Контакт

Економија

Објавен повик за доделување 8 милиони евра за општините

Објавено пред

Општините од денеска ќе може да аплицираат со нови капитални проекти за 8 милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот што го спроведува со поддршка на Светската банка.

Со овие 8 милиони евра општините ќе може да финансираат проекти, како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги се настојува, прво, граѓаните да добијат подобри општински услуги и, второ, да се развие локалната економија.

„Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на културата, општински згради итн. Ова се реални проекти со реални вредности за граѓаните“, истакна неодамна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на потпишувањето договори за капитални инвестиции со шест општини во рамките на овој проект.

Само преку овој проект на годишно ниво, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.
Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светската банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА-грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот, покрај подобрување на општинските услуги, е и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите.

Економија

Драстичен пад на британската фунта поради проблемите во преговорите за брегзитот

Објавено пред

Од

Британската фунта денеска нагло падна бидејќи премиерката Тереза Меј остана на цврстите позиции за брегзитот, што ден претходно во Европската Унија беше оценето како нереално решение.

Фунтата, која пред обраќањето на Меј падна речиси еден отсто во однос на доларот, сега падна на 1,5 процент бидејќи премиерката рече дека преговорите за брегзитот се во застој.

Меј предлага Велика Британија да остане на единствениот пазар на ЕУ за стоки, но не и на услуги, за да се задржат слободната трговија и отворената граница помеѓу Ирска и Северна Ирска.

ЕУ го отфрла таквиот план наведувајќи дека Лондон не може да избира елементи на припадност на пазарот, без прифаќање на сите трошоци и одговорности.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера на самитот во Салцбург отворено кажа дека делови од планот на Тереза Меј едноставно нема да може да функционираат.

Прикажи повеќе...

Економија

„Рајанер“ под истрага заради наплатување рачен багаж

Објавено пред

Од

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата отвори истрага против ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ поради одлуката да им го наплаќа рачниот багаж на патниците, објавија британските медиуми.

„Рачниот багаж е суштински елемент во транспортот и треба да биде вклучен во цената на билетите”, забележа регулаторот.

Од ноември патниците сè уште ќе можат да влезат со мала лична торба во авионот, под услов да можат да ја стават под седиштето, но „Рајанер“ ќе им наплаќа девет евра за торба со тежина од 10 килограми.

Италијанскиот регулатор се сомнева дека новата мерка на „Рајанер“ може да биде неправедна продажна практика, бидејќи ја искривува крајната цена на билетот и не дозволува веродостојна споредба со цените на другите авиокомпании, објави Би-би-си.

Прикажи повеќе...

Економија

„Пежо“ бара од француската влада да воведе стимулации за хибридни возила

Објавено пред

Од

Францускиот производител на автомобили PSA Group побара од француската влада повторно да воведе стимулации за продажба на хибридни возила, претставувајќи хибридни верзии на големи модели на автомобили во согласност со строгите европски регулативи за емисии на штетни гасови.

Производителите на автомобили бараат во што е можно пократок рок во понудата да ги вклучат електричните и хибридни модели со цел да ги испочитуваат европските ограничувања на емисиите на јаглерод диоксид и да избегнат високи казни.

„Бараме повторно да се воведат стимулации за хибридни возила“, рече Лоран Фабре, челник на француската групација ПСА задолжена за односи со владата.

„Пежо“, „Опел“ и „Ситроен“ се добро позиционирани за исполнување на европските стандарди, но нивната електрична програма вклучува само најмали модели на автомобили. Кога станува збор за поголеми модели, компанијата се соочува со поголем пазар и треба да постигне значително поголема продажба со цел потегот да биде профитабилен, па токму затоа се бара поддршка и од државните власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток1 час

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток3 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија8 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ10 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија10 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија12 часа

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија13 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија14 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија14 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија14 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет15 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија16 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија1 ден

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија1 ден

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие