Контакт

Економија

Николоски: Зошто власта набавува гас по 40 отсто повисока цена од берзанската и зошто во РЕК „Битола“ на тендерите секогаш има еден понудувач?

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска, во Битола, изјави дека енергетската состојба во државата ја следи незнаење, од една страна, и голем криминал и корупција, од друга. Тој објави две големи теми – едната е набавката на гас по 40 % најмалку повисока цена од берзанската цена и, втора, зошто во РЕК „Битола“ секогаш има по еден понудувач.

dobivaj vesti na viber

Николоски посочи дека се доволни овие две теми денес да се отворат и да се дадат одговори, како и одговорност, која подолг временски период не ја гледаме, а како што рече, тука одговорноста е на највисоко ниво затоа што со одлуки на оваа Влада, практично одлуките се одземени од РЕК „Битола“, и набавките се прават директно од централата, односно се прават од ЕЛЕМ, односно Владата, затоа што раководството на ЕЛЕМ е назначено директно од Владата.

„Се работи за еден огромен скандал. За жал, во енергетиката има само скандали. Имено, ЕЛЕМ, односно ЕСМ, потпиша договор со сомнителни фирми од Бугарија за набавка на гас по фиксна цена од 99 евра за мегават-час, иако денес, доколку ја отворите ‘Купекс’ како релевантна берза за цела Југоисточна Европа, ќе видите дека цената е 59 евра. Што значи дека само денес разликата е приближно 40 евра за мегават-час или, преведено во проценти, над 40 % е разликата помеѓу тоа по кое набавува државата и се трошат народните пари и она што е денес цена на берзата“, рече Николоски.

Тој посочи дека се работи за огромни екстра профити на овие сомнителни компании од Бугарија, што отвора сериозен сомнеж за криминал и корупција.

„Така што би сакал да го повикам овде целиот менаџмент на ЕЛЕМ, како и Владата и министерот за економија, Крешник Бектеши, премиерот Димитар Ковачевски, да дадат одговор и да понесат одговорност за ова ненаменско трошење пари, кое во јануари достигна над милион евра повеќе од тоа што беше на берза, а за февруари веројатно ќе биде 2-2,5 пати повеќе од она што е берзанска цена и да дадат одговори каде одат овие средства“, истакна Николоски.

Тој праша како е возможно на речиси секој тендер што го објавува ЕЛЕМ во РЕК „Битола“ да има само по еден понудувач.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Папата излезе од болница и се пошегува: се уште сум жив

Објавено пред

Папата Франциск денеска ја напушти болницата Гемели во Рим, каде неколку дена беше лекуван од инфективен бронхитис.

dobivaj vesti na viber

-Сè уште сум жив, се пошегува папата (86) на излегување од болницата.

Ватикан вчера потврди дека папата Франциск ќе ја напушти болницата денеска а утре планира да ја предводи мисата за верскиот празник Цветници, на плоштадот Свети Петар.

Светиот Отец пред три дена беше примен во римската болница каде прими антибиотска терапија. Папата, кој има повеќе здравствени проблеми, беше примен во болница поради проблеми со дишењето. Претходно во петокот, извори од Ватикан соопштија дека Папата поминал втора мирна ноќ во болницата, што е уште еден знак дека добро закрепнува од бронхитисот.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи во компанијата ТЕЦУП во Тетово: Ги поддржуваме компаниите да го развиваат своето производство и конкурентноста на странските пазари

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата ТЕЦУП од Тетово, која се занимава со производство на хартија и картон, и која Владата ја поддржува преку законот за финансиска поддршка.

dobivaj vesti na viber

Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за компанија која работи со квалитативни и биоразградливи материјали, погодни за животната средина.

„Оваа компанијата произведува хартиени чаши за чај, кафе, сок и сладолед за еднократна употреба, производи кои се со квалитативни и биоразградливи материјали наменети за домашниот но и на странскиот пазар, поточно за пазарите во Србија и Италија“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот информираше дека компанијата ТЕЦУП е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, бидејќи се работи за компанија чии производи се во согласност со ISO стандардите во хармонија со Европскиот зелен договор на кој Владата е сериозно посветена.

„Партнерски ќе ја следиме компанијата во нејзината инвестиција во нов објект со вкупна површина од 400м2 каде што се планирани нови производствени капацитети. Токму ова е и целта на планот за економски раст за поддршка на компаниите, да ги поддржи компаниите како ТЕЦУП, партнерски да ги поддржи, и да ги помогне да инвестираат и да се развиваат“, изјави Битиќи.

Шуиб Весели еден од сопствениците на компанијата ТЕЦУП се заблагодари за финансиската поддршка за која рече дека е добредојдена за изградбата на новите производствени капацитети, кои ќе допринесат за додадена вредност на компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Преку супервизорски циркулар ќе се јакне заштитата на потрошувачите на банкарските услуги

Објавено пред

На одржаната редовна седница на Советот на Народната банка беше донесен Циркулар за финансиските институции за следење и примена на препораките и добрите практики за заштита на правата и интересите на потрошувачите при користењето финансиски услуги од банкарскиот сектор на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Имено, Народната банка преку донесениот циркулар воспоставува добри практики во поглед на заштитата на потрошувачите корисници, залагајќи се за правични и транспарентни односи, врз основа на јасни и лесно разбирливи информации за производите и услугите што ги даваат. При изготвувањето на овој циркулар се користени меѓународни стандарди, европски директиви и практики во овој домен, имајќи ги предвид карактеристиките на банкарскиот систем и банкарската регулатива кај нас.

Циркуларот предвидува одредби за понатамошно подигнување на корпоративната култура и вредности кај банките коишто се фокусираат на правичен и еднаков третман кон клиентите. Исто така, предвидени се одредби и за воспоставување практики за обезбедување соодветни совети и препораки за потрошувачите, засновани на финансиските цели, потребите и знаењето на секој потрошувач, земајќи ја предвид сложеноста на финансиската услуга или производ и ризиците поврзани со нив. Значаен аспект на заштитата на потрошувачите е и достапноста до јасни, релевантни и навремени информации за финансиските услуги и производи, па со Циркуларот се дефинираат и практиките во овој домен. Значајни одредби во Циркуларот се посветени и на поставувањето добри практики поврзани со ракувањето со поплаките од клиентите, при што се очекува дека финансиските институции ќе го унапредат системот за ефективно ракување, како и дека навремено и праведно ќе постапуваат во врска со поплаките на потрошувачите.

Практиките опфатени во Циркуларот имаат за цел да поттикнат воспоставување високи стандарди на одговорно и професионално однесување во финансиските институции кон клиентите и градење култура каде што интересите на потрошувачите се составен дел од деловните стратегии и работењето на финансиските институции.

На истата седница, Советот ја потврди висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјата во висина од 0,75%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2024 година. Одлуката се темели на редовната квартална оцена на системските ризици за четвртиот квартал на 2022 година, којашто потврди дека банкарскиот сектор е здрав и стабилен и отпорен на шокови. Истовремено, се задржани и оцените за постепено зголемување на цикличните системски ризици, во услови на продолжена неизвесност, вклучително и на пазарот на недвижности. Во вакви услови, кога ризиците сѐ уште не се одразиле врз билансите на домашните банки, со противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за јакнење на капиталната сила на домашните банки, со што се јакне и стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем, а со тоа и на севкупната финансиска стабилност.

На седницата на Советот беше усвоен и Извештајот за управувањето со оперативните ризици на Народната банка на Република Северна Македонија за 2022 година. Основната цел на овој извештај е да се презентираат резултатите од длабинската процена на оперативните ризици за 2022 година. Управувањето со ризиците е неопходен елемент на доброто корпоративно управување коешто придонесува за ефикасно и ефективно остварување на поставените стратегиски цели, мандат и визија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени,...

Топ5 часа

По трагедијата во Прага каде почина матурант, професори и студенти се враќаат од екскурзијата во Хрватска

Матурантот од средното училиште „Мате Балоте“ од Пореч во Хрватска, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е 17-годишен ученик...

Македонија6 часа

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим...

Македонија6 часа

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против...

Македонија8 часа

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се...

Македонија9 часа

Тинејџерките биле најдени близу „Бит Пазар“; МВР: Биле во близина на продажен објект

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати,...

Македонија12 часа

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Од општина Центар,...

Свет13 часа

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е недопирлив, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво...

Македонија13 часа

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата...

Економија14 часа

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Како што објави...

Свет14 часа

(Видео) Торнадо однесе покрив за време на концерт во САД

Едно лице загина, а десетици се повредени кога покривот на концерт на хеви метал бенд во Илиноис се урна при...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката...

Топ1 ден

Исчезнати две тинејџерки од Скопје, полицијата трага по нив

Исчезнати се две тинејџерки од Скопје. Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К. Двата случаи...

Свет1 ден

Путин потпиша нова руска глобална стратегија, насочена е против Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов руски стратешки документ чија цел е ограничување на „западната доминација“. Во документот се...

Македонија1 ден

Влада: Платите нема да се зголемат 78%, разгледуваме можност за намалување на коефициентите

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани...

Македонија1 ден

„Го жалам Ковачевски, работи во интерес на ДУИ“ – Хајредини не ги штеди ниту Ахмети, ниту Груби, ниту Османи: aјдуци на власт

Дали се задоволени албанското его и решавањето на меѓуетничките односи во државата, дали со поставувањето премиер Албанец ќе биде ставен...

Македонија1 ден

(Видео)Побарајте помош ако имате напнатост и несоница по лажните вести за киднапирање и труење ученици

Анксиозност, нерасположеност, социјално изолирање од другите и чувство на срам иако не направиле ништо лошо се очекувани последици од лажните...

Македонија1 ден

Болните од цистична фиброза го потсетија Ковачевски: Рековте лек ќе има за сите

Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за...

Македонија1 ден

Османи: Политичарите треба да бидат последни на листата за зголемување на платата

Политичарите треба да бидат последни што ќе добијат поголема плата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него,...

Топ1 ден

Обвинителството за убиството во Капиштец: Осомничениот пукал неколкупати, па продолжил да го удира со кундакот по главата

Скопското Обвинителство го заврши увидот на самото место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец, при што...