Економија
Од јануари ќе се вклучи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола

Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и Управниот одбор на АД ТЕЦ Неготино денеска извршија увид во работењето на термоелектричната централа.
Термоелектраната непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември, и работи со половина капацитет, односно со еден котел, со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола.
Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции.
Генералниот директор на АД ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, изјави дека термоелектраната континурано работи веќе 10 дена и не очекува проблеми во следниот период, како и дека во план е целосно да се реализира договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ во однос на производството на електрична енергија од овој капацитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Кузеска: Раст на извозот од 20,2 во првото полугодие, економијата е стабилна и ликвидна

Преку одговорни и навремени мерки и политики, Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија. Показател за тоа се бројни економски параметри, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа додаде дека според податоците од Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.Тоа е доказ дека македонската економија и стопанство се конкурентни и во време на светска енергетска и економска криза.
Кузеска истакна дека и во вакви услови платите продолжуваат да растат. Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 повисока во однос на истиот месец од 2021 година.
Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната.
Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што ја помагаат домашната економија, овозможуваат нови работни места и раст на платите во сите секторе,изјави Кузеска.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)
Економија
Зголеми ја својата добивка за 1000% во Mozzart

Во Mozzart обложувалници активен е СУПЕР МУЛТИ БОНУС со кој може да освоиш дури десет пати поголема добивка на тикетот!
Бонусот важи за сите натпревари со квота 1.35 или поголема без игрите конечен тип на тикетот. Бонусот од дневна понуда важи преку целиот ден. Happy Hour бонусот важи само во термините 9 – 11 ч. и 21 – 23 ч. Бонусот важи за тикети на кои има исклучиво натпревари без играта конечен тип. Посетете го најблиското Mozzart уплатно место, искористете го неверојатниот бонус и освојте за 1000% поголема добивка!
ПР-текст