Контакт

Економија

ОАЕ дадоа зелено светло за прва нуклеарна електрана во арапскиот свет

Објавено пред

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дадоа зелено светло за почеток со работа на нуклеарната електрана во Барака, што ќе биде прва нуклеарка во арапскиот свет, изјави постојаниот претставник на ОАЕ во Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

dobivaj vesti na viber

„Сојузното тело за нуклеарна регулација одобри издавање оперативна дозвола за работа на реакторот 1 на оваа постројка“, рекол Хамад Алкаби.

Тој најавил дека централата набргу ќе почне со работа, без да прецизира датум.

Централата со четири реактори ја изгради конзорциум на чело со „Емиратес нуклеар енерџи корпорејшн“ и „Кореја електрик пауер корпорејшн“.

Се проценува дека изградбата чинела 22,5 милијарди евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бочварски: Поедноставените постапки за поставување фотоволтаични електроцентрали на крововите даваат резултати

Објавено пред

Поедноставените постапки за поставување фотоволтаични електроцентрали за на кров ги даваат првичните резултати. Се зголемува интересот кај граѓаните кои започнуваат постапки за поставување  фотоволтаични централи на своите кровови, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска оствари работа посета на општина Берово.

dobivaj vesti na viber

Министерот Бочварски заедно со градоначалникот Звонко Пекевски остварија средба со граѓани од Берово на кои ги презентираа поедноставените постапки за поставување  фотонапонски централи, согласно измените на Законот за градење и тоа до 6 киловати за физички лица и 40 киловати за правни лица.

Министерот пред присутните потенцираше дека постапката за поставување на овој тип фотоцентрали на кров се намалува од претходните 30 дена, сега само на 1 ден со тоа што заинтересираните правни или физички лица сега можат да поставуваат без одобрение за градење само со известување.

„Ова е време кога треба сите да размислуваме за поевтина енергија за да можеме да заштедиме на нашите домашни буџети. Овие поедноставени процедури сега овозможуваат граѓаните и правните лица да можат без одобрение да постават кровни фотоцентрали. Ова е поедноставена постапка која содржи само неколку чекори, а тоа се: Подготвување на основен проект со две фази и тоа со архитектура и електрика и само известување до општината преку која граѓанинот ја информира општината дека пристапува кон поставување  енергетски објект на својот кров. Подготвени сме на овој начин да му помогнеме на електро-енергетскиот систем на државата, но и да си помогнеме самите и да придонесеме за плаќање помали сметки за електрична енергија” – изјави министерот Бочварски.

Прикажи повеќе...

Економија

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

Објавено пред

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење  приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата.

dobivaj vesti na viber

Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022 г и да бидат снабдувани преку ЕСМ продажба од 1.1.2023г.

Одлуката на владата со која на ЕСМ продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување.

ЕСМ продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Забрзува растот на зелените кредити во третиот квартал од 2022 година

Објавено пред

Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7%%. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Во третиот квартал е зголемен и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7% во претходниот квартал, на 3,1%, односно за 0,4 процентни поени. Иако податоците покажуваат поволни поместувања, сепак има простор за понатамошно зголемување на уделот на зелените во вкупните кредити.

dobivaj vesti na viber

Во третиот квартал зелените кредити на корпоративниот сектор и домаќинствата достигнаа 12.876 милиони денари, односно се зголемија за 31,5 милиони евра за едно тримесечје. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите на фирмите, коишто учествуваат со 5,8% во вкупните кредити доделени на корпоративниот сектор. Растот на зелените кредити кај домаќинствата е помал и тие учествуваат со само 0,7% во вкупните кредити на секторот „домаќинства“.

Насочените активности на Народната банка за поттикнување и зголемување на свесноста кај домашните кредитори за финансирање „зелени“ проекти, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, придонесоа за зголемување на зеленото кредитирање за речиси 80% крајот на 2019 година. Во истиот период кредитите пораснаа и како удел во вкупните кредити за 0,9 процентни поени.

Во септември 2022 година Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. На ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, Народната банка придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата, а воедно со мерката се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање.

Преку низа други активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање. Во тек е и изработка на стратегија за поттикнување на зеленото финансирање, во која меѓу другото е предвидена подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. Се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а од годинава Народната банка воспостави и редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат и редовни стрес-тестови.

Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено кај помалку развиените економии, затоа сè повеќе централни банки го гледаат зеленото финансирање како дел од нивниот мандат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

„Ист гејт“: Дојавата за бомба е лажна, трговскиот центар продолжува со работа

По најавите за бомба во „Ист гејт“ се огласија од трговскиот центар. Со статус на својот фејсбук-профил ги информираа закупците...

Македонија2 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија3 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет4 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија4 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет5 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет5 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа5 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија22 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион22 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија23 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа1 ден

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија1 ден

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет1 ден

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа1 ден

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа1 ден

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет2 дена

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија2 дена

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...