Контакт

Економија

Новата ŠKODA OCTAVIA – висока технологија, врвен дизајн и поголема практичност

Објавено пред

Со четвртата генерација на својот бестселер ŠKODA достигнува нова димензија која буди емоции

Уште подобра, попросторна, поемотивна и со подобра поврзаност од било кога, со претставувањето на четвратата генерација на својот бестселер, ŠKODA достигнува нова димензија. Срцето на брендот ŠKODA, новата Octavia е подолга и поширока од својата претходна генерација, има уште поголем багажен простор и е со поемотивен дизајн благодарение на дизајнерскиот јазик на ŠKODA. Дополнително, со новата Octavia, ŠKODA воведува и нов дизајнерски концепт за ентериерот кој комбинира одлична просторна понуда со високо-квалитетни материјали, неверојатна функционалност и милион паметни детали. Иновативната поврзаност и новиот систем за асистенција го подигнуваат комфорот и безбедноста на многу повисоко ниво.

Новата Octavia е многу попространа од својата претходна генерација. Хечбекот е 19 милиметри подолг, а Combi изведбата е цели 22 милиметри подолг од досегашниот модел. Дополнително, Octavia е поширока за 15 милиметри, што ветува повеќе простор во кабината. Моделот може да се пофали и со поголем багажник со капацитет од дури 640 литри, додека хечбекот има 600 литри, што претставува најголем багажен простор во класата.

Новиот дизајн на предниот браник со остри, потесни предни светла нуди визуелно задоволство благодарение на LED технологија која се користи кај предните и задните светла, како и кај светлата за магла. Ново дизајнираните, плитки шини на покривот ја истакнуваат издолжената силуета на Octavia Combi, додека хечбекот изгледа речиси како купе.

Во ново дизајнираниот ентериер, Octavia нуди нов, двокрак волан, кој може да се добие со систем за загревање, на кој се поставени дури 14 најразлични функционалности кои може да се контролираат без да ги тргнете рацете од управувачот. Централната конзола е редизајнирана и нуди премиум изглед со интересни ситни хромирани детали, кои може да ги најдете и на вратите. Во кабината се користени меки, премиум материјали, а новото LED амбиентално осветлување обезбедува посебен визуелен допир, со избор на десет различни бои.

За првпат во модел на ŠKODA се вградуваат посебни ергономски седишта, кои поседуваат и масажна функција, а во топ верзијата располагаат и со вентилација. Опционалниот head-up дисплеј е уште една функционалност која ŠKODA ја воведува по прв пат. Дисплејот ги покажува најважните информации како брзина, навигација, сообраќајни знаци и системи за помош на возачот, директно на ветробранското стакло. Уште една премиера во новата Octavia е тро-зонскиот Climatronic. Електромеханичката паркирна сопирачка е влегува во стандардниот пакет. Новата генерација на ŠKODA Octavia може да да пофали и со расположливите акустични странични прозори, кои ја намалуваат бучавата од патиштата во кабината.

Octavia е прв модел на ŠKODA што ракувањето со бирачот на менувачот DSG го пренесува по електронски пат (Shift-by-Wire). Со тоа менувачот добива сосема нов дизајн на менувачот, вклучувајќи копче за положбата за паркирање.

Други нови функции ги вклучуваат системите за препознавање на сообраќајни знаци, одржување во лента, асистенција при гужва во сообраќај и асистенција во случај на опасност. Системот Hands-on Detect проверува, речиси на секои 15 секунди дали возачот доследно го допира воланот или дали веќе нема контрола врз возилото заради потенцијален медицински итен случај. Ако се случи таков итен случај, системот за „Помош за итни случаи“ може да го доведе автомобилот да застане во лентата. Доколку е неизбежен судир и покрај трудот на сите овие системи, тогаш возилото ќе се обиде максимално да ги заштити патниците така што автоматски ќе ги затвори прозорците и панорамскиот покрив и ќе ги затегне безбедносните појаси.

Четвртата генерација на ŠKODA Octavia не само што е поекономична и еко-пријателска, таа исто така доаѓа со поголем избор на алтернативни погонски системи од кога било досега. За прв пат, постои plug-in-хибридна варијанта, Octavia iV.

Некои од бензинските мотори, кои се дополнително оптимизирани, сега се опремени со лесна хибридна технологија, а дизел моторите доаѓаат од најновата генерација ЕВО и испуштаат до 80 проценти помалку азотен оксид. Моќноста се движи од 110КС до 204КС.

Поставата вклучува и варијанта која се напојува со природен гас (CNG), моделот Octavia G-TEC. Постои избор на четири варијанти на шасијата, и секако, новата Octavia е достапна со погон на сите тркала.

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Викторијас Сикрет“ во Велика Британија оди во ликвидација

Објавено пред

„Викторијас Сикрет“ во Велика Британија не ја преживеа пандемијата и отиде во ликвидација.

Судијата Сали Барбер ја одобри транзицијата кон ликвидација, што значи дека се загрозени стотици работни места во 25 продавници на „Викторијас Сикрет“ низ Обединетото Кралство.

