Контакт

Економија

Новиот дом на „Форд Македонија“ по премиум-стандарди

Објавено пред

Овластениот увозник и сервисер на возилата од марката на Ford, „МИ-ДА гранд моторс“, почна со работа на својата нова локација, во комплетно нов, атрактивен продажно-сервисен објект, кој воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум-стандарди на вкупна површина од 9.600 м2, од кои затворен објект на 2.640 м2 и располага со Ford-салон од 450 м2, каде што сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, како и Ford-сервис од 1.300 м2, каде што веќепостојните сопственици на Ford ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги по врвни стандарди.

„Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност во согласност со деловната стратегија на Групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford, кој овозможува профитабилен раст за сите, е всушност и дел од мисијата на ‘МИ-ДА гранд моторс’ и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на улица Босна и Херцеговина бр. 1, односно на крстосницата со булеварот Словенија, а покрај Ford-салонот и сервисот, располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила „Аутото“, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година.

Истовремено, по повод на отворањето на новиот објект и 25-годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сѐ до крајот на 2019 година.

Во рамките на кампањата за сите возила достапни овде во салонот следуваат попусти од најмалку 15 отсто во зависност од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци, како зимски гуми, каско-осигурување, покривни носачи и сл. За корисниците на сервисните услуги на Ford исто така следуваат многубројни подароци и изненадувања.

(ПР-текст)

Економија

Усвоен најновиот квартален извештај на НРБМ со најновите макроекономски проекции

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен најновиот квартален извештај, во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка.

Априлските проекции не се значително променети во споредба со октомвриските согледувања. Во текот на овој период се очекува закрепнување на економијата, при што и натаму целосно враќање и надминување на преткризното ниво се очекува во 2022 година. И ова сценарио не упатува на поголеми инфлациски притисоци, а надворешната позиција и понатаму останува поволна. Во однос на изворите на ризици, тие и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на Ковид-19, велат надлежните.

Од НБРМ појаснуваат дека во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 %, што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 %, а во 2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 %.

Се очекува растот на БДП оваа и в година да произлезе од домашната побарувачка, а нето-извозот да има негативен придонес, велат од НБРМ.

Во известувањето стои дека кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 %.

За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 %. Очекувањата за идните движења во надворешниот сектор укажуваат на стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 % од БДП во 2021 година, што во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките, при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината. Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 % од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на соодветно ниво, се посочува во писменото соопштение.

Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Имено, во текот на 2020 година кредитната поддршка беше солидна, а тековните проекции упатуваат на нејзино постепено забрзување во следниот период.

Ризиците за остварување на основното макроекономско сценарио и понатаму се оценуваат како надолни и се главно поврзани со пандемијата на Ковид-19. Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното побавно спроведување на имунизацијата, што е тесно поврзано со набавката и дистрибуцијата на вакцините, како и со повторно разгорување на пандемијата со појавата на нови мутации на вирусот и нивна поголема отпорност на веќе постојните вакцини, што би можело да доведе до повторно воведување построги рестриктивни мерки за спречување ширење на вирусот. Евентуалната материјализација на овие ризици може да доведе до повторно нарушување на синџирите на производство и на побарувачката и до значително забавување на очекуваната динамика на економско закрепнување, а со тоа и до тешкотии во опстојувањето на фирмите и побавно закрепнување на пазарот на труд. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побргу од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната, а со тоа и домашната економска активност. Исто така, членството на нашата држава во НАТО и почнувањето преговори за полноправно членство во ЕУ и натаму претставуваат позитивен ризик за проекцијата на среден рок, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Костадинов: Со планот за економски раст со речиси 70 милиони евра се поддржани 800 компании

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.

„Преку планот за економски раст во изминатите три години, со речиси 70 милиони евра поддржани се 800 компании, од нив, 42 милиона евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој“, вели Костадинов.

Ова се пари од буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање нови добро платени работни места, смета портпаролот на СДСМ.

Тој потенцира дека државната помош, освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со многубројни статистички податоци. Се надминуваат последиците од корона-кризата, во изминатите месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, a стапката на невработеност благо опаѓа. Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична“, констатира тој.

Напомена дека поддршката за домашната економија продолжува и понатаму и дека во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонскиот ИТ-пионер „Еконет“ станува дел од реномираната ИТ-компанија „Синами“

Објавено пред

Од април 2021 година една од постарите ИТ-компании „Еконет“ се спојува кон визијата на реномираната ИТ-компанија „Синами“, која веќе 20 години успешно дејствува на домашниот, но и на меѓународните пазари. Спојувањето кон визијата доаѓа по најавите на „Синами“ за нејзин раст и проширување како во бројот на вработени така и за развој на нови напредни софтверски решенија и продукти.

Зад двете компании стои искусен тим од ИТ-професионалци, а од „Синами“ и „Еконет“ велат дека спојувањето отвора нови можности и перспективи за освојување нови меѓународни пазари, особено имајќи го предвид исклучително големиот потенцијал што индустријата го нуди.

„Проширувањето на ‘Синами’, која од неодамна функционира како самостоен бренд, е само логична последица на нашата бизнис-стратегија за раст на компанијата. Имаме навистина огромен потенцијал и верувам дека овој чекор само дополнително ќе придонесе за исполнување на нашата амбициозна визија за развој. Располагаме со силни човечки ресурси, односно добро подготвен и мотивиран кадар со повеќедецениско искуство, кому сега му се придружува и нов тим од висококвалификувани ИТ-професионалци, па сигурен сум дека со овој состав ќе го одржиме растот што веќе го имаме во Европа и Северна Америка, но и ќе продолжиме со освојување нови пазари“, истакна Бојан Тасевски, извршен директор на „Синами“.

Инаку, компанијата „Еконет“ е еден од ИТ-пионерите на македонскиот пазар основана во 1999 година, која се позиционира како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и за Косово, а потпирајќи се на своето искуство во дистрибуцијата на софистицирана ИТ-опрема, подоцна стана овластен дистрибутер и за уште еден светски бренд – Microsoft. Следењето на глобалните трендови во ИТ-индустријата, навремената дистрибуција на најсовремените ИТ-продукти, како и искуството во обезбедување консултантски услуги за дизајнирање и имплементација на технички решенија за голем број компании, беа главен мотив за „Еконет“ во 2016 година и самата да стане компанија за развој на нови софтверски решенија и услуги.

„Еконет“ е една од постарите домашни ИТ-компании присутна на регионалниот пазар повеќе од 20 години. Спојувањето со реномираната компанија „Синами“ е продолжување на нашата успешна приказна, но и нов почеток што ни отвора можност за уште поуспешно дејствување во ИТ-секторот. Повеќедецениското искуство што го имаат нашите кадри ќе биде дополнителна помош за тимот на „Синами“ во справување со секојдневните предизвици што ги носи новото време, а со примена на нашите вештини сигурен сум дека ќе придонесеме во континуираниот развој на нови напредни ИТ-решенија. Се чувствуваме задоволни што се придружуваме на искусен тим, кој постигнува исклучителни резултати и на меѓународниот пазар и веруваме дека заедно ќе се позиционираме уште подобро и ќе постигнеме уште повеќе“, истакнуваат од „Еконет“.

Инаку, „Синами“ е софтверска компанија, која дејствуваше речиси 20 години во рамките на „Сеавус“, а по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката Групација АРИКОМА, компанијата се издвои како нов самостоен бренд. Во клиентите на „Синами“ денес се вбројуваат дури 70 % од најуспешните Fortune 500 компании, како Airbus, Rolls Royce, McLaren, SAP, Tesla и слични профили на клиенти од разни индустрии, со просечен број од 40.000 вработени.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Македонскиот војник заразен со Ковид-19 во Африка, со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјава пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа1 час

Германски виролог: Оние кои нема да се вакцинираат, неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирус за една и пол година. Тоа,...

Европа1 час

Тензиите од Блискиот исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот исток се прелејаа во Германија, каде се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку млади...

Свет2 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирус откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет3 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија14 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија18 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија18 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија20 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија21 час

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија21 час

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет23 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија2 дена

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Досие