Контакт

Економија

Нови шест медали за вината на „Тиквеш“ освоени во Кина

Објавено пред

Винарската визба „Тиквеш“ го надмина успехот од изминатите две години, остварен на најголемиот и најценет натпревар на вина и жестоки пијалаци на азискиот континент, што се одржува во Хонг Конг, Кина. На годинешниот China Wine & Spirits 2018, вината на „Тиквеш“ освоија шест медали, двојно повеќе од изминатите две натпреварувања.

Конкретно, врвното црвено вино вранец Special Selection 2016 годинава освои двоен златен медал, што е највисоко признание на овој натпревар, а црвените вина т’га за југ 2016, барово 2015 и Alexandria Cuvée 2016 се наградени со златни медали.

Chardonnay Domaine Lepovo 2016 е наградено со сребрен медал, а белото вино Alexandria Cuvée 2017 доби бронзен медал. Овие вина се единствените вина од Македонија и поширокиот регион кои се наградени на овој престижен вински натпревар.

„До неодамна Кина не се вбројуваше во традиционалните светски вински пазари, но сведоци сме дека ситуацијата се менува рапидно. Прогнозите се дека во 2020 година увозот на вина на кинескиот пазар ќе достигне вредност од 22 милијарди долари, со што Кина ќе ги надмине водечките вински пазари, како Франција и Велика Британија. ‘Тиквеш’ веќе неколку години сериозно ги следи и анализира ваквите пазарни трендови и презема конкретни чекори за зголемување на пласманот на нашите вина на овој огромен пазар. Веруваме дека освоените високи награди за нашите вина оваа година, кои се надоврзуваат на освоените медали претходните две години, значајно ќе ги зголемат шансите за соодветно позиционирање на ‘Тиквеш’ како производител на квалитетни вина кои потекнуват од Европа, што е особено важно за потрошувачите на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

За значењето на овие медали за вината на „Тиквеш“ говори и податокот дека тие се освоени во конкуренција од над 5000 светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на 100 најголеми увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои годишно увезуваат над 90 милиони шишиња вино.

Економија

(Видео) Николовски: Членството во НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и благосостојба на животните

Објавено пред

Од

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните и обезбедување безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој присуствуваше на 5. состанок на меѓународниот конгрес на Групацијата Вет-истанбулска група и 8. меѓународен научен собир Денови на ветеринарна медицина 2018, кој се одржа вчера во Охрид.

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина како институција чии експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија ја пофали Македонија за мерките што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата, но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија веќе има воспоставено систем за информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг-програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти, кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.

Прикажи повеќе...

Економија

Најголемите тарифи на САД во историјата погодуваат речиси половина од кинеските стоки

Објавено пред

Од

kina i sad trgovska vojna tarifi

Започна новиот круг американски тарифи за кинески стоки, што се најголеми во ескалацијата на трговската војна помеѓу економските суперсили, објави Би-Би-Си.

САД започнаа да воведуваат тарифи за кинески производи во вредност од 200 милијарди долари во 12:01 часот по локално време во Пекинг, како одговор на тоа, според нив, нефер практиките за тргување од страна на Кина.

Кина пак се одмазди со тарифи за американски стоки во вредност од 60 милијарди американски долари. Според Кина, САД ја започнале најголемата трговска војна во економската историја.

Последниот потег го зема вкупниот износ на кинескиот увоз погоден од американските тарифи од јули до 250 милијарди долари. Ова значи дека овие нови должности се однесуваат на речиси половина од целиот кинески увоз во САД, пренесуваат светските медиуми.

Последната ескалација доаѓа откако Кина ги откажа понатамошните трговски разговори со САД.

Последните царини на САД се однесуваат на речиси 6.000 предмети, што претставува најголема рунда трговски тарифи досега воведена од Вашингтон.

Тие влијаат на торбите, оризот и текстилот, иако некои предмети, како што се паметни часовници и високи столици, се изземени.

Американските компании кои увезуваат кинески производи за кои станува збор, ќе мора да платат дополнителни 10% такси.

Данокот ќе се зголеми на 25% од почетокот на 2019 година, освен ако двете земји не постигнат договор.

Прикажи повеќе...

Економија

„Порше“ се откажува од дизел мотори

Објавено пред

Од

Како прв германски производител на автомобили, „Порше“ го напушта производството на возила со дизел мотор, беше соопштено денеска во Штутгарт.

„За ‘Порше’, кој е познат како производител на спортски автомобили, дизел моторите отсекогаш играле споредна улога и затоа ние одлучивме дека во иднина повеќе нема да произведуваме автомобили со таков погон“, се наведува во соопштението од Управниот одбор на германскиот производител.

Компанијата, која е дел од групацијата „Фолксваген“, објави дека во иднина ќе се фокусира на сегментот што е специјалност на „Порше“.

„Ќе се работи на моќни бензински мотори, хибриди, а од следната година и на електрични автомобили“, изјави за весникот „Билд ам Сонтаг“ претседателот на Управниот одбор, Оливер Блуме.

Тој појасни дека „Порше“ никогаш не развивал дизел мотори, но и покрај тоа производителот претрпел штети по скандалот предизвикан поради манипулирање со вредностите на издувните гасови.

„Дизелската криза предизвика многу проблеми“, рече Блуме. Сите возачи на порше модели со дизел мотори можат да бидат мирни и не треба да се грижат бидејќи и натаму ќе се спроведува сервис за ваквите мотори, додаде тој.

„Порше“ ја објави одлуката дека се откажува од дизел погонот истиот ден кога беше најавен и т.н. дизел самит во канцеларијата на Ангела Меркел, на кој политичарите и автомобилските компании треба да одлучат како да ја спречат забраната за дизел мотори во германските градови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Димитров: Со четири амандмани ќе менува Уставот, се уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи...

Македонија59 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа5 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет5 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија22 часа

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија24 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Досие