Контакт

Економија

Николоски: Почнуваме со изградба на Западен булевар – Климент Охридски во Гевгелија, обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година

Објавено пред

Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набргу да почне неговата изградба. Претходно, со приближно 10 милиони денари се реконструира улица во населеното место Мрзенци и ова е начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешната посета на Гевгелија.

Тој потенцира дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го посети и населеното место Миравци, каде што пуштија во употреба новоизграден пазар.

„Претходно, со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот, што верувам дека ќе му помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот на Светската банка одобривме 10 милиони денари, кои се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар – Климет Охридски, што практично треба да отвори цел нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средствата што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе оди преку Министерството за транспорт, а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, а во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следува период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во Миравци е проект на Општината, инвестиција од 4 милиони денари.

Најново

Спорт14 минути

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт30 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет2 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...

Свет3 часа

Италија: Црвено предупредување за невреме во Тоскана, погодени се и други региони

Властите денес издадоа црвено предупредување за времето за Тоскана, додека бурата што моментално ја погодува Италија донесе обилни врнежи од...