Контакт

Економија

Османи: Северна Македонија ќе се промовира како економски и политички бренд

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го презентира новиот концепт на економската дипломатија, кој произлегува од предвидените приоритети на мандатната мисија.

„Економската дипломатија претставува важен дел од надворешната политика на земјата и треба да биде обновена, да биде засилена и да биде издигната како еден од клучните приоритети на државата. Како што најавивме, изготвивме проект за ревитализација на економската дипломатија – предлог кој потоа беше претставен и усвоен од страна на Владата и од денес почнува неговата реализација“, истакна Османи додавајќи дека новиот концепт на економска дипломатија ќе се базира врз издржана, јасна и прецизна стратегија за економските односи со странство.

Како што најави Османи, во претстојниот период ќе се направат анализи врз основа на извозните потенцијали, расположливата работна сила, капацитетите, земјиштето и другите ресурси за странски инвестиции, ќе се дефинираат содржинските и географските цели на економската дипломатија, најавувајќи го притоа таканаречениот tailor-made-пристап – приспособен за секоја земја и регион.

Османи посочи дека економски профилирани кадри – економски советници, ќе се упатуваат во оние земји каде што има реален потенцијал за зголемување на економската соработка: земји со најголем потенцијал за инвестирање, земји што географски се блиски или имаат изразен економско-географски интерес, земји со потенцијални туристи итн.

„Задачата на економските советници ќе биде да ја направат Република Северна Македонија привлечна дестинација за странски инвестиции, промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација и воопшто промоција на земј ата, како економски и политички бренд, кој претставува дел од современото општество“, нагласи Османиистакнувајќи дека интенцијата на новата Влада е овој мандат да биде посветен на економијата и на економскиот раст.

Османи истакна дека е планирано во првата фаза, или во текот на 2021 година, врз основа на експертска анализа да бидат таргетираат неколку европски и неколку воневропски земји со најголем потенцијал за соработка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Битиќи: Природниот гас ќе придонесе за заштита на животната средина и поголема конкурентност на економијата

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со директорот на АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа, како и гасното поврзување со Грција и другите соседни земји.

Вицепремиерот нагласи дека се продолжува со процесот за избор на компанија, која по принцип на јавно-приватно партнерство би го градела, одржувала и управувала дистрибутивниот систем.

„На овој начин истовремено би се работело на изградба и ставање во функција на примарната и секундарната гасоводна мрежа, а крајна цел е граѓаните и компаниите да добијат диверзифицирани можности за снабдување со енергенси, а со користењето на природниот гас како енергенс би се придонело за заштита на животната средина, заштеда на финансиски средства и поголема кокурентност на компаниите“, посочи Битиќи.

Вицепремиерот и директорот на НЕР зборуваа и за плановите за изградба на интерконективниот гасовод со Република Грција, со кој ќе се диверзифицираат и изворите за снабдување на земјата со природен гас.

„Со ова, освен досегашната конекција со Република Бугарија, ќе се добие уште еден извор за снабдување на земјата со природен гас, а воедно ќе ја позиционира Северна Македонија како регионален хаб за природен гас, кој потоа може да се дистрибуира во некоја од соседните земји“, беше посочено на средбата.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Реџепи ги истакнаа своите споделени намери процесот на гасификација да се реализира со најбрза можна динамика, при што се согласија континуирано и заеднички да ги следат сите тековни процеси и да работат на ефикасна реализација на проектите што се планирани.

Прикажи повеќе...

Економија

Toyota Yaris – нова енергија што не ти дава да застанеш

Објавено пред

Уникатен и препознатлив, новиот Toyota Yaris е најдобриот избор за сите оние кои се во потрага по компактен, удобен, моќен и безбеден автомобил. Четвртата генерација на Yaris одлично се вклопува во урбаниот начин на живеење, но ќе ви понуди и максимално уживање при возење на отворен пат.

Комплетно нов, модерен и динамичен надворешен изглед. Дизајниран со страст кон животот и љубов кон возењето. Чистиот и минималистички дизајн во внатрешноста ги држи вашите раце на управувачот, а очите секогаш на патот.

