Контакт

Економија

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Објавено пред

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференцијата на која присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Фазлиу, рече дека секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51 процент од пријавените обврски. Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот.

„Средствата кои ќе се доделат на единиците на локалната самоуправа како финансиска поддршка се строго наменски и неповратни. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството“, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.

„Преоптимистичкото планирање на приходите е една од причините поради кои општините креираа неизмирени обврски во претходните години. Со предлог-измените на Законот се воведува ограничување при планирање на сопствените приходи на основниот буџет на општините, во смисла истите да може да се планираат со пораст од најмногу 10 проценти од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција. Во однос на истото се предвидени исклучоци само доколку општината има обезбедено потврда за трансфер на средства од соодветна институција за реализација на проекти во општината“, појасни Тевдовски.

Заклучно со 30 септември годинава, како што додаде министерот, електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени доспеани, а неплатени обврски, во износ од 18,817 милијарди денари. Ова е за 3,527 милијарди денари помалку во однос на обврските пријавени со пресечен датум 31 мај 2017 година.

„Намалувањето се должи на намалувањето на неплатените обврски кај буџетските корисници на национално ниво во износ од 3,6 милијарди денари во споредба со мај 2017 година“, рече министерот за финансии.

Министерот за локална самоуправа истакна дека со денешната одлука на владината седница решава проблем со кој се соочува речиси секоја општина во Македонија. Тој додаде дека од општините ќе се бара и да ја зголемат транспарентноста. Тие ќе мора да испратат и детали за доверителите на кои ќе им се исплатат средствата.

„Општините сопствените приходи може да ги планираат до најмногу 10 проценти од просечните приходи во последните 3 години, ова би значело дека општината ќе може да го надмине максималниот износ од планирани приходи само доколку има обезбедено потврда за трансфер на средства. Доколку буџетот на општината не е изготвен во согласност со овие измени, истиот нема да биде впишан во трезорот на Министерството за финансии“, истакна министерот Фазлиу во своето обраќање.

 

Економија

Одржана првата работилница за соларни системи на „Солар Македонија“ поддржана од УСАИД

Објавено пред

Здружението за сончева енергија „Солар Македонија“ ја одржа првата работилница за претставување на новите услуги кон нејзините членки со цел подигнување на економската активност во секторот. Покрај презентацијата на обуките за соларни инсталери кои „Солар Македонија“ ги нуди на своите членки, на настанот се одржа и панел-дискусија на којашто се актуелизираа проблемите со кои соларниот сектор во Македонија се соочува.

Во дискусијата беа вклучени и претставници од Министерството за економија, кои имаа можност да слушнат за искуствата на приватниот сектор директно од претставниците на присутните компании членки на „Солар Македонија“.

„Соларната енергија во Македонија е многу малку искористена, што е особено загрижувачки имајќи  предвид колку сончеви денови има во нашиот регион. Ова се должи на неколку проблеми во секторот, проблеми на чие решавање ‘Солар Македонија’ ќе работи преку грантот доделен од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем”, изјави претседателот на организацијата, Илија Насов.

Како главно решение кое „Солар Македонија“ го понуди на нејзините компаниите членки се обуките за работна сила кои ќе ја зголемат професионалноста на соларните инсталери и ќе ја зголемат довербата на потрошувачите. Дополнително, здружението ќе земе активно учество во лобирање со цел решавање на системските проблеми на секторот, како што се: грешно дизајнираните шеми за субвенционирање на термални ситеми, како и царините за компоненти кои ги оптоваруваат домашните производители на панели.

Обуките и лобирањето здружението ги организира како активности од проектот „Подобрување на вештините, производството и вработувањата во македонските микро, мали и средни претпријатија (ММСП) кои работат со сончева енергија и опрема“, поддржан преку грант од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Започнат во 2018 година, Проектот на УСАИД работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг-центри и компании во делот на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за поддршка на ММСП. Проектот исто така соработува и со финансиски институции за зголемување на финансирањето достапно за ММСП. Нивната соработка со „Солар Македонија“ се заснова на поддршка на бизнис-организациите (асоцијации, здруженија, комори и бизнис-центри) како важни чинители во подигнувањето на продуктивноста и приходите на приватниот сектор во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев: Младите да го искористат моментот на прогрес и да преземат иницијативи за сопствен бизнис

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во Софија присуствуваше на стартап-самитот во организација на Европската Унија, а под покровителство на комесарката за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

Како што информираат од владината прес-служба, Заев се обратил на првата панел-дискусија на самитот за важноста од поттикнување на дигитализацијата и создавање услови за развој на иновативноста и стартап-бизниси во Западен Балкан.

„Земјите од Западен Балкан имаат потенцијал да го фатат моментот за прогрес, посебно младите генерации, преку можностите што ги нудат нашите отворени општества преку дигиталното интернет-поврзување да ги пренесат модерните напредни искуства од светот во нашиот регион. Сите овие аспекти на технолошки развој и иновации се опфатени и во образовниот процес бидејќи е важно младите генерации да го добијат потребното знаење и да бидат мотивирани. Нашите влади изнаоѓаат можности како уште поинтензивно да ги поддржат иновациите, технолошкиот развој, стартап-бизнисите, за да се поттикне и забрза иновативниот процес на размислување“, истакнал Заев.

Премиерот посочил дека македонската Влада поддржала отворање три бизнис-акцелератори за нови стартап-бизниси и посочил дека практичното искуство и позитивните примери на успешни стартап-компании се мотив за сите млади луѓе да размислуваат креативно, да подготвуваат проекти и да преземат иницијативи за сопствен бизнис.

На овој панел со Заев дебатирале и премиерите на Црна Гора и Република Србија, Душко Марковиќ и Ана Брнабиќ, а свои воведни обраќања имале и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и комесарката за дигитална економија и општество во Европската комисија, Марија Габриел, како домаќини на самитот.

Заев во Софија е придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

Во рамките на одржувањето на Startup Europe Summit 2018 министерот Манчевски остварил средба со комесарката за дигитална економија и општество во ЕК, Марија Габриел, на која разговарале за научно-технолошкиот парк, кој до крајот на годината треба да се отвори во Скопје, како и за можноста Македонија да биде домаќин на првата регионална академија за сајбер-безбедност за земјите од Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Економија

Кинески производител на автомобили планира продажба во САД

Објавено пред

Кинескиот производител на автомобили „Зотје авто“ планира во 2020 година да почне со продажба на возила во САД.

„Зотје“ најави дека ќе работи со американскиот партнер, фирмата HAAH Automotive Holdings. Двете компании во заедничко соопштение наведоа дека првиот модел за американскиот пазар ќе биде теренско возило, но не се објавени дополнителни детали, пренесе агенцијата АП.

Со ова „Зотје“ им се придружи на кинеските производители на автомобили кои изразија амбиција да влезат на американскиот пазар.

Оваа приватна компанија, чие седиште се наоѓа во Хангџоу, југозападно од Шангај, исто така развива електрични возила за „Форд“ наменети за кинескиот пазар.

Американската агенција додава дека „Генерал моторс“ и шведската компанија „Волво“ во САД увезуваат возила произведени во Кина и дека кинескиот производител BID Auto продава автобуси за американските транспортни компании.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија13 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија13 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија15 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија17 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија17 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија17 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија19 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија19 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија19 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија19 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија20 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток20 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија21 час

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа22 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија23 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија23 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија2 дена

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Досие