Контакт

Економија

Нова инвестиција на ОКТА за поефикасна контрола и гаранција на квалитетот на горивата

Објавено пред

ОКТА инвестираше во дигитализација на моторите, единствени во државата за испитување на цетански и октански број коишто се наоѓаат во лабораторијата на компанијата.  Ова е прва акредитирана лабораторија за ваков вид испитувања во земјава којашто работи согласно референтни методи дефинирани во највисоките европски, американски и домашни стандарди.

dobivaj vesti na viber

Првиот уред кој доби нов современ дигитален панел е моторот за испитување на квалитетот на дизел горивата, односно за параметарот цетански број. Со дигитализацијата, многу од функциите на овој лабораторски мотор се автоматизираат. На овој начин се намалува можноста од човечка грешка и се овозможува уште попрецизно тестирање и подетална анализа во реално време на процесот и брзината на согорување на дизел горивото, што од друга страна има големо влијание врз севкупните перформанси и безбедноста на моторите во возилата кои користат ваков вид нафтен дериват, но и за животната средина.

Најновата инвестиција во дигитализација на опремата во лабораторијата на ОКТА ја поздравија министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и претставниците на Бирото за метрологија, Институт за акредитација, Царинска лабораторија и други, кои присуствуваа на официјално претставување на првиот дигитализиран лабораториски мотор за испитување на квалитетот на дизел горивата во земјава.

„Со ваквите инвестиции во дигитализација на системот за испитување и контрола, ОКТА ја потврдува својата посветеност и континуирана заложба кон одржување највисок стандард во работењето, особено кога станува збор за квалитетот на горивата што ги нудиме на домашниот но и на останатите извозни пазари во соседството.  Истовремено, на ваков начин придонесуваме и го истакнуваме значењето од постењето на редовна контрола на квалитетот на горивата на сите бензински станици во земјата, што е особено важно за потрошувачите, затоа што квалитетот и количината на горивата која што ја користи нивното возило е од витално значење за моторот, но што е уште поважно е суштински важно за животната средина и намалувањето на загадувањето во целина“, истакна главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос.

Во следната фаза ОКТА планира да го дигитализира и лабораторискиот мотор со кој се вршат испитувања и анализи на квалитетот и перформансите на Еуросупер нафтените деривати, односно за одредување на октанскиот број на бензините.

Во 2006 година, лабораторијата на ОКТА го доби првиот сертификат за акредитација, што ја прави и прва акредитирана лабораторија во земјата. Со својата модерна опрема и  54те акредитирани методи се вршат детални испитувања и анализи на различни типови горива и тоа: Еуросупер бензин со 95, 98 и 100 октани, Еуродизел, екстра лесно гориво за греење, мазут, течен нафтен гас и гориво за авиони на млазен погон.

Заложбите за контрола на квалитетот и количината на горива на бензинските станици со брендот ОКТА, компанијата ги потврдува и со спроведувањето на „Програма Гаранција“ веќе 9 години по ред, преку која се испитува и гарантира квалитетот и количината на горивата на бензинските станици со брендот ОКТА. Во рамки на оваа Програма, специјално обучен тим во соработка со Машинскиот Факултет, врши ненајавени и редовни контроли на квалитетот и количината на горивото што се продава во малопродажната мрежа со брендот ОКТА.

Дополнително, во лабораторијата на ОКТА се тестираат и примероци од горива на други увозници, дистрибутери и продавачи на горива од земјава и странство, на производители и увозници на возила, како и за потребите на државните институции, како што се Царинска управа, Државниот пазарен инспекторат и други.

ПР текст

Економија

Николоски-Варади: отворено прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до и од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Охрид

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Северна Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата.

Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.

Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период.

На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересриани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Прикажи повеќе...

Економија

Сиљановска-Давкова се обрати на женскиот економски форум: „Жените треба да ја преземат реформаторската улога“

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на женскиот економски форум – „Балкан 2024“, што се одржува во организација на Здружението на жените менаџери – ЕЛИТ.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање претседателката истакна дека иако е евидентен напредокот, не смееме да се задоволиме со постигнатото на полето на родовата еднаквост.

„Должни сме да продолжиме со заложбите за рамноправност и еднаквост на правата не само de jure, туку и de facto, оти женските права се човекови права и степенот на демократијата се оценува и низ нивната реализација. Особено е важно да се елиминираат бариерите за економска партиципација и лидерство на жените“, потенцираше претседателката.

Во таа насока таа истакна дека суштински предизвик е да се препознае и признае улогата на жената во процесите на одлучување и обликувањето на општеството, да се зголеми женското влијание врз и во различни сфери, вклучувајќи ги бизнисот, политиката, администрацијата, академската заедница и граѓанското општество.

