Контакт

Економија

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Објавено пред

Потпишан e договор за државна помош со „Дрекслмајер“. Станува збор за нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1.000 нови работни места

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и управителите на „Дрекслмајер“, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, го потпишаа договорот за државна помош за реализација на новата инвестиција на оваа германска компанија.

Битиќи соопшти дека потпишувањето на овој договор за нова инвестиција на германската компанија „Дрекслмајер“ е уште една потврда за партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и за поволната бизнис-клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите. Тој потстети дека од септември 2020 година потпишани се 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а дополнително ова е вкупно петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во земјата (ВИК-втора фаза, Ипротекс, Пурпласт и Дрекслмајер и Магна) во овие 8 месеци.

„Ова значи, дека од септември 2020 вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата се во тек, со вкупна вредност од 95,7 милиони евра и отвораат околу 2.000 работни места за граѓаните. Денеска го потпишавме договорот за државна помош со компанијата ‘Дрекселмаер’ за нов инвестициски циклус од 16 милиони евра и 1.000 нови работни места. Инвестициите на ‘Дрекслмајер’, направени изминатите 9 години, но и оваа нова инвестиција, покажуваат дека компанијата ги препознава добрите бизнис-услови во нашата земја и искрениот однос на Владата кон инвеститорите“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот се осврна на мерките за поддршка кои се наведени во договорот со „Дрекслмајер“.

„Компанијата ќе добие поддршка во форма на ослободување од данок на личен доход за новите вработувања во компанијата, односно за оние кои ќе бидат дел од овој проект, за период до 10 години, како и ослободување од данокот на добивка кој се однесува на новиот инвестицискиот проект, за период од 10 години. Исто така ќе се изврши исплата кон ‘Дрекслмајер’ во форма на готовински грант во износ од 10% од износот на оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од 1.000.000 евра, на годишно ниво, за максимум пет години, како и исплата форма на готовински грант во износ од 2.000 (две илјади) евра, по вработен, за креирање нови работни места, а особено е важно што оваа поддршка се однесува за оние работни места, за кои континуирано се исплаќа месечна нето-плата повисока за најмалку 50% од висината на минималната нето-плата пропишана со Законот за минимална плата на Република Северна Македонија“, потенцираше вицепремиерот.

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

„Ова особено го потенцирам за Куманово, град кој припаѓа во Североисточниот Плански Регион, регион којшто има втор најмал бруто-домашен производ по жител и најмалку учествува во создавањето на вкупниот бруто-домашен производ. Верувам дека гигант како ‘Дрекслмајер’ ќе помогне оваа слика да се промени и во економска смисла да го раздвижи Куманово, кој е навистина на атрактивна локација, на спојот помеѓу двата паневропски коридори 8 и 10, но и целиот регион“, додаде вицепремиерот Битиќи.

Управителите на „Дрекслмајер“, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, ја истакнаа добрата соработка со Владата на Република Северна Македонија, а се заблагодарија и на нивните меѓународни партнери Дајмлер (Daimler) и БМВ (BMW), која придонесе за реализација на новата инвестиција. Воедно тие изразија задоволство од соработката што ја имаат со домашните компании, при што истакнаа дека „Дрекслмајер“ соработува со околу 700 компании во Република Северна Македонија. Во Куманово и Кавадарци ќе се инвестира двоцифрен милионски износ во новите производствени компании и ќе се отворат преку 1000 работни места, соопштија Кауфман и Мирингер.

Компанијата „Дрекслмајер“ е светски познат бренд во автомобилската индустрија, со главна дејност производство на кабелски сетови (комплетни електрични системи), а помеѓу нивните клиенти има многу кои припаѓаат на топ 100 автомобилски добавувачи, како што се Audi, BMW, Bugatti, Cadillac, Jaguar, Lamborghini, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, MINI, Porsche и Volkswagen. Оваа компанија е присутна во нашата земја од 2012 година и е еден од најголемите работодавачи во земјата.

Со новата инвестиција се планира зголемување и проширување на производствените капацитети и опрема за потребите на проектот на Mercedez-Benz, E-Class во постоечкиот производствен погон во индустриската зона Телот во Кавадарци и зголемување на производствените капацитети со нов производствен погон и опрема во Куманово за потребите на нивните клиенти Mercedez-Benz и BMW за проектите E-Class, G-Class и BMW CLAR WE.

Економија

Водечката он-дименд платформа за барање работни позиции – Upshift официјално ја отвори својата најнова канцеларија во Мајами, Флорида

Објавено пред

Водечката он-дименд платформа за барање работни позиции – Upshift(Македонско-американската компанија) официјално ја отвори својата најнова канцеларија овој месец во Мајами, Флорида. Канцеларијата во Мајами ќе служи како седиште на Upshift во Флорида и ќе го поддржи проширување на Upshift. Нелсон Марин, менаџер на пазарот за Upshift во Јужна Флорида, изјави дека самото отворање на новата канцеларија придонесе да се отворат и многу нови работни позиции.

Upshift веќе обезбеди клиенти во Мајами како „Компас груп“ и зоолошката градина „Мајами“ да дејствуваат како сидра додека го градат својот локализиран пазар во Јужна Флорида. Во врска со плановите на Upshift за Мајами, Марин изјави: „Како жител на Јужна Флорида јас сум исклучително горд и возбуден што преку Upshift им овозможувамe флексибилна работа на луѓето во Мајами и им помагаме на бизнисите да ги исполнат потребите за персонал преку нашата револуционарна технологија. Ние создаваме нешто поразлично и го искористуваме огромниот раст на gig економијата или економија на привремено вработување. Јужна Флорида е пазар каде што угостителската индустрија е огромна, па одлично се вклопуваме. Во Upshift со нетрпение очекуваме да соработуваме со бизнисите тука и да го зголемиме нашето присуство во други региони во Флорида во блиска иднина, каде што
има потреба од флексибилни работни позиции.”

Основана во 2016, Upshift (www.upshift.work) обезбедува бизниси од многу индустрии како продажба, хотели, кетеринг, производство, e-commerce, шанса и простор да најдат екстра работна сила за дополнителен приход за привремено вработување со флексибилни работни саати. Седиштето во САД на Upshift е во Синсинати, Охајо, додека европското седиште е во Скопје. Upshift исто така е распространет и во други 14 градови низ САД.

Upshift е поддржан од Recruit Holdings Ltd. (родителска компанија на Indeed.com и Glassdoor.com.). Дополнително, сите тројца коосновачи на Upshift се од Македонија или соседните држави. Техничкиот директор (CTO) Никола Јордановски е роден во Скопје, и е студент од ФИНКИ, извршниот директор (CEO) Стив Аневски е од Битола, а директорот за операции (COO) Алекс Пантич е од Крагуевац.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Патничко осигурување од „Кроација“ со покритие за Ковид-19 до 10.000 €

Објавено пред

„Кроација осигурување“ го прошири патничкото осигурување со целосно покритие за Ковид-19. Проширената патничка полиса, нуди покритие за трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар, за тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, за потребни лекови дадени при вонболничко лекување, за болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција.

„Граѓаните имаат потреба да патуваат и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат дури и во услови на пандемија, а ние како компанија во тоа ја вложивме целата нашата експертиза и искуство на осигурителниот пазар. Овозможивме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде осигуреникот престојува. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања”, велат од „Кроација осигурување“.

Патничкото осигурување со Ковид-19 од Кроација е достапно како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Египет, Турција и Русија. Со јасно и прецизно дефинираните услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Сите подетални информации за понудата се достапни на линкот.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши од Брисел: Имплементацијата на економско-инвестицискиот план е клуч за заздравување на економијата

Објавено пред

Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за постковид заздравување на нашата економија. Очекуваме многу нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи со Европската Унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини.

Министерот го информираше евроамбасадорот за реализацијата на приоритетните проекти на Северна Македонија во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан што ќе значат нов стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување.

Заедничкиот став со Европската Унија е дека подоброто поврзување на економиите на Западен Балкан во рамките на регионот и со ЕУ бара силна посветеност од Западен Балкан за спроведување темелни реформи, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот е поатрактивна област за инвестиции, информираат од Mинистерството за економија.

Со планот за обнова и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и постковид закрепнување.

Министерот го информираше евроамбасадорот за приоритетите на Северна Македонија со претседателствувањето со ЦЕФТА оваа година и поставените цели за олеснување на трговијата, транспортот и поврзаноста на земјите од Западен Балкан кои произлегуваат од Берлинскиот процес.

Беше нотирано дека Северна Македонија е пример во Западниот Балкан за напредокот на реформи во царинската политика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија4 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија5 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа5 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија6 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија7 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион8 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет8 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет9 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет9 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет10 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија21 час

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија1 ден

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија1 ден

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Досие