниите сметаат дека терминот ментор треба да се регулира законски бидејќи при инспекциски надзор се доведуваат во ситуација за утврдување неправилности, токму поради нерегулираниот статус на менторот“, изјави Зарков и додаде дека ова е од исклучителна важност заради придонесот за развој на човечките ресурси во компаниите, особено во денешни услови на одлив на квалитетен човечки капитал.

Николовска истакна дека веќе седум години Македонска мрежа на менторите се залага за подобрување на економското опкружување преку поддршка на претприемачите и малите и средните претпријатија преку менторство, едукација и настани за вмрежување.

„Голем број сопственици на компании или менаџери на институции при реализација на својата менторска улога имаат можност менторираниот да го поканат во својата компанија, како би можел тој одблизу да ја види работата на менаџерот/сопственикот. Многу често ваквиот тип едукација доведува и до понуда за вработување. Но, во сегашниот закон за работни односи како форми на советување и учење се издвоени практиканството, стажирањето и волонтирањето. Овој тип неформална едукација во компанија не е препознаена и како таква би можела да креира проблем доколку менторираниот е затекнат во компанијата од страна на трудовата инспекција, при што и компанијата и менторираниот би подлежеле на парична казна“, истакна Николовска и додаде дека досега оваа менторска релација е уредена само со т.н. џентлменски договор потпишан од двете страни, во кој се истакнати само основите на менторската врска, но и вака уреденото менторство не го мотвира менторот/компанијата да го преземе ризикот.

На настанот јасно беше истакната потребата од креирање дијалог со бизнис-секторот заради систематизирање на менторскиот пристап и  изготвување стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија3 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија3 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија3 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија5 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија6 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија6 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија7 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија7 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија7 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет8 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија9 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија9 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија10 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија21 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија23 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија23 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија1 ден

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија1 ден

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања1 ден

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Досие