Компактен однадвор, комфорен одвнатре – новиот Yaris ќе ви понуди простор за максимално уживање каде и да одите. А паркирањето на возилото и снаоѓањето низ тесните градски улички никогаш нема да ви биде полесно. Има најмал радиус на вртење во класата од само 9,8 метри.

Оваа генерација на Yaris на македонскиот пазар ќе биде достапна со два бензински мотори како и еден хибриден мотор од четвртата генерација, со кој ќе уживате во возењето на струја дури 80% од времето поминато во градски метеж. Што и да одберете, бидете сигурни дека сте одбрале моќни перформанси и ниска потрошувачка на гориво.

Богати пакети на опремасо промотивни цени почнувајќи од 12.490 Евра, како и можност за избор на двобојна каросерија за уште поголема атрактивност во изгледот на возилото.

Земајќи ја во предвид неговата препознатливост како лидер во сегментот кога станува збор за безбедноста, новата генерација на Yaris повторно ги поместува безбедносните стандарди. Безбедносниот пакет Toyota Safety Sense, како и централното воздушно перниче, кое за прв пат е претставено во овој сегмент на возила, се дел од неговата стандардна опрема. Потврда за безбедноста на ова возило е и наградата “SafetyBest” доделена од страна на реномираното жири на “AutoBest”.

Гаранцијата од 6 години или 200.000 Км, ќе ви овозможи да се чувствувате сигурно и релаксирано, знаејќи дека компанијата секогаш и секаде е ваша поддршка. За сите оние кои ќе го одберат финансирањето при купување на возилото во понуда е атрактивна каматна стапка од само 4,5% (3,75% за хибридниот модел).

Toyota Yaris е автомобил кој што ќе ве истакне вас и вашиот уникатен карактер во метежот од автомобили во градот. Кога имаш енергија да продолжиш понатаму, тогаш зошто да застанеш?

За повеќе информации за новиот Toyota Yaris, погледете го видеото за моделот или посетете го салонот на Toyota Авто Центар.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев на отворањето на „Интернационал фреш фуд“: Првпат во земјата ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо

Објавено пред

„Сопственото производство на храна е од голема важност за секоја држава. Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот го покажа тоа. Во таа насока се и заложбите на Владата во создавање што поповолни услови за земјоделско-сточарското производство“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернационал фреш фуд“ во селото Гиновци, општина Ранковце.

Станува збор за инвестиција по највисоки европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали во целата држава.

„Прват во земјата ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјата, што во моментот изнесува 95 % од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за да извезуваме надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите, кој имавме можност да го слушнеме, е создавање затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица, па сè до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во нашата татковина, во повеќе региони. Освен тука во Гиновце и во Врапчиште – Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање повеќе од 3.000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали“, изјави премиерот Заев.

Заев ги охрабри инвеститорите да ги следат трендовите, да ги искористат ресурсите што ги имаме во земјата бидејќи имаме потенцијал за развој во повеќе сектори на производи и услуги со повисока додадена вредност, подготвени за извоз.

На отворањето на новата инвестиција беа присутни и Љупчо Николоски, заменик на претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Артан Груби, прв заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, и Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Абдулезел Догани од „Интернационал фреш фуд“ истакна дека, покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјата, ќе се зголеми и извозот на странските пазари земајќи предвид дека еден од партнерите на инвестицијата е носител на франшизата за КФЦ за балканските земји, што претставува основа за пласман на производите за КФЦ не само на Балканот туку и во Европа.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Владата со сите инволвирани институции како на централно така и на локално ниво, која во нашиот конзорциум препозна свој доверлив партнер и одговорна компанија. Благодарност за поддршката во насока на подобрување на конкурентноста на домашниот, но и на меѓународните пазари, што резултира нашите македонски производи да бидат препознатливи и синоним за квалитет“, изјави Догани.

Севкупно планираната инвестиција за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија2 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија3 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија5 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ7 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија7 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија8 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет8 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет8 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија19 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија20 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија21 час

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет22 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен22 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија1 ден

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие