Контакт

Економија

Опозицијата посочува на пад на капиталните инвестиции

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение посочи дека во првите четири месеци од оваа година власта има реализирано 9,83 проценти од капиталните инвестиции кои самите ги планирале.

Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека пострашно е тоа што капиталните инвестиции за истиот период минатата година изнесувале само 10,96 проценти, а 2018 била најлошата година во претходните 10 години.

„Тоа ни говори дека оваа година власта нема да реализира ниту 30 проценти од капиталните инвестиции и дека 2019 година ќе биде најлошата година во историјата на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Опозицијата додава дека додека граѓаните се незадоволни од неработата на Владата, премиерот Зоран Заев ја занимава јавноста со внaтрепартиски комбинаторики и борба за превласт,  а ВМРО-ДПМНЕ верува дека тоа е со цел Заев да ја избегне сопствената одговорност за, како што велат, катастрофалното водење на државата изминативе две години.

 

Економија

Вработените во државните органи и судството ќе земаат К-15 од следната година

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) предводена од претседателот Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деановски.

Од Владата соопштија дека е договорено во буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

„На средбата со претставниците на Синдикатот на УПОЗ е разговарано дека Владата на Република Северна Македонија ќе даде насока исплатата на регресот за годишен одмор да се одвива во месеците јули, август и септември 2021 година, односно веднаш по исполнувањето на условот вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот“, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Амазон“ вработи 100.000 луѓе во пресрет на празниците

Објавено пред

„Амазон“ денеска објави дека ангажирал 100.000 луѓе во пресрет на празниците, што го потврди добриот бизнис на овој гигант за електронска трговија.

Овие нови привремени работни места се додадени на големите кампањи за вработување на компанијата во последните месеци организирани како одговор на порастот на нарачките преку интернет од почетокот на пандемијата.

„Амазон“ имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот на крајот на јуни 2020 година.

Кон крајот на јули компанијата со седиште во Сиетл соопшти дека има вработено повеќе од 175.000 луѓе од март, од кои 125.000 ќе станат постојани работни места.

Во средината на септември компанијата отвори уште 100.000 работни места во САД и Канада.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицевски: Ребалансот на буџетот доцни во Владата пет дена, а самата таа обвинува дека опозицијата е кочничар

Објавено пред

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, на собраниската седница обвини дека Владата не работи ефикасно и дека поради нејзиното несериозно работење се доцни со ребалансот на буџетот.

„Владата  бараше брзо донесување на ребаланс на буџетот за изгласување на четвртиот пакет  мерки,  процедурата за тоа заврши во Собранието во четвртокот, на 22… денеска сме 27, а во текот на вчерашниот ден, во 20:50 часот, добивме информација дека ребалансот на буџетот е вратен од Влада во Собрание. Значи пет работни дена за пет или осум амандмани за нешто за што ја убедуваат македонската јавност дека се брза, дека Собранието и опозицијата се кочничари“, нагласи Мицевски.

Тој додаде дека сите пратеници се сведоци, дури и тој самиот е сведок на десет буџети, најмалку десет ребаланси  кои се имаат донесено во ва Собрание. Тој кажа дека Владата работела дур и во текот на викендите и веднаш ги враќала во Собрание за да има три дена за да ги разгледаат пратениците.

„Јас повеќе реагирам на работата на Владата, којашто доцни со донесување на ребалансот, а од друга страна на јавноста ѝ укажува дека брзаме да ги фатиме последните денови од октомври за да можат мерките од четвртиот сет да важат“, истакна Мицевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија3 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа5 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија6 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија6 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија7 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт9 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет9 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет11 час

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија11 час

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука13 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија13 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија13 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија14 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија15 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион15 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион15 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет16 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет16 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа16 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Досие