Контакт

Економија

Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Објавено пред

Oд утре (27.10.2020 година) почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата:

– во вторник, 27.10.2020 година, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари;
– В среда, 28.10.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;
– В четврток, 29.10.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;
– В петок, 30.10. 2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од вторник (28 октомври). Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема која ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Рокот за аплицирање за четвртиот сет мерки во туризмот и угостителството продолжен до 4 декември

Објавено пред

Министерството за економија ги известува заинтересираните апликанти дека рокот за аплицирање за објавените јавни повици од Четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 кризата во секторите туризам и угостителство се продолжува до 4 декември годинава.

Се продолжува рокот за аплицирање за следните јавни повици објавени на веб -страницата на Министерството за економија на 16 ноември:

1.Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти;
2.Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички агенции;
3. Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички водичи;
4. Јавен повик за издавање на грантови за игротеки;
5. Јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби

Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“. Повеќе детали се достапни на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Шахпаска го претстави буџетот и приоритетите на Министерството за труд во 2021

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција на Владата го презентираше Предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за труд и социјална политика.

Вкупниот буџет на Министерството за труд и социјална политика за наредната 2021 година е проектиран на 53.183.958 илјади денари.

„Како и целиот свет и ние сме соочени со здравствената и економска криза што ја предизвика пандемијата со Ковид-19 и затоа Буџетот за наредната година е проектиран во насока на надминување на негативните последици.

Зачувување на секое работно место, поддршка и олеснет пристап до Гарантирана минимална помош за најранливите категории граѓани, изградба на објекти за деца во предучилишна возраст и ран детски развој, објекти за социјална заштита, поддршка на активни мерки за вработување, редовна и навремена исплата на пензии, продолжување со процесот на деинституционализација и започнување со децентрализација на социјалните услуги се областите во кои ќе се трошат средствата од буџетот на Министерството за труд и социјална политика“, рече Шахпаска.

Таа информираше дека, за капитални инвестиции за следната година предвидени се 100 милиони денари, од кои за градежни објекти 93.900 илјади денари, додека за опрема обезбедени се 6.100 илјади денари.

„За изградба на нови и за завршување на веќе започнатите градинки предвидени се 67.650 илјади денари. Останатите средства се за објекти за социјална заштита: домови за стари лица и дневни центри за лица со попреченост. Следната година ќе заврши изградбата на 14 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на изградба на нови објекти за згрижување на деца. Целта е да се овозможи пристап на деца од предучилишна возраст и во руралните средини, во средини каде досега немало градинки, затоа што за нас секое дете е важно“, посочи министерката.

Нагласи и дека за непречено функционирање на детските градинки, како и за згрижување на старите лица во домови за стари лица предвидени се блок дотации во износ од 2.075.000.000 денари.

Износот на овие средства ќе се зголемува како што ќе се отвораат новите објекти.

„За продолжување на процесот на деинституционализација, преку сместување во мали групни домови, живеење со поддршка и згрижувачки семејства, односно создавање на услови најблиску до оние во семејството, како и за лична асистенција и други видови на социјални услуги обезбедуваме 725 милиони денари“, кажа Шахпаска.

Министерката посочи дека, во делот за социјални надоместоци во Буџетот за наредната година предвидени се 10.500 000 000 денари. Со овие средства ќе бидат опфатени околу 300 илјади корисници. Тоа значи дека се обезбедени средства за дополнителни 5.000 домаќинства приматели на ГМП, со што вкупната бројка на домаќинства опфатени со оваа мерка ќе биде 36.500.

Притоа, зголемен е и опфатот на деца приматели на детски додаток (19.720) и образовен додаток (24.579).

„Соочени со пандемијата предизвикана од Ковид-19, како одговорна Влада, направивме измени на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, кои обезбедуваат олеснет пристап до овие социјални права. Продолжуваат да течат и останатите социјални права – додаток за попреченост, паричен надомест за помош и нега од друго лице, но и исплата на социјална пензија за 7.593 граѓани”, потенцираше Шахпаска.

Министерката укажа на тоа дека, заради намалување на стапката на невработеност и оваа година се обезбедуваат средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, во износ од 538 милиони денари.

„Со новиот Оперативен план се зголемува опфатот на невработените лица, за оние кои ги изгубија своите работни места поради пандемијата со Ковид-19. Овој износ е скоро четири пати поголем во однос на 2020 година, со што преку Агенцијата за вработување ќе се реализираат Програми и мерки за субвенционирање на придонеси во случаи на невработеност“, рече Шахпаска.

Таа посочи дека дополнително, за субвенционирање на придонеси за зголемување на платите се издвојуваат 2.401.000.000 денари, средства кои ќе бидат распределени до Фондот за ПИОМ, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, по основ на средства за социјални придонеси. Со овие средства 120 илјади работници од приватниот сектор ќе добиваат повисока плата.

На овој начин, потенцираше министерката, се влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните, економскиот раст и развој и намалување на невработеноста.

Притоа, продолжува обезбедувањето на сигурни и одржливи пензии на сегашните и на идните пензионери и одржување на стабилност на пензискиот систем. За таа цел во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе бидат трансферирани 31.672.000.000 денари.

„Со Буџетот за 2021 година не само што ги санираме последиците од пандемијата со Ковид-19, туку продолжуваме да ја и намалуваме невработеноста, да се грижиме за најмладите, обезбедуваме редовна исплата на социјалните права, но ја продолжуваме и социјалната реформа“, потенцираше на крајот од обраќањето министерката Шахпаска.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими: Економското заздравување од Ковид-19 ќе се спроведе преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита

Објавено пред

Преку четирите столба – економско заздравување од Ковид-19; забрзан, инклузивен и одржлив економски раст; зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности, ќе се спроведе Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст на македонската економија. Преку стратегијата, но и преку политиките за фискална консолидација и среднорочниот план за јавни инвестиции, ќе се дејствува во насока на одржување на здравјето на граѓаните, економијата и општеството, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими, на почетокот на расправата за предлог-буџетот за 2021 година на Комисијата за финансирање и буџет.

„Новина во овој буџет е неговата петгодишна рамка 2021-2025 и покрај предизвиците и непознавањето што ги носи кризата предизвикана од Ковид-19 и се заснова на АБЦ-то на овие три среднорочни платформи: А. Фискална консолидација 2021-2025 година, Б. Попаметен раст 2021-2025 стратегија за закрепнување на економијата и одржлив раст и Ц. План за јавни инвестиции 2021-2025 година. Со ова нашата главна цел е на среден рок да го забрзаме економскиот раст од 2 до 2,5 %, која во последната деценија била на 4-5 % просечен годишен раст во следните пет години, притоа да постигнеме фискална консолидација за да обезбедиме одржлив и инклузивен раст“, рече Бесими.

Економското заздравување од Ковид-19 ќе се спроведе преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места, посочи министерот за финансии. Предвидени се мерки и политики за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, кои ќе бидат во насока на добро управување, владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите. Исто така, обезбедување фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност. Обезбедување и локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина и дигитализација на економијата и јавните услуги. Истовремено, ќе се работи и на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири. Понатаму, ќе се дејствува во насока на подобрување на деловното окружување и сузбивање на сивата економија, на подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите и модернизација на земјоделството, рече Бесими.

„Инвестициите во човечки капитал остануваат меѓу врвните приоритети и во Стратегијата за ревитализација и забрзан раст. Ќе се работи на развој на еднакви можности, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образование, наука и здравство, поттикнување поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување“, додаде Бесими и дополни дека со политиките и мерките што ќе се спроведат во рамките на Стратегијата за ревитализација и забрзан раст или попаметен раст – Smarter growth, ќе се придонесе кон реализација на целта за побрз и одржлив економски раст – двојно повисок во однос на просекот во изминатите десет години.

Бесими посочи дека ќе се врши и постепена фискална консолидација, со која буџетскиот дефицит веќе в година ќе се намали 3,6-процентни поени.

Вкупните приходи на буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и тие се 8,3 отсто повисоки во однос на вториот ребаланс во 2020 година, а расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или 2,1 отсто пониско во однос на вториот ребаланс во 2020 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит на ниво од 4,9 отсто од планираниот БДП или во апсолутен износ од 34,9 милиони денари или 3,6-процентни поени понизок во однос на проектираното со вториот ребаланс од 2020.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија3 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија4 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија5 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет5 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија5 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет6 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет19 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет20 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија21 час

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија24 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие