Контакт

Економија

Од 1 јули се укинуваат тарифите за роаминг меѓу земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Oд следниот месец ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово), беше соопштено денеска на состанок организиран од Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans”.

Дел од министерскиот состанок беше и македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

„Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули”, рече министерот Шаќири.

Тој нагласи дека ова е само почеток, додавајќи дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу балканските земји и земјите од Европската Унија.

„Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.

Економија

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот

Објавено пред

Собранието попладнево со 56 гласа „за“ и 37 „против“ го донесе ребаланост на буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.

Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се речиси 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Даночните приходи се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари, односно речиси 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет. Социјалните приходи се во износ од 69 милијарди денари и се речиси една милијарда денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Другите приходи (неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 29,5 милијарди денари.

Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за речиси 21 милијарда денари, а капиталните расходи на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

На расходната страна на буџетот се врши ограничување и сведување на минимум на несуштинските трошења кај буџетските корисници, без да се наруши нивното редовно намирување на обврските.

Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Зголемувањето на дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти, според надлежните, е резултат на потребата за зголемено финансирање за сетот на економските мерки за справување со последиците од здравствено-економската кризата, а кои ќе се финансираат преку категоријата субвенции и трансфери и преку капитални расходи.

Стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процента.

Со ребалансот се обезбедени финансиски средства за исплата на регрес на годишен одмор во согласност со гранскиот колективен договор за државните институции, како и дополнителни средства во здравствениот сектор за активности што директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови и вакцини за имунизација на населението.

Ставовите на власта и опозицијата во однос на ребалансот на буџетот и во текот на денешната расправа останаа непроменети. За власта, ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, а за опозицијата е расипнички, со повеќе пари за предизборен поткуп и партиски вработувања.

Прикажи повеќе...

Економија

Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Објавено пред

Во организација на премиерот Зоран Заев, во координација со кабинетите на претседателите на Србија, Александар Вучиќ, и на Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот, утре во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка кој е од исклучително значење.

Ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес да бидат дел од овој Форум.

На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „мал шенген“.

Програмата на Форумот опфаќа обраќања на лидерите на трите земји организатори на настанот, кои потоа ќе учествуваат на економскиот панел на кој за новата иницијатива и за непосредните придобивки од неа ќе разменат мислења претставниците на деловните заедници од Албанија, Србија и Северна Македонија.

На посебен церемонијален дел од програмата на Форумот, ќе бидат потпишани два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис-заедницата.

Прикажи повеќе...

Економија

Летувајте безбедно со промотивниот пакет полиси од „Кроација осигурување“

Објавено пред

Додека подготовките за летните одмори се во полн ек, од голема важност е да потсетиме дека колку и да ви се чини дека ништо не може да го уништи вашиот спокој додека уживате на годишниот одмор, сепак постојат фактори кои во голема мера можат негативно да влијаат по вашето здравје и имот. Во туристичките места барањето вакви асистенции и неопходности за пружање помош знаат да достигнат вртоглави суми. Затоа, на вашиот долг список, на врвот на листата нека се најде купувањето патничко осигурување.

Понатаму, за доживувањето да биде целосно, а вашиот мир загарантиран, неопходно е да го оставите вашиот дом во кој сте го вложиле вашето време, љубов и дел од животот во „сигурни раце“. Планирањето и финансирањето за опремување на местото на живеење претставува една од најголемите животни инвестиции, којашто со сигурност сакате да ја заштитите.

„Кроација осигурување“ за оваа цел подготви нова продажна акција на полиси што важи за месеците јуни, јули и август. Со купување патничко осигурување во овој период, се добива промотивно намалување од 30% на полиса за домаќинско осигурување, со која што вашиот дом е заштитен во случај на кражба, поплавa, пожар и други ризици дефинирани согласно пакетот.

Осигуреното летување значи безгрижно летување!

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија16 часа

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на...

Македонија16 часа

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ16 часа

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет18 часа

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен22 часа

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија22 часа

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија24 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет1 ден

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија2 дена

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија2 дена

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија2 дена

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија2 дена

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ2 дена

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија2 дена

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа2 дена

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија2 дена

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа2 дена

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт2 дена

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Досие