Контакт

Економија

Објавен списокот на најбогатите Германци според списанието „Менаџер“

Објавено пред

Членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, се најбогати Германци, според списокот на списанието „Менаџер“.

Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“.

Секоја година весникот објавува список со 1.001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании.

Семејството Рајман и нивната компанија „ЈАБ холдинг“ стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс дув егбертс“ и производителот на шампони „Вела“.

На второ место е основачот на „Лидл“, Дитер Шварц, со богатство од 27,5 милијарди евра.

По нив, следуваат акционерите на БМВ, Сузана Клатен и Стефан Квант, први на ланскиот список, со 26,5 милијарди евра.

Економија

Поевтинуваат горивата

Објавено пред

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер  БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денар за литар, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар за килограм.

Од 27.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,880 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг“ – промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата.

„Централ бенкинг“ објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во креирањето и спроведувањето на политиките.

„Сѐ повеќе податоци укажуваат на тоа дека различноста, наследена – како расата и полот, или стекната – како искуството и културната позадина, се поврзани со деловниот успех, бидејќи носат хетерогеност на вредности, верувања и ставови. Хетерогените тимови можат да доведат до подобра институционална култура, што ќе им помогне на централните банки ефективно да одговорат на промените“, наведува во текстот, гувернерката, Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочува дека повеќе емпириски податоци укажуваат дека учеството на жените во комитетите за монетарна политика е поврзано со подобри перформанси во однос на ценовната стабилност.

Анализа на податоци од осум земји, чија монетарна политика е таргетирана во однос на ценовната стабилност, како што е наведено во „Централ бенкинг“, покажува дека централните банки водени од гувернерки ставаат поголем акцент на стабилизирање на инфлацијата во споредба со оние што се водени од нивните машки колеги.

„Во нашата централна банка близу 60% од вработените се жени. Близу 70% од раководните позиции во Банката се пополнети од жени. Народната банка е силна институција од аспект на родовата застапеност. Но, може да се стори повеќе за натамошно подобрување на нашата институционална култура. Во моментов го разгледуваме и унапредуваме нашиот Етички кодекс, како дел од настојувањето постојано да се унапредува нашата институционална култура. Сакаме уште повеќе да ги поттикнеме сите вработени да го почитуваат диверзитетот: половата припадност, етничката припадност, карактерот, образованието и мислењето“, посочува гувернерката, Ангеловска-Бежоска.

Таа укажува и дека има потреба од поголема вклученост на жените на раководни позиции во финансискиот сектор. Како што беше соопштено неодамна, кај нас, учеството на жените во управните и надзорните одбори на банките изнесува околу 30 проценти.

Во објавата на „Централ бенкинг“, гувернерката посочува дека од особено значење е поголемата финансиска инклузија на жените, односно нивен поголем пристап до финансиските производи, бидејќи на тој начин се поттикнува економскиот раст и се намалува јазот во доходовната нееднаквост.

Неодамна, „Централ бенкинг“ ја издвои Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот коишто успешно се справуваат со предизвиците од корона-кризата.

Прикажи повеќе...

Економија

Главниот оперативен директор во „Еуромакс ресоурцес“, Патрик Форвард: По затворањето на Иловица – Штука од јаловиштето ќе останат пасишта и шума, а не „езеро“

Објавено пред

Иновациите и новите технологии во рударството се постојано присутни. Тие се дизајнирани да го подобрат секој процес во рудникот и да ја зголемат безбедноста и подобрата заштита на животната средина. И во еден од тековните рударски проекти Иловица – Штука во последните години раководството постојано бара нови технологии. Еден пример е во однос на јаловиштето, вели Патрик Форвард, главен оперативен директор на „Еуромакс ресоурцес“. Компанијата ја проценува можноста за примена на филтер преси што ќе ја згуснат јаловината на ниво на смеса слична на ,,торти” што потоа ќе се редат една врз друга. Ова е дел од активностите со кои компанијата се осигурува дека продолжува да ги следи и применува најсовремените достапни технологии, како дополнение и потенцијално унапредување на постојните мерки што до денес се користени во проектот.

Со главниот оперативен директор Форвард разговараме за карактеристиките на јаловината произведена од предложениот проект за бакар Иловица – Штука, со примена на технологии што не се користат на други локации во Северна Македонија.

– Што е различно во однос на јаловиштето од проектот Иловица – Штука во споредба со другите проекти за кои можеби читателите знаат?

Во „Еуромакс“, кога ќе кажеме дека ќе изградиме модерен рудник од светска класа, каков што нема досега во Република Северна Македонија, мислиме на целиот рударски комплекс, вклучително и на јаловиштето. Но, она што прво треба да се разбере е што е јаловина. Јаловина е материјалот што останува откако ќе ги извлечеме вредните минерали од карпата. Во проектот за бакар Иловица – Штука, овие минерали ќе ги извлекуваме со дробење и мелење на карпата по што ќе користиме едноставен физички процес наречен флотација за да ги собереме минералите кои содржат метал и како концентрат ќе се продава на топилница лоцирана во соседна држава. Она што останува, јаловината, е песок и тиња измешани со вода. Во постојаниот проект е планирано јаловината да помине низ процес наречен згуснување, каде ќе се извлече водата и таапонатаму ќе се рециклира за повторно да се користи во обработката. Со тоа учеството на цврстата материја во јаловината ќе достигне 60 проценти и таа ќе има конзистентност како паста и нема да биде течна. Ова ќе се складира зад камениот насип, односно во она што ние го нарекуваме Објект за управување со јаловина Откако ќе се складира, јаловината ќе продолжи да се суши и целата вода, како и дождот што ќе паѓа врз објектот, ќе се испумпуваат назад во фабриката за преработка за повторно да се користи. Односно водата ќе се рециклира. Ова рециклирање на вода е секако од суштинско значење за нашиот врвен приоритет – добро управување со животната средина, иако има и комерцијална смисла затоа што ја минимизираме количината на вода што треба да ја внесеме од друго место.

Бидејќи сакаме да продолжиме тековно да го иновираме процесот, се запрашавме дали е можно да се извлече уште повеќе вода од јаловината. Во последните неколку години производителите почнаа со производство на машини од големи размери, наречени филтер-преси. Ги користев овие филтер-преси во мал обем на рударски проект во Грција и тие се многу ефикасни. Новите големи верзии на оваа опрема може да бидат соодветни за нашето јаловиште и би можеле да ни овозможат да произведеме јаловина со конзистенција слична на торта и како тули да се редат зад камениот насип. Со овој процес учеството на сувата материја во јаловината би била околу 80%, што секако ќе го намали и волуменот на отпадот. Покрај добивањето на поцврста јаловина, со овој пристап ќе се извлекува повеќе вода што понатаму ќе се рециклира во фабриката – каде што ни е потребна. Секако, потребни се дополнителни тестирања за да се потврди ова, но ние напорно работиме со водечките производители на опрема за да се осигураме дека ќе продолжиме да ги следиме и применуваме најсовремените достапни технологии.

– Висината на насипот привлекува големо внимание кај јавноста. Кои мерки ги преземате за да обезбедите стабилност на јаловиштето?

За проектот Иловица-Штука, апсолутен приоритет е максималната безбедност при дизајнирање, изградба, употреба и пост-експлоатација на камениот насип и јаловиштето. Затоа е предвидена инвестиција од 140 милиони евра само за овој систем!

Конструкцијата што ја планираме не е иста како оние што луѓето би можеле да ги знаат од постарите рудници, каде што се користи песок од самата јаловина за да се изгради насипот. Во Иловица, во дизајнот на насипот се користи цврсто полнење со карпи, какво што се користи за повеќето од водните брани во Северна Македонија и низ целиот свет. Структурата „низводно“ гарантира дека насипот е секогаш поддржан од карпа. Тој е најстабилниот достапен дизајн и ја користи најдобрата и докажаната технологија. Луѓето зборуваат само за висината, но всушност основата е таа што ја контролира стабилноста заедно со контролата на водата. Основата на камениот насип ќе достигне 1,6 километри до моментот кога операциите во рудникот ќе престанат и ќе почнеме да ја рехабилитираме локацијата. Дизајниран е од меѓународни и македонски експерти кои ќе бидат вклучени и во неговата изградба и мониторинг. Според ICOLD – Меѓународна комисија за големи брани што претставува еден глобален орган за безбедност на насипи, Северна Македонија е на самиот врв на „Одбранбениот инженеринг“ во Европа и имаме намера максимално да ја искористиме оваа експертиза за да ја обезбедиме потребната безбедност во сите три фази – изградба, работење и по затворањето.

– Дали објектот на јаловиштето ќе биде безбеден?

