Контакт

Економија

Падна цената на нафтата

Објавено пред

Цената на нафтата синоќа на светските пазари се намали поради зголеменото снабдување од Саудиска Арабија и Русија и забавениот економски раст во Азија. На лондонскиот пазар цената за барел падна за 53 центи и изнесува 78,7 долари. Во Њујорк еден барел се тргува по речиси непроменета цена од 74, 1 долари.

Инаку, американскиот претседател, Доналд Трамп, во саботата објави на „Твитер“ дека саудискиот крал Салман бин Абдулази ал Сауд се согласил да произведува повеќе нафта можеби и до два милиони барели, иако Белата куќа подоцна ја повлече ваквата изјава.

Барањата за зголемување на производството се резултат на загриженоста за снабдување со оглед на нарушеното производство во Канада, Венецуела и Либија и очекуваното намалување на иранскиот извоз поради американските санкции.

Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) не објави податоци за цената на барелот на крајот на минатата недела. Минатата среда изнесуваше 74, 31 долар.

Економија

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Објавено пред

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои се погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот. Ним ќе им биде исплатена финансиска помош за април и мај 2020 година.

„Оваа уредба е за нашите сограѓани занаетчии и вршители на самостојни дејности, кои исто така ги чувствуваат последиците“, рече премиерот Оливер Спасовски.

Финансиската поддршка на физичко лице што врши самостојна дејност опфатени со оваа уредба ќе се спроведува преку владината програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице е барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за април и мај 2020 година.

Финансиската поддршка е исплата на финансиски средства за април и мај 2020 година во износ најмногу до 14.500 денари месечно.

И за оваа мерка сите услови за стекнување право на користење на поволностите ќе бидат објавени во уредбата што ќе се публикува во „Службен весник“ и на веб-страницата на Владата.

Спасовски најави дека за сите наредни уредби за другите економски мерки ќе известува одделно.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Објавено пред

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен, никој нема да биде изоставен, изјави премиерот Оливер Спасовски. Ова е дел од вториот пакет-мерки, кои ги донесе Владата за финансиска поддршка на работодавците од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19.

„Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен за април и мај од сите фирми погодени од кризата“, рече Спасовски.

Тој рече дека дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за овие мерки и дека ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и речиси 35.000 компании. Сумата што ќе ја добие секој работник за двата месеца, април и мај, изнесува 29.000 денари, речиси 500 евра, односно по 14.500 денари месечно.

Доколку работник бил ангажиран за полно работно време, ќе му биде исплатен целиот предвиден износ во согласност со оваа мерка, односно 14.500 денари, а доколку бил ангажиран со скратено работно време, ќе му биде исплатен сразмерен износ.

Работодавецот барател на финансиска поддршка треба да поднесе барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците до Управата за јавни приходи, која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците за барањето за финансиска поддршка.

Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5 во месецот за претходниот месец. Комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.

Сите информации за тоа кои компании ќе имаат право на користење на придобивките од оваа мерка, како и оние што не се опфатени со оваа финансиска поддршка, ќе бидат наведени во уредбата што ќе биде објавена во рок од еден ден во „Службен весник“, како и на веб-страницата на Владата.

Износот на финансиска поддршка ќе се исплатува до 13 во месецот за претходниот месец.

Уредбата утврдува дека работодавецот што користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со каматата за јавните давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи или од страна на Државниот инспекторат за труд се утврди дека работодавецот не ги исполнил условите за стекнување право за користење оваа мерка.

За времетраење на финансиската поддршка во согласност со оваа уредба и четири месеци по нејзиното престанување (заклучно со септември 2020 година), работодавецот што користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени поради пензионирање или смрт на работник.

Бројот на вработени што работодавецот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи ги вклучува вработените на неопределено време, вработените на определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време.

Во согласност со оваа уредба работодавците што ќе го искористат правото на финансиска поддршка за исплата на плати имаат обврска примените финансиски средства да ги вратат во буџетот на Република Северна Македонија.

Како алтернатива на оваа мерка компаниите може за изберат да ја користат мерката за покривање 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени.

Тоа значи дека работодавците може да се одлучат да изберат финансиска поддршка за покривање половина од придонесите за своите вработени наместо 14.500 месечно нето-плата за вработен за април и мај.

За таа цел ја донесовме уредбата со законска сила за субвенционирање исплата на придонеси од задолжителното социјално осигурување за време на вонредна состојба.

Уредбата се предлага како економска мерка со која ќе се даде финансиска поддршка за сервисирање на обврските за исплата на придонесите за задолжителното социјално осигурување, а поради намалената ликвидност кај бизнисите поради состојбата со коронавирусот.

Со уредбата се предвидува за секој вработен осигуреник за април и мај 2020 година да се субвенционираат придонесите за задолжителното социјално осигурување во висина од 50 отсто. Притоа пресметаната сума не може да биде повисока од 50 отсто од придонесите за задолжителното социјално осигурување пресметани на просечната бруто-плата за работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за јануари 2020 година.

Во уредбата се наведени условите што треба да бидат исполнети за користење оваа мерка.

Со мерката се очекува да бидат опфатени околу 20 отсто од осигурениците, односно околу 53.000 осигуреници за што се потребни 284.345.000 денари месечно, односно 568.690.000 за субвенционирање на придонесите за април и мај 2020 година.

„Сакам да напоменам уште еднаш дека оваа мерка е алтернатива на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари за април и мај. Не може да се користат двете мерки, туку само една по избор. Значи, за секој работник е обезбедена или плата од 14.500 денари месечно или покривање 50 отсто од придонесите“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

Објавено пред

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој не ја исклучи можноста од донесување уредба за замрзнување на кредитите доколку банките си го гледаат само својот интерес.

„Очекувам дека менаџментот на банките во овој момент нема да го гледаат само сопствениот интерес и профит, дека малку ќе погледнат и кон граѓаните и кон државата. Секако, ако тоа не се случува и ако јас и државата не гледаме дека тие сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со законска сила во секој момент може да биде донесена и да видиме што треба да направиме во банкарскиот систем“, рече премиерот Спасовски.

Во разговори со Народната банка и со комерцијалните банки, Спасовски вели заеднички нашле механизми за одложување на кредитите.

„Банкарскиот систем е стабилен и тоа е многу важно во оваа криза за секоја држава. Ние можеме да се пофалиме дека во регионот имаме еден од постабилните банкарски системи. Затоа, преземаме мерки кои ќе го одржат тој банкарски систем стабилен на ова ниво што е денеска и кое може да биде за помош на државата и на граѓаните. Понудени се неколку решенија, очекуваме да видиме какви ќе бидат ефектите“, рече Спасовски.

Некои од банките кај корисниците на нивните услуги испратија модел за одложување на кредитите до шест месеци, но сите известија дека за периодот во кој ќе бидат одолжени кредитите ќе се пресметува камата, иста како онаа во договорите.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вчера извести дека каматите не може да бидат простени или укинати токму поради одржување на стабилноста на банкарскиот систем.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија1 час

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија1 час

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија2 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија3 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ4 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет5 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет5 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија6 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија6 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија6 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион6 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет7 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија8 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет8 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава8 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет10 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија20 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија21 час

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија24 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Досие