Сепак, ликвидацијата ќе ѝ овозможи на компанијата да плаќа дивиденда на доверителите.

Продажбата преку Интернет ќе продолжи бидејќи не е поврзана со „Викторијас Сикрет“ од Велика Британија.

Кога британската филијала на малопродажба влезе во минус минатата година, британската компанија за облека „Некст“ ја спаси „Викторијас сикрет“ со преземање на 51% удел во групата и на тој начин спаси 500 од 800 работни места.

Сепак, компанијата не успеа да се опорави од слабата продажба. Во исто време, брендот доживеа големи проблеми во САД, бидејќи неговиот сопственик Лес Векснер се соочи со тужба поради контактите со Џефри Епстајн.

Векснер е обвинет дека му дозволил на Епстајн да ја користи својата луксузна вила во Охајо за сексуално злоставување малолетници.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Долгот достигна 7,4 милијарди евра, само за шест месеци е зголемен за 904 милиони евра

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека јавниот долг на државата достигнал 7,4 милијарди евра.

„ Но тоа не е најголемиот проблем. Уште поголем проблем е што за само шест месеци тој долг порасна за 904 милиони евра. Значи само за шест месеци порасна долгот за 904 милиони евра. А, тоа се народни пари, позајмени од Владата кои што треба граѓаните да ги плаќаат поради неспособните и неекономските политики на оваа Влада и обидот за сериозен поткуп и влијание на гласачите за следните локални избори“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека откако е оваа влада на власт повеќе од две ипол милијарди евра е зголемен долгот.

„ Тоа значи дека секој еден граѓанин во Македонија должи повеќе од 1.250 евра, откако оваа Влада е на чело на државата“, нагласи Мицкоски.

На сметка на тоа БДП, рече Мицкоски, воопшто не е ни поместен од тоа што беше нивото во 2017-тата година. Ја обвини Владата дека позајмува, троши, а ефекти во економијата нема.

„ И за тоа нема денес претприемач, нема стопанственик кој што не се жали од неекономските политики на оваа Влада. Јас сум шокиран и од друг показател бидејќи го следам оној бројач во министерството за финансии и можам да заклучам дека во јули месец дефицитот е зголемен за нови 5 милијарди од прилика денари, а нивото на капиталните инвестиции заклучно со јули месец нема да надмине девет милијарди денари, иако ветуваа дека реализацијата на капиталните инвестиции согласно ребалансот ќе биде 30 милијарди. Имајќи предвид дека доаѓаат месеци кога реализацијата ќе биде слаба, не очекувам дека таа бројка ќе надмине 15 милијарди денари“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Капиталната инвестиција во јужната долина на реката Вардар обезбедува навремено и квалитетно наводнување

Објавено пред

Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со водните ресурси и без современи системи за наводнување, не можеме да зборуваме за развиено земјоделство, рече премиерот Зоран Заев по повод изградбата на системот за наводнување со кој се обезбедува наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.

Вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека севкупната инвестиција е над 24 милиони евра.

„Огромна инвестиција сметам дека треба да е пример за тоа како ние политичарите треба да постапуваме одговорно кон интересите на граѓаните, кон она што е наша обврска и што побрзо да создадеме сè подобри услови за земјоделците, особено за оние од овој регион коишто тоа го работат. Но, имавме и визија, не застанавме тука, туку уште тогаш работевме на она што денес, еве повторно, се гледа како реалност низ постапките, а тоа е одлуките кои Владата ги носеше за дополнителни 100 милиони евра за четири нови системи за наводнување. Денес сме сведоци на овој систем за наводнување кој го пуштаме во употреба, но ја имаме визијата и веќе Министерството и сите структури работат и на Јужно-вардарска долина трета фаза, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување за коишто верувам дека сведоци ќе бидеме во наредниот период“, рече Николовски.

Средствата на проектот се обезбедени 30% од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и 70% во договор со Владата на Сојузна Република Германија, застапувана од Германската Развојна Банка (KfW), во форма на грант и на заем под поволни услови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија38 минути

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија42 минути

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија3 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија3 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт5 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија8 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ10 часа

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет11 час

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет13 часа

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија23 часа

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Спорт1 ден

Надал: Ѓоковиќ може до гренд слемот оваа година

Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата...

Македонија1 ден

Заев: Очекувам на „Отворен Балкан“ наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица

Балканот повеќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан” создава многу можности за подобар...

Спорт1 ден

(Видео) Скандал во Токио – белоруска олимпијка не сака да се врати дома, бара азил

Белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја го повика Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да се вклучи во нејзиниот случај. Таа изјави дека била...

Македонија1 ден

Во Македонија 72 нови случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство. Направени е...

Регион1 ден

Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ

Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ. Според медиумите, причината за смртта била...

Македонија1 ден

Пендаровски непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски за утрешното чествување на Илинден

Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден,...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Нема да бидеме дел од циркускиот церемонијал на Пендаровски

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Досие