Повеќепати сме зборувале за стабилноста на конструкцијата,до толку да може да издржи и најсилен земјотрес. Само стабилна и силна структура е безбедна структура. Покрај тоа, повторувам дека јаловината не е течна, туку е како паста. Ги разгледавме историските податоци од целиот свет задефекти и истекувања и се погриживме дефектите во тие дизајни што доведоа до попуштања да не се вметнати во нашиот дизајн. Ако ја погледнете катастрофата во Брумадињо, Бразил, во 2019 година, излевањето од јаловиштето се случи затоа што таа структура е изградена од кал и песок кои под притисок стануваат течни. Исто така таму дизајнот на структурата е  низводно, што значи дека делови од насипот се темелат на стара јаловина. Веројатно фактор е и лошото управување, вклучувајќии употребата на методи за дупчење преку насипот што доведе до дестабилизација на структурата. Кај Иловица – Штука основата е секогаш карпа. Насипот е исполнет со карпи и не може да стане течен, плус е дизајниран од експерти кои понатаму континуирано ќе го следат.

Насипот ќе биде најсилната и најсигурна структура во долината на Струмица. За овој тип на дизајн, големината на камениот насип не влијае врз стабилноста. Клучнисе благите агли на падините на камениот насип што ќе обезбедат двојно поголем фактор на безбедност од лизгање од оној што се бара за долготрајна употреба. Овие плитки падини се причината зошто темелите на дното на камениот насип се толку широки,односно 1,6 километри кога структурата ќе биде завршена. Во практична смисла, ова значи дека може да го издржи најсилниот можен земјотрес – проценет како 10 пати посилен од земјотресот што минатиот век го погоди Скопје.

Кога зборуваме за камениот насип, честопати откривам дека луѓето замислуваат структурана брана исправена како вертикален ѕид. Поради плитките падини што обезбедуваат јачина и стабилност насипот воопшто нема така да изгледа, и всушност падините на насипот ќе бидат слични на природната поставеност на падините од трите страни на котлината.

– Најавувате заштита за водата во регионот, но и заштеда на вода во рудникот. Како ќе го постигнете тоа?

Нашиот дизајн е дизајн со нула празнење, што значи дека водата што ја користиме при обработката на карпата е задржана и повторно се употребува и никогаш не се испушта во реките или подземните води околу нас. Честопати нè прашуваат што ќе биде во случај на екстремно невреме, особено кога сега луѓето гледаат големи поплави низ целиот свет. При дизајнирање на проектот, ние ги пресметавме условите на најекстремна бура и дизајнот беше направен за да издржи поплава од 1 во 1000 години, без истекување на вода во животната средина. Ова се постигнува со тоа што ќе се осигураме дека има капацитет за атмосферската вода во објектот за јаловината и, најважно, ќе се постави посебен резервоар за вода веднаш под главниот објект – нашата таканаречена брана за атмосферска вода. Дури и во услови на ваков екстремен настан на врнежи, водата успешно ќе се задржи и рециклира, а сите реки ќе останат чисти.

Еуромакс, исто така, ќе инвестира милиони евра во систем за канално пренасочување на водата од реката Штука за да се одвои од јаловиштето и со тоа ќе ја одржи водата во реката на ниво каква што е денес.

Се инвестира и во инсталација на специјална геотекстилна мембрана на горниот дел од камениот насип за да се обезбеди целосна заштита и на подземните води.

Значи, дури и во најекстремни временски непогоди и големи врнежи, атмосферската вода ќе биде задржана а потоа со моќни пумпи ќе биде испумпана и искористена – рециклирана во нашата Постројка за ПМС.

– Какво ќе биде управувањето и контролата на објектот со јаловината?

Имаме посветен тим на инженери, техничари и научници за животна средина кои ќе управуваат со конструкцијата и подигањето на камениот насип за време на работењето и затворањето. Ќе продолжиме да вработуваме стручни меѓународни и македонски консултанти и академици за да се осигуриме дека правилно се спроведуваат и имплементираат нивните оригинални дизајни и заштитни мерки.

Ние исто така разбираме дека на локалните засегнати страни ќе им требаат дополнителни гаранции за безбедноста на објектот, квалитетот на подземните и надземните води, како и квалитетот на локалното земјоделско производство. Ние, се разбира, ќе ги прифатиме и спроведеме сите заштитни мерки што ги предвидува државата, вклучително и редовни инспекции за да се осигури дека се придржуваме до сите национални регулативи. Сепак, нашето искуство во рударството и блиската комуникација со локалните засегнати страни ни кажуваат дека локалното население би сакало дополнителни гаранции, како и да бидат транспарентно вклучени во постојан мониторинг на нашето работење. Од оваа причина, ние сме посветени на воспоставување на независно тело за набљудување, не само за објектот со јаловината, туку и на сите наши активности. Предвидуваме ова независно мониторинг тело да биде посебно правно лице и да биде составено од локални претставници на сите засегнати страни, вклучително и невладини организации, експерти и локални граѓани кои ќе вработат свој тим на персонал за технички мониторинг. Ние на ниеден начин нема да се мешаме или да бараме да влијаеме на ова тело. Само ќе ги покриваме сите оперативни трошоци за тие да можат да работат и да вршат сопствен мониторинг, вклучувајќи земање примероци од вода, следење на бучава и прашина и проверка на локалното производство. Ова тело ќе може да провери и да измери дали ги исполнуваме нашите ветувања дека нема да загадуваме или да го загрозуваме здравјето на луѓето на кој било начин. Со тоа, луѓето не само што ќе имаат доверба дека ќе ги одржиме највисоките нивоа на безбедност и управувањето со животната средина, туку тие ќе имаат овластување да го потврдат тоа и да не повикаат на отчетност.

