Економија
Објавен повик на Фондот за регионални предизвици за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука во Западен Балкан 6

Фондот за регионални предизвици го објави регионалниот повик за поддршка на инвестиции во кооперативна обука, во износи од 150.000 до 600.000 евра, со вкупен фонд на средства за користење од 18,8 милиони евра. Настанот што го најави почетокот на овој огромен регионален проект ги собра претставниците на меѓународните организации и иницијативи, регионални организации, јавни институции задолжени за стручно образование и обука, стопански комори, даватели на стручна обука, претпријатија. Фондот има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за кооперативна обука што се спроведуваат преку партнерства помеѓу центри за стручна обука и претпријатија.
Поддршката што Фондот за регионални предизвици на Германската банка за развој (KfW) ја дава на Западен Балкан преку поттикнување на партнерство на образовни институции, средни училишта и факултети, и компании, е најдобриот начин да се помогне во закрепнувањето, растот и подобрување на конкурентноста на економиите од Западен Балкан 6.
Според Михајло Весовиќ, претставник на Форумот за инвестиции во Западен Балкан, “овој проект започнат пред пандемијата сега станува уште поважен затоа што ќе обезбеди дополнителна обука и нови вработувања во компаниите и индустриите кои биле најмногу погодени од Covid 19. Овие бизниси сега работат со намалени капацитети и ќе мора да го намалат бројот на вработени и да претрпат сериозни структурни промени.“
На настанот беше истакнато дека Стопанските комори, членки на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 ќе бидат максимално ангажирани и ќе придонесат за вклучување во конзорциуми на компании од гранки кои се клучни за развојот на секоја економија поединечно и регионот како целина. Вејсовиќ ги покани компаниите да соработуваат со средни училишта, високи стручни училишта и факултети за да аплицираат за средствата на Фондот и заеднички да формираат центри за обука што ќе им овозможи на учесниците да се запознаат за време на обуката со машини, опрема и алатки со кои се работи во реална работна средина и со кои ќе работат подоцна кога ќе се вработат.
Онлајн настанот опфати разни теми, вклучително и „Подобрување на партнерствата за кооперативна обука помеѓу институциите за стручно образование и претпријатијата во Западен Балкан 6“. Учесниците го дадоа своето мислење за соработката помеѓу приватниот сектор и секторот СОО што треба да резултира во поддршка на понатамошно образование и економски реформи на Западен Балкан. Исто така, беше наведено дека приватниот сектор треба да биде поинволвиран во соработката со институциите за стручна обука.
„Фондот за регионални предизвици е иновативен инструмент создаден врз основа на побарувачката за соодветно обучена работна сила, во вистинско време. Фондот претставува можност за компаниите и давателите на стручна едукација и обука соодветно да се подготват за времето што следува по пандемијата, што дополнително ќе придонесе за стабилизирање и развој на нивните индивидуални деловни модели.“– рече Викториа Веидт, Сениор директор за портфолио, КФВ
Панелистите се согласија дека програмите како што е Регионалниот фонд поддржуваат подигнување на квалитетот на стручното образование, за што значително придонесува соодветната законска рамка. Преку поддршката од Фондот, компаниите ќе можат да го олеснат процесот на обука на студенти, потенцијални идни вработени, бидејќи тие ќе дојдат во работната средина со претходно стекнати основни технички вештини што ќе ги стекнат благодарение на современата опрема и алатки во нивните училишта . Компаниите исто така можат да ја користат поддршката на Фондот за дополнителна обука на своите вработени.
Повикот за изразување интерес беше објавен на https://rcf-wb6.org/и ќе биде отворен од 1 февруари до 30 април 2021 година. Апликациите се отворени за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан, составени од еден институт за стручна обука и најмалку два претпријатија.
Фондот за регионални предизвици е нова програма која се стреми да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан 6. РЦФ е поддржан од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој преку КФВ-Европска Банка-Германска соработка за развој и е спроведен од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Годишната инфлација во еврозоната во февруари стабилна

Годишната инфлација во еврозоната остана на 0,9 проценти во февруари, бидејќи порастот на цените на свежата храна, услугите и индустриските добра го надминаа падот на цените на енергијата, покажаа проценките на Европскиот завод за статистика.
На месечна основа, според проценките на Евростат потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 проценти.
Цените на свежата храна по овие анализи пораснале најмногу на годишно ниво, за 1,4 проценти.
Следни се услугите, со пораст на цените за 1,2 проценти.
Тежината на инфлацијата и натаму се енергенсите, со пад на цените од 1,7 проценти во споредба со истиот месец лани.
Меѓу членките на еврозоната со најголема годишна инфлација е Холандија, со 1,9 проценти. Следува Германија со 1,6 проценти повисоки цени во споредба со февруари минатата година.
Пад на цените на потрошувачка се забележани во седум земји членки на Унијата.
Предводи Грција со 1,9 проценти пониски цени од февруари минатата година. Следува Словенија, со 1,1 процент пониски цени.
Економија
(Видео) Бесими: Во ковид-кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за финансии, Фатмир Бесими, присуствуваа на работна средба во Стопанската комора, на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на Комората, усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.
Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека тие се еден од клучните фактори не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис-заедницата туку и како иницијатори и партнери во креирањето политики.
Министерот за финансии, Бесими, посочи дека главен предизвик на Владата и на Министерството во ковид-кризата е да се реагира со брзи и интервентни мерки за да им се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање мерки за ревитализација на економијата, а во исто време и создавање долгорочни системски мерки за поинтензивен и одржлив економски раст.
Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво преку одржаниот голем број работни средби, притоа во рамките на платформата за јавно приватен дијалог се отворени многу стратешки теми, кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.
Економија
Бочварски: Новиот пат до Кочани ќе овозможи подобар живот за жителите од Источниот Регион

Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како и експресниот пат од Штип до Радовиш, е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата.
Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, како и градоначалниците на општините Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново-Облешево, изврши увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани, делница Крупиште – Кочани.
„Овој дел од експреснот пат е со должина од 13,7 километри, а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Или вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Задоволни сме од фактот што граѓаните веќе ја возат првата делница од Три Чешми до Крупиште по нов, модерен и безбеден пат“, истакна Бочварски.
Директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека патот се очекува да биде завршен до крајот на оваа година.
„Вкупната ширина на експресниот пат е 11,4 метри, со две сообраќајни ленти од 3,5 метри, две ленти за принудно застанување од 2 метра и две рабни ленти од 0,20 метри, што значи дека овој патен правец ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Овој нов патен правец почнува кај месноста Три Чешми во Штип и се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час“, изјави Рустеми.
Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска меѓу источниот и централниот дел на државата. Првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште е изгардена и веќе пуштена во сообраќај.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер