Економија
Пад на „Волстрит“ седма недела по ред, инвеститорите стравуваат од рецесија

По големите осцилации на „Волстрит“, цените на акциите паднаа минатата недела, седми пат по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека поради високата инфлација, американската ФЕД агресивно ќе ги зголеми каматните стапки, што може да предизвика рецесија, објавија американските медиуми.
Пазарот е на игли бидејќи се очекуваат натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки на Федералните резерви на САД, што би можело да ја втурне економијата во рецесија, стои во анализите.
Бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, над 8 отсто, ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени од март и се очекува дополнително да ги зголеми за 0,50 процентни поени барем во следните две сесии, анализираат упатените.
Инвеститорите стравуваат дека поради тоа, но и поради војната во Украина и прекините во синџирите на снабдување, економијата би можела да западне во рецесија.
Аналитичарите на „Голдман Сакс“ според медиумите изјавиле дека има 35 отсто шанси за рецесија во следните две години, додека од инвестицискиот институт „Велс Фарго“ изјавиле дека очекуваат блага рецесија во американската економија кон крајот на оваа година и почетокот на следната година, според тамошните медиуми.
„Реалноста е дека инфлацијата е висока, а каматните стапки растат. Се додека стапката на инфлација не почне да се забавува, пазарот ќе биде многу нестабилен, што мислиме дека ќе се прошири во поголемиот дел од летните месеци“, изјавил Тери Сандвен, американски стратег.
И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела, но според анализите на медиумите тој пад беше многу поблаг отколку на „Волстрит“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Шпаркасе банка преку платформата Sparkasse Life– поддржувач на настани од културно значење

Од 1 до 3 јули во Дојран, по 12-ти пат се одржа музичкиот фестивал „Д Фестивал“, на кој учествуваа многубројни реномирани домашни и светски музички имиња, а Шпаркасе банка во согласност со својата стратегија за корпоративна општествена одговорност беше поддржувач на фестивалот во рамките на платформата Sparkasse Life.
За време на фестивалскиот викенд, тимот на Шпаркасе банка имаше можност да ја почувствува убавата фестивалска енергија и атмосфера, но и да се дружи со посетителите на фестивалот во забавниот Sparkasse Life корнер и да им ја пренесе силната порака да веруваат во себе и во своите креативни способности, да се надградуваат и да ја движат заедницата напред. Токму Банката, свесна за значењето на музичките настани како овој врз целокупниот културен живот во нашата земја, но и препознавајќи ја потребата од поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава, ја креираше платформата Sparkasse Life.
Преку платформата Sparkasse Life, Шпаркасе банка интензивно ќе поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и на тој начин силно ќе ги бодри младите луѓе, кои се иднината на оваа земја.
Јули е во знакот на Sparkasse Life, па освен „Д Фестивал“, Шпаркасе банка ќе даде поддршка и на уште две значајни културни манифестации: Фестивалот на европски филм Cinedays, кој ќе се одржи од 7 до 14 јули, и фестивалот Охридско лето, кој ќе се одржи од 12 јули до 20 август во Охрид.
Освен активности поврзани со музика, концерти, културни настани и развој на уметноста, платформата „Sparkasse Life“ вклучува и активности поврзани со заштита на животната средина, спортски настани, промоција на навики за водење здрав живот и поддршка на спортот и младите таленти. Понатаму, содржани се сите сегменти што се од најразлични области на живеење, а се однесуваат на образование, здравство, ранливи и маргинализирани групи, како и донациите и активностите во сите споменати области.
Банката останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, па затоа ги охрабрува сите да бидат мотивирани и секогаш да посакуваат нешто подобро за себе, да бараат додадена вредност и квалитетна услуга и секогаш мудро да одбираат! Да веруваат во себе затоа што имаат банка што верува во нив.
ПР-текст
Економија
Ребалансот на буџетот помина во Комисијата за финансирање и буџет, соопшти Министерството

Дваесет и пет милиони денари дополнителни средства во здравството, животната средина, инфраструктурата се обезбедуваат со дополнетиот ребаланс на буџетот за 2022 година, што го усвои Владата на седница денеска, а треба да се достави во Собранието на усвојување. Средствата се обезбедени преку прифаќање на амандманите во текот на комисиската расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет по предлог ребалансот на буџетот за 2022 година. Со нив меѓу другото се решава трајно проблемот со индустриската депонија во Југохром, се обезбедуваат средства за мамографи за болниците во Струмица и Неготино, прочистување на коритото на реките Вардар и Треска, реконструкција на Мороишки мост и изградба на кружен тек, проектна документација за културниот дом Чегране и друго, информираат од Министерството за финансии.
Ребалансот на буџетот за 2022 година е одговор на кризата, односно се овозможува дополнителна интервенција за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите до крајот на годината, во услови на продолжена енергетска и ценовна криза.
Со измените и дополнувањата на буџетот за 2022 година вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на иницијалните проекции на буџетот или 2,9 %. Вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или повисоко за 5,9%, односно за околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП.
Со ребалансот се обезбедуваат 19 милијарди денари повеќе во ставки кои се однесуваат на имплементирање на економските мерки за поддршка на граѓаните и економијата. Меѓу нив се дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, 3,2 милијарди денари за поддршка на земјоделскиот сектор, 2,4 милијарди денари за гарантиран минимален приход, повеќе средства за предвидениот раст на пензиите, за платите во образование и детска заштита, како и за поддршка на компаниите за субвенционирање на придонесите за минималната плата.
Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,1 милијарди денари, при што се планирани инвестиции во реконструкции и модернизациии со опрема кај јавните здравствени установи, капитални инвестиции во областа на образованието, детската и социјалната заштита, во областа на патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во областа на одбраната и безбедноста, како и зголемен износ на средства за рурален развој, односно хидро системи, водоснабдителни и канализациски системи, останата водостопанска инфраструктура.
Економскиот раст во 2022 година е проектиран на 3,2%, придвижен од домашната потрошувачка, која се очекува да забележи раст од 3,3 %. Бруто-инвестициите се очекува да имаат раст од 5%, при што покрај капиталните буџетски расходи, соодветен придонес се очекува и од приватните инвестиции, појаснуваат од Министерството.
Економија
Парк со големина на Плоштадот Македонија ќе го збогати духот на Скопје

Во склоп на комплексот „Гранд Скопје“ се предвидува и нов урбан парк сличен на парковите во светските метрополи, најавува компанијата МГ Фешн која го гради современиот станбено-деловен комплекс „Гранд Скопје“ лоциран спроти хотелот „Холидеј ин“.
Како што посочија од МГ Фешн, компанијата е подготвена да ја реализира оваа капитална инвестиција како донација за градот и понуди соработка со Општина Центар за уредување на овој простор со разновидно парковско зеленило по примерот на светските уредени урбани паркови и простори огородени со современа фонтана и урбана смарт опрема.
Паркот е предвиден на површина од близу 7.500 м2, што е приближна големина на Плоштадот Македонија, а истиот ќе претставува отворен јавен простор во којшто ќе може да уживаат сите граѓани.
„Бенефициите од изградбата на паркот секојдневно ќе ги уживаат не само жителите на ‘Гранд Скопје’, туку и сите жители на Скопје, но и пошироко, бидејќи нашата цел е овој парк, како и целиот комплекс, да прерасне во ново обележје на градот. За идните станари пак, паркот претставува исклучителна предност бидејќи ќе имаат можност својата иднина да ја градат во урбан зелен комплекс изграден по светски стандарди, и тоа во срцето на градот“, изјавија од компанијата.
Визијата на инвеститорот МГ Фешн е центарот на Скопје за прв пат да добие модерен јавен парк каков што заслужува, облагороден со бројни квалитетни содржини од отворен карактер кои ќе го збогатат живеењето во главниот град.
Во таа насока, во рамки на комплексот „Гранд Скопје“ во централниот дел ќе биде изградена и модерна шопинг галерија која ќе биде поврзана со паркот и која на посетителите ќе им овозможи дополнителни придобивки, како достапност до бројни кафетерии и ресторани, отворен шопинг простор, содржини за деца итн.
ПР-текст