– Што ќе се случи со објектот со јаловината по затворањето на рудникот?

Зборував за плитките падини на камениот насип што ќе ги користиме за да обезбедиме стабилност на јаловиштето. Тие плитки падини се слични на самите страни на долината и затоа добро ќе се вклопат во локалниот пејзаж. Тоа исто така значи дека тие се стабилни за да се пошумат и да се обезбеди идните генерации да продолжат да уживаат во ресурсите што ги обезбедува шумата. Самата јаловина зад камениот насип целосно ќе налегне, стабилно и цврсто, формирајќи природен, брановиден пејзаж на високорамнина, што може дополнително да се уреди кога ќе ги завршиме операциите. Ова значи дека просторот ќе биде погоден за рехабилитација со шума и пасишта, како што претпочита локалното население. Нашите еколошки студии покажаа дека областите со пасишта ќе им користат од некои видови кои се важни за локалните екосистеми, како што е големата сина пеперутка и исто така може да биде важен ресурс за другите корисници на земјиште, како што се и производителите на мед. Исто така, би сакал да нагласам дека откако ќе престанат операциите, нема да има езеро или езерце на врвот на јаловиштето, целата област ќе биде со зеленило и шуми.

Буџет од 30 милиони евра е предвиден за рехабилитирање и пошумување на целата оперативна локација, вклучително и јаловиштето откако ќе завршиме со нашите операции. Ова е дополнување на севкупната санацијата што во различните области ќе ја спроведеме и за време на користење нарудникот. Веќе е воспоставена соработка со шумското стопанство Беласица за обезбедување автохтони видови дрвја за оваа локација. Слоевите на почвата што ќе се отстранат за време на подготовката на локацијата, ќе се чуваат и употребат за рекултивирање и обновување на вегетацијата. Планиран е период од две години за рехабилитација по запирање на операциите.

– Која е гаранцијата дека рудникот ќе биде модерен и дека ќе ги применува најновите и најдобрите практики во процесите на преработка на минерални суровини?

„Еуромакс ресоурцес“ е професионална компанија во рударската индустрија што јавно котира на реномираната берза во Торонто, Канада со одбор на директори и директори кои на глобално ниво го надгледуваа развојот, финансирањето и изградбата на рударски активности од прва класа. Имаме истакнати акционери од Соединетите Држави, Канада, Велика Британија, Швајцарија и други ЕУ земји. Еден од клучните инвеститори е Групацијата Трафигура, која поседува и управува рудници низ целиот свет и во проектот донесуваат богато искуство. Нашата цел е да изградиме модерен рудник за бакар од светска класа, а нашите инвеститори се гаранција дека ќе го сториме тоа.

Исто така, изработивме една од најтемелните Студии на влијанието врз животната средина, што досега се направени во Северна Македонија. Изработена е согласно сите национални стандарди, како и според сите највисоки меѓународни барања. Студијата се заснова на повеќегодишни испитувања за животната средина, еколошки и социјални студии и собирање база на податоци и е слободно достапна на нашата веб-страница. Не знам за друга активност во кој било сектор во Република Северна Македонија што го сторил тоа. Оваа објавена и слободно достапна студија гарантира дека проектот Иловица – Штука ќе се гради и управува според домашното законодавство и меѓународните стандарди, со посебен акцент на директивите на ЕУ за рударството и заштитата на здравјето на луѓето.

Но, тоа не е сè. Претходно ја споменав нашата искрена заложба за независен мониторинг. Со вакво независно мониторинг тело, локалните жители не треба само да имаат доверба во нас или дури и во надлежните инситуции за да обезбедат безбеден и здрав проект, туку тие имаат овластување да бидат дел од тоа и да проверат сами. Не можам да замислам подобра гаранција од тоа!

 

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија5 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија6 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија7 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија7 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија8 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа9 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија9 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет11 час

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија11 час

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија12 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Досие