Контакт

Економија

Опозицијата бара надзорна расправа во Собранието за Еуростандард банка

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка.  Пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека иницијативата е поддржана од целата опозиција – од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и Левица.

„Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека банката свесно е доведена во стечај со одлевање големи суми пари преку кредити без покритие за финансирање на фирми од Струмица блиски до семејството Заеви ги потврди и сопственикот на Еуростандард банка, кој јавно објави и дел од фирмите каде според него завршувале парите од Еуростандард банка, а кои фирми немале покритие за кредитите, односно биле банкротирани. Ова е криминал од 200 милиони евра, каде што оштетени се 100.000 граѓани. Овој криминал кој води до Струмица не смее да остане нерасчистен. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа, на која ќе бидат повикани сите релевантни чинители, како гувернерката на НБРМ, сопственикот на банката, оштетените штедачи, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и ЈО“, изјави Јованчев.

Тој кажа дека мора да има одговорност за секој оној кој го довел во опасност финансискиот пазар на Република Македонија и имотот на граѓаните.

„Недозволиво е поради тоа што некој испумпувал пари или правел сомнителни трансакции сега да трпат 20.000 пензионери од руралните делови на државата кои сè уште немаат подигнато пензија, затоа што до сега примале пензија преку пошта. Дали некој се прашал како живеат, односно како преживуваат тие луѓе? И тие се нечии мајки, татковци, баби и дедо. Тоа се живи луѓе за кои државата мора да покаже грижа“, кажа пратеникот.

Според него, одговорност мора да има и затоа што 780 луѓе кои имале повеќе од 30 илјади евра во банката сега не можат да си ги земат своите пари, односно им пропаднале.

Економија

Битиќи: Природниот гас ќе придонесе за заштита на животната средина и поголема конкурентност на економијата

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со директорот на АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа, како и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји.

Вицепремиерот нагласи дека се продолжува со процесот за избор на компанија, која по принцип на јавно-приватно партнерство би го градела, одржувала и управувала дистрибутивниот систем.

„На овој начин истовремено би се работело на изградба и ставање во функција на примарната и секундарната гасоводна мрежа, а крајна цел е граѓаните и компаниите да добијат диверзифицирани можности за снабдување со енергенси, а со користењето на природниот гас како енергенс би се придонело за заштита на животната средина, заштеда на финансиски средства и поголема кокурентност на компаниите“, посочи Битиќи.

Вицепремиерот и директорот на НЕР зборуваа и за плановите за изградба на интерконективниот гасовод со Република Грција, со кој ќе се диверзифицираат и изворите за снабдување на земјата со природен гас.

„Со ова, освен досегашната конекција со Република Бугарија, ќе се добие уште еден извор за снабдување на земјата со природен гас, а воедно ќе ја позиционира Северна Македонија како регионален хаб за природен гас, кој потоа може да се дистрибуира во некоја од соседните земји“, беше посочено на средбата.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Реџепи ги истакнаа своите споделени намери процесот на гасификација да се реализира со најбрза можна динамика, при што се согласија континуирано и заеднички да ги следат сите тековни процеси и да работат на ефикасна реализација на проектите кои се планирани.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев на отворањето на „Интернационал Фреш Фуд“: За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо

Објавено пред

„Сопственото производство на храна е од голема важност за секоја држава. Кризата со пандемијата на корона вирусот го покажа тоа. Во таа насока се и заложбите на Владата во создавање на што поповолни услови за земјоделско-сточарското производство“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернационал фреш фуд“ во селото Гиновци, општина Ранковце.

Станува збор за инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава.

„За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за да извезуваме надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите кој имавме можност да го слушнеме е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во нашата татковина, во повеќе региони. Покрај тука во Гиновце и во Врапчиште – Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање на повеќе од 3000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали“, изјави премиерот Заев.

Заев ги охрабри инвеститорите да ги следат трендовите, да ги искористат ресурсите кои ги имаме во земјата, бидејќи имаме потенцијал за развој во повеќе сектори, на производи и услуги со повисока додадена вредност, подготвени за извоз.

На стартот на новата инвестиција беа присутни и Љупчо Николоски, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Артан Груби, прв заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Абдулезел Догани од „Интернационал Фреш Фуд“ истакна дека покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, ќе се зголеми и извозот на странските пазари земајќи предвид дека еден од партнерите на инвестицијата е носител на франшизата за КФЦ за балканските земји, што претставува основа за пласман на производите за КФЦ, не само на Балканот, туку и во Европа.

„Сакам да се заблагодарам на Владата со сите инволвирани институции како на централно, така и на локално ниво која во нашиот конзорциум препозна свој доверлив партнер и одговорна компанија. Благодарност за поддршката во насока на подобрување на конкурентноста на домашниот, но и на меѓународните пазари, што резултира нашите македонски производи да бидат препознатливи и синоним за квалитет“, изјави Догани.

Севкупно планираната инвестиција за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Економија

Грчкиот Forthnet официјално станува дел од United Group

Објавено пред

Грчкиот телекомуникациски и pay-TV провајдер Forthnet S.A официјално стана дел од United Group, водечкиот давател на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа.

Влегувањето на United Group на грчкиот пазар е уште едно достигнување во нејзината европска стратегија за раст и понатаму ја зацврстува позицијата на групата со седиште во Холандија како лидер во индустријата, која работи во осум земји од регионот.

Викторија Боклаг, главен извршен директор на United Group: „Задоволство ми е да им посакам добредојде на нашите колеги од Forthnet во семејството на United Group. Имаме амбициозни планови за компанијата што ќе се имплементираат со новиот менаџерски тим. Брендот Forthnet Nova е добро етаблиран во Грција и гледаме многу потенцијал за бизнис“.
Таа продолжи: „Имаме можност да донесеме на грчкиот пазар повеќе содржини и повеќе опции во забавата и спортот за да се поттикне раст на pay-TV услуги. Уверени сме дека со примена на нашата експертиза во области, како што се содржини и технологија, во комбинација со нашата поширока телекомуникации понуда, можеме да испорачаме врвно корисничко искуство и да ги реализираме нашите цели за бизнисот“.

United Group, кој е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави во јуни дека се согласи за почетната аквизиција на удел од приближно 36 % во „Фортнет“. Од тогаш United Group го зголеми својот удел на околу 80 %. До крајот на годината, кога компанијата ќе ја заврши конверзијата на конвертибилниот долг на „Фортнет“, нејзиниот удел ќе се искачи на речиси 85 %.
Forthnet е провајдер на услуги за домашна забава и комуникациски услуги во Грција со приближно 1.000 вработени и речиси 1,4 милион единици за генерирање приходи (RGU). Forthnet им нуди на своите клиенти повеќе од 60 direct-to-home (DTH) канали преку брендот Nova.

Купувањето на Forthnet е трета голема трансакција на United Group за помалку од една година по аквизициите на хрватските Tele2 и бугарскиот Vivacom. Заедно аквизициите ја зголемија големината на компанијата до 1,7 милијард евра од проформа приходите.

Работејќи и во телеком и во медиумскиот сектор, платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на содржини во Југоисточна Европа. Компанијата има повеќе од 10 милиони претплатници и 11 илјади вработени.

Со седиште во Амстердам, United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за клиентите во целиот регион. За две децении од основањето, United Group купи и успешно интегрира повеќе од 100 компании во својата структура. Има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. United Group е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании од март 2019 година и работи во осум земји. За повеќе информации посетете го https://united.group/

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија1 час

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија2 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија4 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ6 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија6 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија7 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет7 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет7 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија18 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија19 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија20 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет21 час

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен21 час

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија1 ден

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие