Контакт

Економија

Општина Аеродром го изгласа буџетот за 2020 година

Објавено пред

Советот на Општина Аеродром на последната седница го изгласа буџетот за 2020 година во износ од речиси 22 милиона евра.

Градоначалникот Златко Марин во образложението на новиот буџет посочи дека Општина Аеродром во 2020 година ќе се фокусира на подобрување на условите во образованието, спортот, грижата за младите и за ранливите категории.

Во буџетот се предвидени средства за изградба на нова детска градинка, за проширување на капацитетите на ООУ „Лазо Ангеловски“ со 4 нови училници и за реконструкција на спортската сала во ООУ „Димитар Македонски“. Во сите училишта ќе се постават фотоволтаици како еколошки извори на енергија и ќе се санираат објектите на училиштата и градинките, а во две училишта ќе се изградат лифтови за деца со посебни потреби. Исто така, ќе се набават паметни табли и друга современа ИКТ-опрема за сите училишта, спортска облека за учениците од спортските клубови во сите училишта и нова опрема за спортските сали. Во 2020 година ќе се изградат и 20 нови детски игралишта.

Субвенциите за новороденчиња ќе се зголемат од 5.000 на 8.000 денари, за секое прваче ќе се доделуваат по 3.500 денари, за најдобрите спортисти по 10.000, а ќе се покријат трошоците за обезбедување на училиштата и за ученичките униформи. Уште една новина што ќе се воведе во 2020 година е доделување субвенции за топол оброк за сите ученици. Финансиски ќе се поддржат здруженијата на граѓани за проекти што ја поттикнуваат грижата за животната средина и за социјално згрижување деца, а ќе се ангажираат и асистенти за ученици со посебни образовни потреби и асистенти по физичко образование за ученици од трето до петто одделение.

Една од главните ставки предвидени во буџетот в година е заштита на животната средина и повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, за што се обезбедени дополнителни 27,7 милиони денари. Притоа, ќе се продолжи и со доделување субвенции за велосипеди, инвертер-клими и за чистење оџаци, како и за обнова на блоковското зеленило. Исто така, во програмата за паркови и зеленило се предвидени средства од 70 милиони за изградба на три нови парка во Мичурин, Стар Аеродром и во Острово.

Во делот на инфраструктурата во буџетот се испланирани средства за санирање на сервисните улици во урбаниот дел, за довршување на комуналната инфраструктура околу новите згради и за изградба на нови пристапни улици, за поставување нови линии за осветление, за реконструкција на краците на водоводната мрежа во Долно Лисиче и на фекалната канализација во Горно Лисиче, како и за нова атмосферска канализација.

За увид на јавноста, буџетот е достапен на официјалната веб-страница на Општинатa.

Економија

Деспотовски: Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании

Објавено пред

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, беше во посетата на компанијата „Нетам“ во рамки на кампањата „Создаваме успешни приказни“, која Фондот ја стартуваше со цел презентација на резултатите и ефектите од финансиската поддршка на домашните компании преку своите инструменти.

Оваа текстилна компанија од с.Марино во близина на Скопје работи на спроведување на проектот „Изработка на изолациони градежни материјали од текстилен отпад“ преку кој се собира, рециклира и преработува текстилниот отпад и се изработуваат производи како изолациски  панели, ролни, геотекстил и други изолациски материјали кои потоа се употребуваат во градежништвото. Преку иновативниот пристап на преработка и пренамена на отпадот со овој проект се намалуваат и количините на текстилен отпад кој завршува на депониите со што се дава значителен придонес кон зачувувањето на животната средина заради неговата неразградливост и штетните последици од негово согорување или складирање.

„Овде гледаме дека се работи за конкретни резултати од конкретни мерки. Она што ме радува е дека покрај ефектите за економијата проектите кои имаат финансиска поддршка од Фондот имаат и друга додадена вредност. Проектот на Нетам е пример како може еден горлив проблем, како овој со отпадот, да добие додадена еколошка вредност и е доказ дека вложувањето и поддршката на домашните компании, преку инструментите на Фондот создава успешни приказни и проекти. Ако ги сумираме резултатите од изминативе две и пол години навистина можеме да зборуваме за пресврт. Оваа компанија е една од 314 кои се финансирани преку инструментите на Фондот со што значително е зголемен опфатот на поддржани домашни. Ако во 2017 година во портфолиото на Фондот имаше само триесетина компании со вкупна поддршка од околу 1 милион евра, во моментов зборуваме за проекти се со вредност од 57 милиони евра, што значи дека поддршката од ФИТР кон компаниите е зголемена за над 50 пати“, изјави Деспотовски.

„Нетам“ воведе нова производна линија која е дело на развојниот тим компанијата, со примена на иновативен пристап во процесот на преработка на текстилниот отпад и производство на нови производи наменети за продажба на домашниот и странските пазари.

„Станува збор за проект со вкупна вредност од 120.000 евра од кои 30 % се наш влог, а останатите 70% се поддршка од Фондот. Нашата главна цел беше да најдеме начин за рециклирање на отпадот кој се јавува од нашето производство. Само кај нас минимум 15 % од производството отпаѓа на отпаден материјал, кој е непогоден за понатамошна нормална употреба, што претставува голем проблем и за нашата фабрика, но е и општествено значаен проблем. Морам да потенцирам дека немаше да успееме да го реализираме ова без поддршката од ФИТР. Нашиот производ треба да биде биде замена на изолациските материјали коишто се користат и се увезуваат од надвор. Реализацијата на овој проект ни е мотивација да работиме на развој и на други производи од текстилен отпад, но верувам дека ќе поттикнеме развој на еколошката свест при работењето и кај други компании“, изјави Драган Коцевски, директор на „Нетам“.
Инаку, компанијата „Нетам“, која сега брои над 50 вработени, преку овој проект отвори и нови работни места со просечна плата над 30% во дејноста.

„По две и пол години водење силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките и тоа преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средства и преку помошта која ја обезбедивме за домашните компании. Како потврда на тоа се бројките кои велат дека само во третиот квартал на 2019 година невработеноста е намалена на рекордно ниски 17,1%, а направивме и економски пресврт: БДП од минус 1,8 за две и пол години достигна просечна вредност од 3,6%. Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании“, нагласи Деспотовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Горивата поевтинуваат

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 изнесува 67,5 денари за литар додека на еуросупер БС-98 изнесува 69,5 денари за литар.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за еден денар на 60, односно 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,490 денари на 36,395 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Николовски: Шампиони сме во регионот на рекордна искористеност на европските средства од ИПАРД

Објавено пред

Горд сум што бев дел од министерството за земјоделство во период кога се донесоа клучни промени и земјоделците без разлика на партиска припадност, неселективно сите ги добиваа субвенциите навремено. –истакна генералниот секретар Николовски, на новинарско прашање во врска со исплатата на субвенциите на земјоделците во иднина, при неговата посета во Прилеп и прилепскиот регион.

Тој истакна дека законите и календарот на исплата строго се почитуваат и земјоделците може да очекуваат исплата на субвенциите за нивните производи.

Во делот на тутунопроизводството, оваа година можеме да очекуваме рекордна исплата на субвенциите од 32.5 милиони евра, а ако споредиме со исплатата од пред три години од 25 милиони евра ќе видиме значителна разлика. –посочи Николовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Поранешни вработени во „Охис“: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката „Охис“ тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ7 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија7 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија9 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија10 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија10 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија11 час

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија11 час

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија11 час

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет11 час

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија12 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија13 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет13 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет14 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет14 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет14 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет15 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет15 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт24 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт1 ден

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Досие