Претседателката потенцираше дека поттикнувањето на иновациите и овозможувањето одржлив развој е еден од најважните приоритети поврзани со женското лидерство, како и зелената транзиција. Во таа насока таа посочи дека глобалните платформи како Г100 се добредојдени за стимулирање на локалните и националните промени во делот на женското лидерство во политиката, економијата и конкретно, во поддршката на женското претприемништво, менторство и едукација.

„Моќта на глобалните мрежи во споделувањето знаења, ресурси и системи за поддршка на жените е клучна во градењето на следната генерација жени лидерки кои ќе придонесат за конечно премостување на традиционалните граници во секторите во кои доминираат мажи“, посочи таа во своето обраќање.

Осврнувајќи се на глобалните предизвици, претседателката истакна дека во услови кога фокусот е на кризниот менаџмент сè помалку време се посветува на растот, развојот и напредокот и дека поделениот и завојуван свет има егзистенцијална потреба од одговорно лидерство, визионерство и темелна посветеност на одбраната на човековите права.

„Жените треба да ја превземат реформаторската улога. Тие ја имаат способноста да се издигнат над личните интереси и профитот и да ја видат големата човечка слика. Верувам дека токму жените лидерки во економијата, со својата енергија, посветеност, решителност, вештини и знаење може да ги преусмерат економските текови, ставајќи мировен, женски печат и промовирајќи и стимулирајќи одржливи и фер економски политики и модели, истакна претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека жените лидерки во економијата поседуваат докажана општествена одговорност, грижа за заедницата и екологијата, остварување на милениумските цели без експлоатација и нарушување на работничките права.

Во своето обраќање претседателката изрази очекување дека релевантното меѓународно присуство и активност ќе ги охрабри и стимулира македонските лидерки да станат уште поактивни социјални актерки во низа области.

Целта на форумот е вмрежување на жените од различни сектори од регионот на Западен Балкан и Република Турција, преку размена на искуства и нивна соработка, а во насока на поттикнување и јакнење на улогата и позицијата на жените во општеството.

Прикажи повеќе...

Економија

Средба на Ангеловска-Бежоска со Камер: Силниот кредибилитет на Народната банка придонесе за успешно справување со инфлацијата

Објавено пред

Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, се сретна со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

dobivaj vesti na viber

 Беше посочено дека еден од најважните фактори за отпорноста на централната банка е нејзината независност. Како што истакнува Камер, независноста на централните банки е витално јавно добро, коешто мора да се чува и да се зајакнува. Во оваа смисла, тој ја истакнува нашата земја како импресивен пример, нагласувајќи дека создавањето на независната Народна банка во 1992 година било клучно за намалувањето на хиперинфлацијата од раните деведесетти години, додека денеска Народната банка, според новиот индекс за независноста на централните банки на ММФ, е рангирана на многу високо ниво.

 „Во услови на глобална неизвесност, централната банка има важна улога во одржувањето на макроекономската стабилност, преку мерките за справување со последователните кризи во изминатите четири години. Преку водење претпазливи, соодветни политики, инфлацијата се сведе на едноцифрени стапки, додека девизните резерви се зголемија за 40%, во однос на преткризниот период. Финансиската стабилност е задржана, банкарскиот систем е добро капитализиран и обезбедува поддршка за граѓаните и фирмите“, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

 На средбата, високиот гостин ѝ се заблагодари на гувернерката Ангеловска-Бежоска за одличната организација на Конференцијата, на која на едно место се обединија гувернерите на централните банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и на меѓународната академска заедница, зборувајќи за повеќе актуелни прашања  од централнобанкарската сфера. 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија1 час

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...

Топ3 часа

Условна за скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ-заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина...

Топ3 часа

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва треба да се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на...

Топ3 часа

Тројца починати на лице место, возачот на камионот повреден во сообраќајката на патот Припеп-Битола

Tри лица загинаа, а еден е повреден во сообраќајната несреќа што утрово после 7 часот се случи на магистралниот пат...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините

Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како...

Свет5 часа

(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката. Експлозијата остави голем кратер и...

Свет5 часа

Рано утрово одекнаа експлозии во Бејрут: Израел повторно нападна, 100.000 луѓе панично избегаа од Либан во Сирија

Рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши нов напад врз либанската престолнина Бејрут, чија цел беа, како што тврдат, локации поврзани...

Свет5 часа

(Видео) Објавена снимка од американски разурнувачи, кои пукаат во ирански ракети

Објавена е снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети. Централната команда на САД сподели видео клипови од два...

Свет5 часа

Меланија Трамп го поддржа правото на жените на абортус во своите мемоари

Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, ја изрази својата страсна поддршка за правото...

Македонија17 часа

(Видео) ЦУК: Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато, се вклучува и специјално противпожарно возило на Армијата

Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во...

Македонија24 часа

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија1 ден

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија1 ден

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија1 ден

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет1 ден

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...

Македонија1 ден

„Вреди“: Елми Азири подготвен да ја потоне ДУИ

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата...

Свет1 ден

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен и официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...