Контакт

Економија

Објавен јавниот повик за поддршка на угостителските објекти кои беа целосно затворени за гости

Објавено пред

Објавен е јавниот повик за поддршка на угостителската дејност. Според предвиденото, ќе се поддржат околу 6 илјади компани и 17.000 вработени, а вкупната поддршка може да достигне 9,9 милиони евра. Ова беше истакнато во рамки на состанокот на Комисијата за јавно-приватен дијалог, на која претставниците на Владата дискутираа со претставници на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки  на Платформата за јавно-приватен дијалог.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29 и 56.30, кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи,  соопшти дека на тој начин Мерката 3 од шестиот пакет е операционализирана и на 6.000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, на располагање им се ставаат 9,9 милиони евра за поддршка, колку што се проектирани со мерката.

Тој нагласи дека аплицирањето за добивање поддршка преку оваа мерка е многу едноставно и е направено така за да не се оптоваруваат компаниите со дополнителни административни обврски, а компаниите ќе може да аплицираат до 10 мај 2021 година.

„Сите компании кои се со приоритетни шифри на дејност 56.10, 56.29 и 56.30, без разлика дали вршеле промет со достава во периодот од 7 до 28 април 2021 година, ќе може да аплицираат за поддршка која ќе има две нивоа и притоа ќе може да добијат еднократна помош од 30% од просечен месечен приход за годините 2019 и 2020, помножен со соодносот на денови кога им било ограничено работењето, како и еднократна помош од 15.200 денари по вработен, пришто за пресек на вработени ќе се земе 6 април 2021 година. Овие компании дополнително може да ја искористат и поддршката за исплата на плати за месеците февруари и март, така што сметаме дека ова е праведен надоместок за компаниите од угостителскиот сектор чија дејност беше ограничена со одлуката на Владата“, нагласи Битиќи и посочи дека преку оваа мерка се стимулираат овие компании да го зголемат бројот на вработени до крајот на годината, затоа што на тој начин нема да имаат обврска да ги враќаат средствата добиени како поддршка, додека ако намалуваат вработени ќе треба да вратат 50% од добиената поддршка, односно ќе треба да вратат 20% од поддршката, ако бројот на вработени остане непроменет со пресек на 31.12.2021 година.

На денешната седница на Комисијата, освен вицепремиерот Фатмир Битиќи, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ-Дуровиќ, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, додека коморите беа претставени од нивните претседатели: Бранко Азески (Стопанска комора на Македонија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на Северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).

На средбата зборуваше и министерот за финансии Фатмир Бесими кој го претстави планот за операционализација на другите мерки од шестиот пакет со особен фокус на трите нови кредитни линии кои ќе бидат воспоставени преку Развојната банка, насочени кон медиумите, компаниите кои ја реинвестирале добивката и Ковид 4 кредитната линија, кои ќе бидат во вкупна вредност од околу 13 милиони евра. Бесими зборуваше и за статусот за измени во Законот за царински тарифи, пришто истакна дека во периодот кој следи овој процес ќе добие на интензитет, пред се во насока на подигнување на конкурентноста на домашната економија.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, ги информираше присутните за активностите поврзани со новиот Закон за работни односи, кажа дека нацрт законот е поставен на ЕНЕР, сите коментари ќе бидат внимателно разгледани, а дека Предлог законот повторно ќе се дискутира со сите социјални партнери, пред негово финално усвојување.

Државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ-Дуровиќ посочи дека во напредна фаза е формирањето на Комитетот за туризам,  барање од сите стопански комори, и ќе треба на системски начин да креира политики и мерки за туризмот, како една од најпогодените гранки од пандемијата, за што сите членови на коморите изразија задоволство.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска соопшти дека сите активности поврзани со мерката за поддршка за исплата на плати се одвиваат непречено, за февруари се одобрени апликации од 11.541 компанија, кои вработуваат 31.294 лица, додека за март одобрени апликации имаат 11.274 компании со 27.887 лица, бројки кои покажуваат дека се намалува бројот на компании и бројот на вработени за кои се побарува поддршка.

Директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски ги извести присутните дека во Регистарот на вистински сопственици веќе се евидентирани околу 90% од регистрираните субјекти, додека најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти или сметка во банка.

Состаноците на Комисијата за јавно-приватен дијалог се одвиваат редовно, најчесто еднаш во месецот во последната недела од месецот, а на нив се дискутираат сите прашања и барања на коморите, како и активности кои се важни за подобрување на бизнис-климата и побрз и одржлив економски развој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Се намалува цената на горивата

Објавено пред

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 41,411 денар/кг.

Од 7.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,411 (денар/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:

6.2.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

7.2.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Прикажи повеќе...

Економија

„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн

Објавено пред

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во БРАКО“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.

Медицинската палета на БРАКО се произведува согласно меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.

Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95%, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.

Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на БРАКО ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Стојанов ја врати објавата со која нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинител испитува дали ќе одговара кривично

Објавата преку која основачот на бугарската фондација „Македнија“, Виктор Стојанов, нуди 200 евра во замена за идентитетот на полицаецот од...

Македонија5 часа

Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен...

Македонија5 часа

За набавка на „трикафта“ за осум пациенти, Собранието треба да смени три закони

Министерот за здравство, Беким Сали, ќе иницира измени на три закони за да се овозможи набавка на лекот „трикафта“ за...

Регион6 часа

Турција не престанува да се тресе: силен земјотрес сега и во Истанбул

По двата разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во...

Македонија6 часа

Гаревски: Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија

Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може...

Свет7 часа

Град во Турција целосно срамнет со земјата, објавени снимки од воздух

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем...

Македонија7 часа

(Вудео) Унгарската претседателка без коментар за азилот на Груевски: Се радувам што се развиваат односите меѓу нашите држави

Унгарската претседателка Каталин Новак се огради од дадениот азил на експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Прашана од „Макфакс“ како може...

Македонија7 часа

Двајца македонски ученици меѓу повредените во земјотресот во Турција

Двајца македонски државјани се повредени во земјотресот во Турција. Според информациите од МНР, се работи за ученици кои преку програмата...

Македонија7 часа

(Видео) Пендаровски: Роденденот на Гоце Делчев беше искористен за кревање тензии од другата страна

Се влошуваат односите со Бугарија. Роденденот на Гоце Делчев сосема непотребно беше искористен за кревање тензии од другата страна, изјави...

Европа8 часа

Над 1.200 загинати и повеќе од 5.000 повредени – расте бројот на жртви во земјотресот во Турција

Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес, кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција. Според...

Македонија9 часа

Отворени телефонски линии и сметки за донации за луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Црвениот крст на Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и во Сирија за жртвите од...

Свет10 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки доаѓаат од Турција: зградите се уриваат како кули од карти

Стотици луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Спасувачите ги...

Топ11 часа

Детали за несреќата кај Три Чешми: се судриле товарно возило и „голф“, возачот на автомобилот загинал

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случила на автопатот Миладиновци – Штип, загинал возач на автомобил со гевгелиски регистарски ознаки....

Македонија11 часа

Пендаровски изрази сочувство до Ердоган и до турскиот народ по земјотресот во Турција

Претседателот Стево Пендаровски изразува сочувство до турскиот претседател и до турскиот народ по силниот земјотрес во Турција. „Изразувам најдлабоко сочувство...

Европа12 часа

Дел од Сирија е зона на катастрофа по земјотресот, стотици загинати и повредени

Најмалку 237 лица загинаа, а 639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција,...

Европа12 часа

Ердоган по страшниот земјотрес: „Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ги...

Европа12 часа

(Видео) Силен земјотрес во Турција, стотици загинати, голем број повредени, уништени градови

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци тој е...

Македонија23 часа

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет24 часа

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет24 часа

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...